Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Фрапантна бројка на заболени од рак во Битола

Битола - Годинава во Битола се евидентирани над 400 заболени од рак. Фрапантна бројка која, за жал, не отстапува од светскиот просек, сметаат од Лигата за борба против ракот во Битола, здружение кое токму поради ваквата здравствена слика во градот е формирано пред четири години.

„Имаме евиденција и, за жал, тој број постојано расте“, истакна Никола Трајков, претседател на Здружението на годишното собрание. Како најголем проблем за болните од рак во Битола, и покрај тоа што пред неколку години е отворен онколошки центар, е зрачната терапија. За оваа услуга болните и натаму мора да патуваат во Скопје на свој дополнителен трошок.

„Мора да ја натераме власта во следниот период во оваа општина, каде што има над 200 илјади граѓани, да обезбеди апарат за зрачење. На овие болни им е потребна таа помош, да се ослободат од патувањето во Скопје“, вели Трајков, напоменувајќи дека е неопходна и континуирана набавка на сите лекови во Онколошкиот центар во Битола.

Според СЗО, до 2010 година се очекува ракот да ги надмине кардиоваскуларните болести. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1043 пати.

Испрати коментар

Од: Иво
Датум: 15.12.2008 10:33:25
Според СЗО за големина на држави како Македонија ( околу 2 милиони) мора да постојан најмалку 4 радиотераписки центри (центри каде има зрачна терапија). За жал во Македонија постои само еден и тоа Институтот за Радиотерапија од Скопје

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Хераклеја целосно ќе се доистражи
Поскапи вината на „Тиквеш“