Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Страст за мода со фереџе

На факултетите во Македонија од околу 100 студентки само две-три девојки носат шамија

Миркица Поповиќ

Облеката на муслиманската жена им изгледа на немуслиманите како ѕид кој ги одделува од надворешниот свет. Нo, за муслиманските жени со силни верски убедувања наметката и марамата претставуваат прозорец кон светот, можност да излезат од дома и да се социјализираат. Така е и во Македонија каде трендот на облекување на муслиманките во најголем дел е под влијание на тој од Турција. Генерално, начинот на облекување на муслиманската жена, сепак, зависи од степенот на религиозност, образованието, но во голем број случаи од местото на живеење.

Така, абајата е наметка која покрива од глава до пети. Најчесто се носи во државите на Персискиот Залив, но станува се' попопуларна и меѓу жените во Пакистан.

Традиционалните наметки абаја се црни, меѓутоа во последните години жените се' повеќе стануваат „жртви на модата“, па избираат да носат шарени наметки и на тој начин да изградат свој моден идентитет. Минатата година неколку од најпознатите светски дизајнери, како што се Џон Галијано, Нина Ричи, Каролина Херера, дизајнираа линија на луксузни наметки абаја, кои според дизајнерите ги почитуваа барањата на моделот на традиционални наметки и беа соодветни за носење во Саудиска Арабија.

Најчестото парче облека се марамите хиџаб кои ги покриваат челото, косата и вратот, а во некои од арапските држави се носат и преку лицето како превез. Никаб е превез што ги прекрива главата и лицето и остава да бидат отворени само очите. Традиционалната наметка која ја носат жените во Иран е чадор што ги покрива целосно главата и телото, а е долг до петите. Најстрогото парче облека кое буквално го покрива цело тело е бурката, исто така, позната и како авганистанска бурка. Покриени се целото тело и лицето, а преку очите има мрежичка низ која гледаат жените. Покрај авганистанската, честа е и бурката од Источна Арабија, која ја носат мажените жени во Обединетите Арапски Емирати, Оман, Катар и во јужен Иран. Се разликува од авганистанската бурка во пределот на очите каде што наместо мрежичка, жените имаат маска.

Кај нас, генерално, трендовите во гардеробата на муслиманската жена доаѓаат од Турција. Стилот на облекување се состои најчесто од марама хиџаб, кој ја покрива косата и вратот, поретко и лицето, и наметка за да се покрие телото.

„Најчесто се носат фереџе и марами како во Турција. Исклучоци се жените кои носат црни шамии и марами и бурки, кои сега сакаат таквата навика да ја воспостават кај нас. Нашите вернички носат шамии во пошарени отворени бои, односно наметките и марамите не мора да бидат само во црна или бела боја и може да варираат во должина“, вели скопскиот муфтија Ибрахим Шабани. Посочува дека на тој начин се почитува традицијата да не се гледа косата, додека, пак, наметката или пошироката облека се препорачува за да не се оцртуваат деловите од телото.

Околу тоа дека начинот на облекување во Турција има големо влијание на стилот на облекување на муслиманските жени кај нас се согласува и аналитичарот Исмет Рамадани. Тој истакнува дека турските жени се покриени, но се облекуваат модерно, зачувувајќи ги традицијата и принципите на исламската вера. Според Рамадани, во Македонија некои од жените-муслиманки за свој пример ја земаат сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Емине Ердоган, која се облекува елегантно, но во согласност со традицијата.

Бурката, која изгледа како најстрашен начин на затворање, заштитување на жената со облека, како што вели скопскиот муфтија во Македонија, не е задолжителна, но не е ни забранета. „Кај нас бурката не е вообичаена, ние сме поотворени, таков ни е балканскиот менталитет. Работите не се толку строги како што е, на пример, во Саудиска Арабија, каде што со одлука на принцот не е дозволено жените да возат сами, бидејќи на тој начин може да ги провоцираат мажите. Тоа не е верски, туку државен закон. Се работи за менталитет и затоа жените е препорачано да бидат целосно покриени“, вели Шабани. Тој додава дека кај нас во последно време се забележуваат неколку ретки случаи на жени кои носат бурки, но, според него, станува збор за жени кои, најверојатно, живееле подолг период во некои од арапските држави, поради што се навикнати да бидат така покриени. „Она што е значајно е да за зачува принципот и традицијата на покривање на телото за жената да биде заштитена. Начинот на облекување, модните додатоци и боите се менуваат во зависност од регионот на живеење. Не дека оние што не се покриваат не се добри или незаштитени. Но, станува збор за традиција“, вели скопскиот муфтија.

