Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter
Политика

Стандардот на дното, Груевски на врвот

Перцепцијата дека се живее се' полошо не се рефлектира врз рејтингот на власта, покажа анкетата
на „Дневник“

Александра М. Митевска


Се намалува нивото на демократија, се влошува стандардот на граѓаните, Македонија се оддалечува од НАТО и од ЕУ, но ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски и натаму имаат највисок рејтинг и значителна предност пред опозицијата. Победата на владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на евентуални предвремени избори, се чини, извесна, освен ако сметките не им ги поматат големиот процент неопределени гласачи. На вакви заклучоци упатуваат резултатите од новата анкета на весникот „Дневник“, што ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на репрезентативен примерок од 1.560 испитаници од шестте изборни единици и во чиј фокус се четирите години владеење на Груевски.

Најголем број испитаници - 47 отсто, ја одобруваат политиката на премиерот, наспроти 43 проценти, кои не ја одобруваат. Политиката на Груевски подобро поминува кај Македонците, но ниско котира кај албанската етничка заедница. Од испитаниците Македонци, 22,4 и 36 проценти рекле дека целосно или главно ја поддржуваат политиката на премиерот, наспроти 58,2 и 5,6 Албанци, кои воопшто или главно не ја одобруваат неговата политика.

Од друга страна, 54 отсто од граѓаните сметаат дека во изминатиот квартал се живее полошо отколку пред промената на власта во 2006 година. Така, 48 проценти од анкетираните се изјасниле дека им се влошил животниот стандард, наспроти 25 проценти, кои забележале подобрување. Дека во последните четири години има помалку демократија сметаат 38 проценти од испитаниците, наспроти 29 и 26 проценти, кои оцениле дека се зголемило демократското ниво или дека останало исто. Дека земјата е подалеку од ЕУ и од НАТО сметаат 39 проценти од испитаниците, за разлика од 31 отсто, кои веруваат дека сега сме поблиску до Брисел.

И покрај перцепцијата на мнозинството граѓани дека сега се живее полошо и дека се во надолен тренд виталните параметри на државата, лидерите и партиите од власта остануваат на врвот на листите на популарноста. „Дневник“ првпат спроведува анкета за рејтингот на политичарите и на партиите, но, во споредба со претходните сондажи од други агенции, воочлив е одреден пад во поддршката за власта. Сепак, Груевски со 22 процента рејтинг, се' уште е политичар со најголема доверба, додека за ВМРО-ДПМНЕ на избори би гласале 23,5 отсто од избирачите. Голем е јазот меѓу Груевски и второрангираниот политичар - лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кого го поддржале 9 отсто од анкетираните, иако за неговата партија на избори би гласале 12,2 отсто гласачи.

Лидери во албанскиот политички блок и натаму се Али Ахмети и ДУИ, со поддршка од седум, односно 5,3 проценти. Веднаш зад Ахмети е Имер Селмани со 6 проценти доверба, која не се пресликува и кај неговата партија, бидејќи Нова демократија има рејтинг од 1,4 проценти, за разлика од 1,9 проценти за ДПА, чиј, пак, лидер Мендух Тачи има 3 проценти поддршка од граѓаните. Повисоки рејтинзи од матичните партии имаат и Љубе Бошкоски - 3 проценти и Љупчо Георгиевски и Јован Манасијевски - по 2 процента. Трите партии што најавија самостојни изборни настапи - ОМ, ВМРО-НП и ЛДП, пак, имаат поддршка од 0,6, 0,3 и 0,8 отсто.

И во оваа анкета е регистриран висок процент на неопределени гласачи - 41,7. Главниот уредник на „Дневник“, Сашо Кокаланов, на вчерашната презентација на анкетата напомена дека бројката на неопределени особено е зголемена кај албанската популација. Според него, тоа е сигнал дека овие гласачи или се плашат да го кажат своето мислење или се зголемува нивната разочараност од политичарите.

Граѓаните се расположени да излезат на предвремени избори по самитот на НАТО во ноември. За вонредни избори „гласале“ 47 проценти од анкетираните, а 38 отсто биле против. Но, освен опозициски настроените испитаници, за брзи избори се изјасниле и една третина од поддржувачите на власта.

Кокаланов објасни дека најтесна разлика меѓу власта и опозицијата е нотирана во изборните единици во кои СДСМ има свои градоначалници во поголеми општини. На пример, во Втората изборна единица, чиј центар е во Куманово, односот на силите е 17,3 спрема 9,1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Во Петтата ИЕ, во чиј состав е Охрид, ВМРО-ДПМНЕ води со 30,6 наспроти 16,4 отсто за СДСМ, а најгусто е во Четвртата ИЕ, каде што припаѓа Струмица, каде соодносот ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ е 36,6 спрема 21,6 проценти. ВМРО-ДПМНЕ, пак, е во убедливо водство во Првата (скопската) ИЕ и во „тројката“.

Слични резултати и кај ИРИ

Во споредба со анкетата на „Дневник“, најновото истражување на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажа сличен сооднос меѓу ВМРО-ДПМНЕ �� СДСМ, но помала разлика во рејтинзите меѓу лидерите на двете партии Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Според анкетата на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ би добила 28,7 проценти од гласовите кога сега би имало избори, додека за СДСМ би гласале 15 проценти од испитаниците. ДУИ има рејтинг десет отсто, ДПА - три, а НД - два процента.

Според партиски брифинзи, во оваа анкета рејтингот на Груевски паднал на 18 проценти, но тој и натаму е најпопуларен политичар - пред Црвенковски - девет проценти. Дека Македонија се движи во погрешна насока се изјасниле 43 проценти од испитаниците, а 19 отсто сметаат дека одиме во вистински правец. Покрај тоа, 59 проценти сметаат дека Владата не може да се справи со економската криза, а 39 проценти од анкетираните рекле оти премиерот заслужува реизбор.


#
Статијата е прочитана 1261 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 29.09.2010 14:05:04
Пусти СТРАВ што тие.Се глеа колку СОЦИАЛЦИ излегуват на протести.Да не им отидат и тие Денарчина кои не стигат за ортомче.Кога ќе дојдат избори тогај ќе се знае кој каде се наоѓа.
Од: Трпе
Датум: 29.09.2010 14:06:52
Што е важно во какви услови живее македонскиот народ.Едни ке доаѓат(ќе се раѓат) други ке си заминуват(умират) а спомениците и спортските терени на пастирот ке бидат вечни.Па нели некои влади инвестират во едно а други влади дават приоритет на други инвестици.На здравје шишање.
Од: pravda
Датум: 29.09.2010 14:09:24
KAKOV NAROD TAKVA DRZAVA!
Од: uvlekuvac
Датум: 29.09.2010 15:44:47
Феликс, брзо со коментар! Не се плаши дека ке заглавиш увлекувајќи се, ке ти подариме тракторски гуми!
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 30.09.2010 07:39:41
Ova me potsetuva na zabludenite pripadnici na poedini sekti...koi i pri smrtta go velicaat ..onoj koj gi dovel do nea...Zatoa i sme na dnoto na Evropa...no se trudime da bideme i podolu??? Pust narodec...Sto li 'ke si SRKA???

Најди! во Утрински
Политика
Скопје - град што се дели
Eдна општина, паралелни светови
„Името е име“ помина со аплаузи за премиерот
Јелникар заминува од Фондот за здравство






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU