Број 3512  понеделник, 21 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Иванов отвори народна канцеларија во Тетово

„Ги уверувам граѓаните дека нивниот глас ќе се слуша и од претседателот, а нивните барања ќе најдат институционална разврска“, истакна Иванов

ТЕТОВО - За да се доближи до граѓаните, да ги слушне нивните мислења, предлози, идеи, па и лични проблеми, претседателот Ѓорге Иванов вчера отвори народна канцеларија во Тетово. Ова е прва канцеларија во внатрешноста на државата по онаа што е отворена лани во април во Скопје.

„Моја желба и обврска е лично да се запознаам со се' што сакаат граѓаните да кажат, да предложат и, едноставно, да се пожалат. Тие можат да предлагаат иницијативи, да даваат идеи. Досега до Одделението за претставки и предлози на Кабинетот на претседателот најмногу поплаки има од областа на судството и социјалната политика“, истакна Ѓорге Иванов на отворањето на канцеларијата во Тетово. Иванов смета дека и канцеларијата во Тетово ќе биде во функција на пренесување на мислењата на луѓето за вкупните состојби во општеството.

„Ги уверуваме граѓаните дека нивниот глас ќе се слуша и од претседателот. Нивните барања ќе најдат институционална разврска. Преку оваа канцеларија ќе се остваруваат комуникации и со локалната и со централната власт. Барањата што не се однесуваат на претседателот ќе ги доставуваме до надлежните и ќе бараме нивно адекватно разгледување и разрешување, а граѓанинот повратно ќе го информираме“, истакна Иванов.

До есен е предвидено ваква канцеларија да профункционира и во Битола. Се смета дека ќе има потреба од народни канцеларии во уште неколку поголеми градови во државава. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 437 пати.

Испрати коментар

Од: Shpend
Датум: 21.02.2011 12:31:50
Vcera ulicite okolu mestopolozbata na Pretsedatelot vo Tetovo bea blokirani od policiski sili i policiski civilni avtomobili so skopski registarski tablicki so momcinja koi glumea kauboi niz ulicite na Tetovo.. Kakva poraka na gradjanite na Tetovo sakase pretsedatelot da isprati?! Dokolku ne se osekja siguren (a nema pricina za toa) ne trebase da dojde, ili neka riskirase pa da dojde sam so dva tri sorabotnici, i da isprati poraka sto znaci da bides prv medju ednakvite ili gradjanski pretsedatel..!!!
Од: kole
Датум: 21.02.2011 20:28:04
Ova vo stilot demek GJOA NESTO RABOTIME........Gluposti i gubenje vreme ..........
Од: Lindi
Датум: 22.02.2011 03:44:58
nemozham a da ne dadam podrshka na komentot na Shpendi

Најди! во Утрински
Политика
Власта генерира криза, a опозицијата потпалува
Или застапеност или бојкот на пописот
Ново раководство на 13 март