За Исмет Рамадани и превезот преку лице е нешто што треба пополека да замине од нашите простори. „Мислам дека носењето фереџе превез или целосно покривање за нашите простори е веќе неприфатливо. Сепак, ние сме дел од Европа и се стремиме за влез во ЕУ“, истакнува Рамадани. Превезот и класичната облека како што се бурките, кои во некои од арапските држави може да бидат наметнати, според Рамадани, за наши услови или, пак, за жените муслиманки од Европа се престрог начин на облекување.

Тоа дека покривањето на лицето кај нас е минимално се согласува и професорот Хасан Јашари, социолог. „За среќа, кај нас нема покривање на лицето, иако тоа се правело во минатото, пред Втората светска војна, но било укинато со закон во 1954 година. Сега покривањето на лицето е минимално, а и жените се понезависни“, објаснува Јашари.

Сепак, покривањето на телото е религиозна активност и степенот на покривање зависи од посветеноста на верникот. Тој наведува дека нашите верски учења немаат специфична одредба или ограничување за тоа каков вид облека треба да се носи кај нас. Меѓутоа, посочува на еден важен елемент, односно дека за жените од традиционални и порелигиозни семејства шамијата е штит, но и начин да се комуницира отворено со општеството.

„Ако се гледа проблемот филозофски, облеката на муслиманската жена и' дава незавиcност, и' овозможува да излезе од домот, да оди да пазарува, до болница, на училиште, на работа. Покривањето во овој случај е подобра солуција отколку жената да седи дома. За некои од жените кај кои верските убедувања се силни, покривањето овозможува да бидат општествено слободни и активни“, истакнува Јашари.

Иако кај нас, генерално, владее мислењето дека повеќе се покриени девојките и жените од порелигиозни семејства кои се со понизок степен на образование, не е мал бројот на жените и девојките кои самостојно одлучуваат да носат марами иако нивните родители не го практикуваат тоа. Професорот Јашари смета дека не е голем бројот на млади жени кои се покриени. „Од 1991 година има појава на носење шамии во училиштата, но во ретки случаи. На пример, на факултетите во амфитеатри од околу 100 студенти само две-три девојки носат шамија“, истакнува тој.

Меѓутоа, шамијата веќе не претставува комплекс за жените. Според Исмет Рамадани, жените со шамија веќе немаат комплекс при одење во институции или, пак, седење во кафуле со друштво во кое има жени кои не се покриени.

„Се социјализираат и во исто време ги почитуваат традиционалните принципи“, додава тој. Секојдневје се млади девојки кои имаат само марама, но се носат без наметка или широка облека, односно помодерно како и нивните врснички.

За оџата Рамадан Рамадани новите модни трендови, кои вклучуваат само покривање на главата со шамија без покривање на телото со мантија, не се соодветни на исламските прописи. Користењето на бурката во Македонија, според него, не е како во арапските земји, меѓутоа не е невообичаено, бидејќи се носело пред Втората светска војна. „Овој начин на облекување е враќање на автентичен, постар стил. Тој смета дека помладите девојки кои по сопствен избор се одлучуваат да се покријат потекнуваат најчесто од традиционални семејства и ова го сметаат како верска должност. За некои други, пак, одлуката за покривање доаѓа од светските трендови, следењето на програмата на сателитските канали од Турција. За него, сепак, е мал бројот на жени што се покриваат. „Верувам дека е се' уште мал бројот на жени кои традиционално се покриваат. Тоа беше нарушено во 1950-тите години и сегашниот број на покриени жени не е ист како што беше порано“, смета тој.

Меѓутоа, несомнено е дека поради традицијата не мора да не се обрнува внимание на модата. Според некои од арапските водечки модни институти, модната исламска индустрија заработува повеќе од 96 милијарди долари годишно. Скапата облека е секогаш придружена и од скапи модни додатоци, како што се чевли и чанти на „Луи Витон“, „Шанел“ или „Гучи“. Цифрите нема да зачудат никого ако посочиме дека еден пар буркини - замена за костим за капење за муслиманските жени, кои личат на опрема за нуркање, чинат од 100 евра, па нагоре. Затоа не избрзувајте, никогаш не знаете каква страст за мода и живот се крие под муслиманската шамија. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 3918 пати.

