|
|
|
|
|
|
Или застапеност или бојкот на пописот
БИТОЛА - „Повлекување на претставникот на влашката заедница во Државната пописна комисија, бидејќи не ги застапува интересите на Власите. Таму каде што има Власи, нема ниту еден попишувач Влав за претстојниот попис“. Ова се барања на Демократскиот сојуз на Власите.
Од Демократскиот сојуз бараат националниот состав на попишувачите да го изразува националниот состав на населението во секој од пописните региони. Во спротивно, најавуваат бојкот на пописот. Партијата смета дека членот на Државната пописна комисија, Перо Нане, е избран без поддршка и широка консултација на влашката заедница и не ги застапува нивните интереси.
„Јавниот конкурс промовира дискриминација врз немнозинските заедници. Во општините каде што традиционално живее влашкото население нема ниту еден попишувач. Такви примери има во Штип, Крушево, Битола, Скопје, Струга, Кичево, Кочани, Виница, Охрид и во Лозово. Во селото Зрновци се наведени деветмина попишувачи Власи, иако таму живеат само 30 жители од оваа заедница“, изјави претседа��елот на ДСВМ, Никола Бабовски, на прес-конференција во Битола.
Според партијата, во Македонија живеат околу 60.000 етнички Власи, иако на последниот попис од 2002 година се евидентирале само 10.000 Власи. Од ДС на Власите сметаат дека на следниот попис ќе се намали уште повеќе оваа бројка. „Од пописите што ги имаше досега, дојдовме до фрапантна бројка дека во Македонија годишно умирале или се отселувале по 1.100 Власи, а не се раѓал ниту еден“, наведува Бабовски. (А.Б.) |
#
|
Статијата е прочитана 674 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ако не се попишуваат сами ќе си наштетат |
Датум: 21.02.2011 12:30:15 |
|
Не знам дали се 10.000 или повеќе, но знам дека ако го бојкотираат пописот ќе бидат 0. |
|
|
|
|
|
|
Од: lojalen graganin |
Датум: 21.02.2011 15:15:08 |
|
Воопшто не е битно да го знаеме точниот број на Власите во Македонија, битно ОНИ точно знаат кој се, колку се, и каде се, затоа и се подржуваат, исклучително само на релација влав со влав, а доволно се присутни на НАЈБИТНИТЕ места, каде се пред се парите, другото е “шминка “. Пред некоја година во штампа излезе список (со фотографии) на Власите на битни позиции во општеството. Која им е целта нека се произнесат, ке ги попишат и македонци, живеат во македонија, се образувале на македонски јазик, нека се чувствуваат и македонци пред се, а со должна почит кон националната припадност и определба. Тоа важи за СИТЕ воМакедонија, каде македонецот ги ПОЧИТУВА сите етнички структури. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stipjanec |
Датум: 21.02.2011 17:01:29 |
|
Videte vo Stip, Vlasite baraat nasekade isto nekakvi prava, kako da se diskriminirani.Dojdete vo Stip i videte, Prasajte vo Brilijant ili bilo koja vlaska firma kolkav e procentot na vraboteni makedonci, romi itn.
Ne im e sram, nikoj nisto ne im pravi, se izoliraat samite sebesi, so toa sto sekogas e moto "vlav so vlav", samo ako ima da se pecali nesto od nekoj drug go prifakaat, ama samo za da mu zemat, ne daj boze da mu dadat nekomu.Vlasite bile diskriminirani, ke puknam od smeenje, izgleda gi ima okolu 3-4 miliona vo mkd. |
|
|
|
|
|
|
|
|