Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Во Лажец не си велат ниту добар ден

Проблемот со џамијата во ова битолско село иако со години се провлекува како верски и политички, есенва стана и образовен. Две недели Македонците не ги праќаа децата на училиште

БИТОЛА - Напнатост, незадоволство, разочараност, мачна атмосфера завладеале во пограничното село Лажец. Ова се случува откако Советот на Општина Битола пред еден месец одлучи да се гради џамија на влезот од селото. Македонците и Албанците во Лажец престанале да комуницираат, а како ��то самите велат, немаат веќе ниту лав ниту муабет. Во Лажец има безброј невидливи граници, кои селаните сами ги поставиле и доследно ги почитуваат од оваа или од онаа страна. Во селото има две продавници, едната за Македонците, а другата за Албанците. Ниту за леб не се прекршуваат правилата. Сепак, и двете страни се согласуваат во едно, политиката е виновна за нарушување на соживотот. Ниту еднаш власта не се обидела да ги седне на маса двете страни и да се најде компромисно решение. Напротив, одлуките ги диригира Владата, велат мештаните.

Меѓу триста жители на ова погранично село, Македонците се само за десетина побројни од Албанците. Таму е тешко да се најде човек што ќе каже дека избраната локација за џамија е вистинското решение за продолжување на соживотот и толеранцијата во етнички поделеното Лажец. Додека Македонците јавно го манифестираат незадоволството, Албанците од Лажец велат дека ако продолжи вака, во селото ќе останат повеќе крави од луѓе.

„Ние сме селани. Што се разбираме од политика? Има умни глави во Владата, тие нека кажат. Нам ни треба џамија“, нагласува 84-годишниот Демир Таировски додека ги водеше кравите на пасење.

Жителите Македонци се со јасен став дека ако не се преиначи одлуката на Советот, ќе бараат азил во соседна Грција. Решени се да ги напуштат родните огништа, да ги продадат нивите и стоката и да побараат засолниште во туѓа држава. Македонците не се против изградба на џамија во селото за што предложиле неколку локации, но се противат објектот да никне на влезот од Лажец, и тоа среде куќите на Македонците.

„Џамијата ќе ја градат на шест метри од мојата куќа, а албанските куќи се на триста метри. Значи оџата четири пати на ден ќе ми пее над глава. За тоа ли се вратив од Америка и за тоа ли сите пари со брат ми ги донесовме овде во Македонија?“, растревожено зборува Васил Танчевски. Тој по дваесет години гурбет во Њу Џерси, се вратил во родното Лажец, изградил нова куќа и вложил во бизнис, надевајќи се на подобар живот во родната земја.

Заканите за политички азил во Грција според Македонците од Лажец, имаат голема тежина. Со изградба на џамија на самиот почеток на селото не само што се губи христијанскиот предзнак на овој крај туку, како што велат, се остварува замислата на фанатиците за Голема Албанија.

„Заканите за азил во Грција или во некоја друга европска земја не се шега. Оваа одлука на битолскиот Совет ги отвори раните што ги лекувавме со нашите соселани Албанци со години. Не само за Грција. За азил разговаравме и со претставник на ОБСЕ од Германија, од канцеларијата во Тетово, таа се согласи да помогне. Ќе тропнеме и на вратите на странските претставништва во Македонија и ќе им го објасниме нашиот проблем“, вели Орце Дандушевски, претседател на МЗ во селото Лажец.

Револтирани од последните настани, Македонците од Лажец објаснуваат дека нивното село во последната деценија останало единственото место во пограничниот појас со Грција каде што доминира христијанско население. Во останатите погранични села, како што се Граешница, Жабени, Кременица, Албанците се далеку побројни од Македонците, но таму не бараат џамија.

„Ќе зборувам само за факти. Албанците бараат џамија само во селата по должина на границата со Грција и таму претежно се населуваат и купуваат имоти. Изградија џамија во Меџитлија и во Кишава. Сега единствено им преостанува да го направат тоа и во Лажец. Ние сме на средината од оваа линија. Ова е добро смилена стратегија. Континуирано вршат притисок врз нас да ги напуштиме родните огништа. Тие сакаат чиста територија, ја сакаат границата, за потоа да стигнат и до градот. Сакаат џамијата да се гледа уште од Грција. Знаете ли што ќе значи тоа за нашата држава? Кој ќе биде впечатокот на тие што ќе влегуваат во Македонија од Грција, дека ова е муслимански крај? Тука се работи за големи игри со кои ние како обични луѓе тешко ќе можеме да се справиме без помош од државата. Политичарите ветуваат само пред избори, а откако ќе станат власт, забораваат на гласачите“, вели револтирано Пеце Дандушевски додека со свои соселани Македонци разговараат на истата тема пред селската продавница.

Ваквите размислувања и стравувања Македонците од Лажец во три наврати ги отвориле и на средбите со премиерот Никола Груевски. „И на последната средба со Груевски во мај годинава јасно му ги кажавме намерите и му ја објаснивме ситуацијата. Предочивме дека ова што се прави со Лажец и околните села е истата работа што се случи со Тетово, Гостивар и во Дебар. Премиерот само одговори дека и тие се луѓе. Ние имаме согласност за изградба на џамијата. Каква согласност кога нас никој не не' прашува“, потсетува Васил Поповски, жител на Лажец.