Испрати коментар

Од: сирма војвода
Датум: 13.08.2010 00:36:32
за во рок од 5 години нашите колешки од УКИМ напреднаа 10 пати повеќе од нас,ние додека чекаме премиерот да ни пусти коска колешките наши не прегазија епа чорба македонче ЧОРБА
Од: Od peijatel
Датум: 13.08.2010 00:53:13
Bas golema stras vo Svetska skoro site Iranki i Iraqi si g na pustia Mazite i skoro so prozirni alista odat od sto se vo moda a duri decat isto kako i Majkite od sto ima golema sloboda vo Iran i Iraq duri mene mie sram da gledam vo niv kako tie se nosat za zalenje...
Од: dedo dimo
Датум: 13.08.2010 03:29:48
Muslimanite si imaat svoja vera i veruvanje ,ali kako i vo hristijanskata vrea ima luge shto veruvaat vo boga a umereno a ima i ekstremni luge .Problemot e tuka .Burkata e neshto preterano, nemozish da vidish koj e pozadi taa maska dali e maz ili zena oti kaj ovie luge samo ochite se gledaat i fustanot dolg do zemja .Nosijata ne go pravi chovekot i ne dokazuva koj poveke veruva vo boga ,no nivnite mazi se Fanatici i ne sakaat nekoj drug da im gi vidi zenite ushte ziveat vo prvobitno vreme.nemozat da svatat ovaj e 21veki zenite treba da bidat ravnopravni so mazite.
Од: Moris
Датум: 13.08.2010 08:37:36
Nosenjeto samija cini 5000 denari sekoj mesec. Sakate da nosite samija se prijavite tamu i tamu i 5000 denari sekoj mesec. Zborot mi e so siromasen narod sekoj moze da manipulira.
Од: intelekt
Датум: 13.08.2010 10:08:23
ma ajde vi se molam,kakvo feredze!!kade go ima toa?!dodeka,tie kutrite se potat,i dusa pozemaat nivnite egoisticni sporuzi gledaat vo se sto e zensko,so ima kratki zdolnista,kratki maicki..a tie zabulenite,molcat u gledaat u zemja!!pa zarem e toa ednakvost i nacin na zivot?!cist fanatizam,bezredie,sramota i unazaduvanje!!zamislete,na nekoi od niv samo ocite im se gledaat,a koj znae sto li krijat pod pazuvite(bomba ili mitralez)nisto cudno(zeni-samoubijci!)...ekstremisti i militanti!!!!strasno,strasno!
Од: bg
Датум: 13.08.2010 11:21:53
do: Moris Истото е и во Бугарија, во Родопските планини разни арапски организации им даваат по 100 евра и се овиват со шамии, чаршафи и шалвари. Во Турција Кемал Ататурк како претседател од 1923 до 1938 г забрани стави крај на надминати на Отоманската династија и ги замени со Уставна Република, забрани носење на фереджета во јавни згради и институции, покажа рамноправноста на жените, направи училиштата секуларен. А ние и вие каде сме?
Од: Zena
Датум: 13.08.2010 12:03:06
Dragi moi glupavi Makedonic, Jas sum pravoslavna Makedonka, imam nekolku prijatelki muslimanki od koi nekoi se mazeni, nekoi ne se, magutoa VERUVAJTE onie sto se pokrieni sosema sami imaat odluceno za toa!!! I gordi se na toa, i site se fakultetski obrazovani, ako mislite deka obrazovaniete vlijae na odlukata da se pokrijat Pozdrav
Од: gorda muslimanka
Датум: 13.08.2010 17:33:18
selam na site, ne e vo red vo mesecot na milos, ljubov da se zboruvaat takvi raboti za zenata muslimanka koja veruva vo Allah -Bog stvoritelot na site svetovi, ne e vo red da se davaat takvi komentari. Sakam samo da Vi kazam poveketo muslimanki shto se se fakultetski obrazovani i nosat shamija, a noseketo na shamija e po svoj izvor dokolku bogobojazlivosta e golema i verbata kon Bog-Allah togash zenata muslimanka se pokriva, a ne od tradicija kako shto poveketo mislat. Imajte ja pocitta kon muslimanite, luge sega e Ramazanskiot post, elhamdulilah, fala mu na Allah shto sum muslimanka. Ne davajte naprazni komentari za neshto shto ne znaete i ne ste upateni.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Димитар Чулев
ЕДИТОРИЈАЛ
Маја Томиќ
Мислења
Слободан Најдовски
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов

Почнува трката за студентски индекс

Елвис Присли
Одбележани 33. години од смртта на кралот