Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Поскапи вината на „Тиквеш“

Од компанијата ги оправдуваат новите цени со инвестициите во квалитетот

Александрија Стевковска

Вината на винарската визба „Тиквеш“ од неодамна се продаваат по нови, повисоки цени. Така, „т’га за југ“, наместо 190 денари, сега се продава по 245 денари, а цената на „траминецот“ од 170 денари скокна на 230. Поскапувањето се случува во услови кога паѓа животниот стандард на населението, а прохибицијата го десеткува прометот со сите алкохолни пијалаци, вклучително и виното.

Во „Тиквеш“, најголем производител на вино во земјава со пазарен удел од околу 70 отсто, зголемените цени ги оправдуваат со потребата од покривање на инвестирањето во квалитетот.

„Според нас, квалитетот на производот ја одредува цената. Единствена причина за ваквиот потег е нашата долгорочна определба за квалитет на нашите производи, за да не правиме никакви компромиси. Во потрага по најдобри суровини и со употреба на технологија за производство на висококвалитетни вина која значително го намалува рандманот (количината вино што се извлекува од грозјето), зголемувајќи го континуирано квалитетот на постојните и новите вина, имаме и поскапо производство“, вели Ива Орцева од „Тиквеш“.

Според неа, кај различни сегменти на вината е различен процентот на поскапувања, но во просек се движи од 10 до 15 отсто. Таа вели дека одлуката за зголемување на цените била донесена во септември, а се применува од почетокот на минатиот месец. При формирање на новите цени не биле предвидливи последиците од кризата, поради што тоа не било пресудно за новите цени.

„Во тој период не можеше да се предвиди финансиска криза ниту, пак, имавме точни податоци за влијанието од промените во Законот за трговија, кои сега веќе неоспорно влијаат врз потрошувачката на вино“, вели Орцева.

Помалите производители на вино немаат корекции на цените на своите производи и сметаат дека такво нешто моментално би било погубно за нивното опстојување.

„Не е добра политиката на зголемување цени моментално, кога се чувствуваат последици од лимитираната продажба на вината поради забраната за продажба по 19 часот и негативната рефлексија од светската економска криза. Вината на ’Чекорови‘ не се ��оскапени, иако некои винарски ги зголемија цените на своите производи. Во секој случај, не станува збор за генерален тренд на нагорни корекции на цените, поради што и ние сме исклучени од него“, вели Дивна Јордановска од винарската визба „Чекорови“.

Оправданост за зголемување на цените на вината во овој период не наоѓа ниту винарската визба „Бовин“.

„Цените на нашите вина не се коригирани и сметаме дека поскапувањето не може да ги компензира загубите од намалената продажба поради ограничувањето на продажбата или последиците од кризата“, смета Кирил Богески од „Бовин“.

Македонија е голем производител, но не и консумент на вино. Парадоксот на голем потрошувач, а мал консумент, земјава ја следи одамна. Имено, земјава важи за еден од поголемите производители на вино според производната структура, но многу малку троши вино.

Според анализите, во Македонија годишно се трошат по 7-8 литри вино по жител, за разлика од Словенија, која има речиси ист број жители како Македонија, а годишно еден жител консумира по 40 литри вино. Иако најголем дел од виното што се произведува во земјава се извезува, пласманот на вино станува се' потежок. Причина - светскиот пазар е преплавен со вино кое го има многу повеќе отколку што може да се потроши.

Во светски рамки е регистрирано зголемување на потрошувачката на нискоквалитетни вина поради напливот на евтино вино од Аргентина, Австралија и Чиле.


Статијата е прочитана 899 пати.

Испрати коментар

Од: od selo
Датум: 15.12.2008 13:46:33
kako mozete da kazete deka e slab konzumer na vino koga ne go racunate vinoto vo domasna upotreba vo istocna i zapadna makedonija /primer jas imam staveno 600 litri laceno vino,znaci nemoj da pisuvate i slusate navodno nasa statistika sve e lazno.
Од: sladj
Датум: 15.12.2008 17:00:54
za naslovot dobivate cista edinica po makedonski jazik!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Хераклеја целосно ќе се доистражи
Фрапантна бројка на заболени од рак во Битола