Додека се бара виновникот за ситуацијата во Лажец пред селската продавница, младиот Стеван Туневски само кусо кажа дека му е смачено и од кавги и од политика, па затоа заминува за Австралија.

За две недели од Лажец се иселуваат две семејства со четири малолетни деца, едните за Америка, а другите за Австралија.

„Тука повеќе нема живот. Сите сме разочарани. Ќе заминам во Мелбурн. Од деца живееме со Албанците. За свадби се каневеме, ама сега не сакаме ни да се видиме. На што дојдовме? Најмногу сме разочарани од власта. Тие од власта излегоа предавници. Им верувавме на ветувањата“, вели Туневски.

На само двесте метри од продавницата во која пазарат Македонците од Лажец, на главниот пат што минува низ селото е лоциран и вториот колонијал, во кој пазаруваат само Албанци. Две жени веднаш предупредуваат, немојте да снимате оти после ќе имаме проблеми. Повозрасната, сепак, зборува.

„Што да ви кажам. Сите сме разочарани. Пред пет години овде живеевме како браќа, и Македонците и Албанците. Сега ниту добар ден не си велиме, ниту за свадби, ниту за погреби се гледаме. Така е кога има несогласување, едните сакаат џамија, другите не даваат. И нас ни треба џамија, тоа треба да го разберат. Каде и да посакавме да се гради, тие даваа отпор. Прво рекоа да не биде на сред село, потоа да не биде на влезот на селото. Да се градела покрај нивната црква, тоа е еден километар подалеку. Нашите верници и оџата не можат да одат со километри по четири пати на ден за да се молат“, потенцира Зара Камберовска од Лажец.

Таа се присетува дека последниот муабет со соселаните Македонци го имала во 2005 година кога била гостин дури на дваесет и пет свадби и веселби кај Македонци.

Проблемот околу изградбата на џамија во Лажец иако со години се провлекува како верски и политички, есенва стана и образовен проблем. Две недели Македонците од Лажец не ги праќаа децата на училиште со цел да извршат притисок и влијание врз државата за отповикување на одлуката на Советот на Битола. Бојкотот на наставата не ја вознемири власта. Сега Македонците од Лажец тврдат дека преговараат со властите во Лерин нивните деца да ги испратат во Грција на школување. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 4267 пати.

Испрати коментар

Од: coco
Датум: 22.09.2010 12:15:07
Македонците (властите се најголем непријател на Македонија), од Тито па до денес. Кај го има ова, кај се чуло, сам себе да се ништиш, својот народ и ентитет. Овие не докусурија и да не крекаат по телевизии секој ден Грците, Името, Грците, Името. Грците да не ни градат џзмија бе Грците или Власта.
Од: kumanovo
Датум: 22.09.2010 12:34:54
ista prikaska i vo kumanovo izgradija dzamija so dve raketi da se gleda od avtopat sega site stranci mislat toa e cist albanski grad...a imat li pamet tie vo sovert vo bitola pa ako albancite gi iselat site makedonci od tie sela nivniot broj ce explodira kako vo lipkovsko bidejce tie sela se idealni za visok natalitet i visokot naselenie ce se seli vo bitola i otkupuva kuci...znaci novo kumanovo ce bidete i patot im e edinstven za spojuvanje so albanija i kosovo na zderavje bitolcani.............
Од: taipov abdula.turk intelektualec turk
Датум: 22.09.2010 15:37:32
Vo RM-predsedatelot na IVZ-bara podrska od vlastite na RM da bidaat pomognati od opasnosta od VEHABISTITE(site camii izgradeni vo zapadna makedonija se izgradeni vo stilot na Vehabistite ne po stilot na Osmanliite),Turcite vo Ohrid baraat podrska od vlastite na RM-da bidaat zastiteni od asimilacijata na turskoto naselenie od Albancite,vo Bitolsko makedoncite se zalaat od izgradba na Camija mojot predlog e da se izgradi na mesto po dogovor so makedonskoto naselenie ili ako ima veke stara camija od vremeto na turcite. Ke napomenam edna rabota nie turcite vo Istocna makedonoja vo opstina Konce koga vo celost ja renoviravme Camijata dobivme golema podrska Crkovniot Odbor-duri ni bea ponudeni 30 000 DM od strana na crkvata.camiite i crkvite treba da sluzaat za gragjanite gi vrsaat svojite religiozni obredi ne da lugjeto se karaat megjusebno.Tuka treba IVZ i MPC da najdaat resenie.idejki na site sto ziveaat vo RM im treba edinstvo ii sloga.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 22.09.2010 15:43:31
katastrofa!!!polovina svet misli deka sme muslimanska drzava!!! nisto nemam protiv muslimanite,neka si gi vrsat obredite,no sekako ima prostor i da se pomisli deka e ova nekoja strategija za nametnuvanje na islamot ovdeka,postepeno istisnuvanje na hristijanskoto naselenie bez ogled na nacionalnost..ako prodolzi makedonceto da dreme,ke se razbudi vo drzavicka so iljadnici dzamii naokolu,dodeka nasite crkvi sekojdnevno se ograbuvaat i obezlicuvaat!da ne zborime za onie zapalenite od 2001...
Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 22.09.2010 15:47:48
" Voopsto ne se raboti za "Albanci"vo Lazec. Toa se Makedonci so islamska veroispovest koi sto treba da bidat na popis pisani "Albanci" za da bide brojnosta pogolema i t.n."Ramkov dogovor" da moze da im funkcionira spored zelbite! Etnickoto cistenje sto se vrsi vo Makedonija vrz Makedoncite, bez zbor primedba a da ne receme kazna, go nema ni vo Ruanda! Vo tetovsko Prelubista za tri kukji koi se izjasnile kako Albanci napravena e dzamija za 400 dusi...otvoren e prostorot za doseluvanje i cistenje na Preljubiste! Uste i sredno skolo e napraveno, a i osnovnoto so Norveska pomos gi uci i Makedoncite i ALbancite Albanski!? Kaako se vika toa? Vo Lazec kako i vo mnogu drugi mesta kade ziveat i Makedonci so islamska veroispovest decata bea prinuduvani da ucat Turski, a sega masovno gi APBANIZIRAAT i niv! Alooooo vlada, EU, OON, NATO.....!? Zosto vi bese vojnata vo Jugoslavija, pomnite li?
Од: vvv
Датум: 22.09.2010 16:19:03
Koga nekoe uciliste koe nosi albansko ime ke go preimenuvaat vo makedonsko???
Од: Ateist
Датум: 22.09.2010 18:44:42
40% od naselenieto vo Makedonija se muslimani (Albanci, Turci, Romi, Torbesi). Sprema toa tie gi imaat istite prava kako i pravoslavnite.
Од: Разочаран
Датум: 23.09.2010 00:26:27
Ја подржував оваа Влада до некаде пролетта. Тогаш конечно се разочарав. Не можам да разберам како Советот на општина Битола ова го дозволува. Да се разбереме, во Битол�� советници се обични луѓе, лекар, наставник, правник,луѓе како нас. Тогаш како? Лесно, пари! Колку пари земале тие гревчиња за оваа одлука. Поздрав до "kumanovo" И поздрав до битолчани. Освестете се, за оваа одлука цела Битола треба на улица да биде. Битола е целта, не Лажец.
Од: debar
Датум: 23.09.2010 00:37:54
problemot e sto zitelite na lazec se cuvstvuvaat albanci bedejki makedoncite ne gi priznavaat torbesite za makedonci i se dodeka ne se svestat makedoncite torbesite ke se pisuvaat albanci
Од: Плачковци
Датум: 23.09.2010 01:17:35
Што не барате дозвола за градба на црква на 10 метри од нивните куќи? Па камбаните нека бијат во исто време кога касетата оди од „оџата„. Ама пусто само за плачење не бива.
Од: makedonka
Датум: 23.09.2010 04:02:22
religijata e "bure polno so barut..." ne vi e prisutna vojnata vo Bosna... site luge kade i da se se ramnopravni izlezete od krugot vo koj se vrtite so "malcinstvata", nikoj narod ne e ni malcinstvo ni vo pogolem broj tuku site se ramnopravni i ako toa si go "izbiete" od umot ke bidete srekni i napredni...
Од: barbiUSA
Датум: 23.09.2010 05:21:12
Ateist,ne tropaj i vo Francija se najbrojni ama Sarkozy gi zabrani burkite,im stavi jasno do znaenje,koga si vo RIm odnesuvaj se kako Rimjanin,e sega ajde nie vo Albanija da gradime crkvi nasekade kade sto ima hristijani,ili toa e naucna fantastika za tamu,razmisli malku
Од: Vlatko od Kocani
Датум: 23.09.2010 06:34:46
Nema nitu edna drzava da im dada azil na makedoncite selani, poradi toa sto ne im se svigjalo mestoto kade sto se gradi dzamijata. Samo prazni zborovi od niv, ke se iselele, pa neka si odat nekade ako mozat, no vremeto na lesno odenje vo stranstvo pomina. Demek albanci se naseluvale, vo tie karaista... a koj e alcen za pari sto go prodava imotot? nie makedoncite
Од: [email protected]
Датум: 23.09.2010 07:27:27
Nikogaş ne sum sakal da pişuvam komentar za verski problemi. Ne znam Makedoncite zoşto vaka mislat. Kolku se smeşni mislenjata. Pa vo Skopje e postaven krst şto se gleda od sekade i nikoj albanec ne reçe nişto . I şto znaçi sega , ako toj krst se gleda tamu toa naselenije se hristijani?

Најди! во Утрински
Македонија
Војници ги уредуваат партизанските гробишта
Бедата најголем проблем во Прилеп



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing