Број 3394  среда, 29 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Понови вести








Site Meter
Политика

Скопје - град што се дели

Лопатите на политичарите го раскопуваат меѓуетничкиот јаз

Светлана Унковска


За заедничките концепти на соживот, базирани на интегрирани сфери на живеење и за тоа како да се унапредат меѓуетничките односи, детаљно се разговара на тркалезни маси организирани од меѓународни или од невладини организации. На нив, по правило, учествуваат и голем број поканети претставници од владејачките и од опозициските партии, секогаш согласни со темата на дискусијата дека за функционална Македонија е потребно постојано да се надградуваат мултиетничките, а не моноетничките политики. Но, кога ќе заврши дебатата и по неа ќе се затворат вратите, актуелните политички елити тргнуваат во градење, но не на соживот, туку на се' поголеми ѕидови што ги разединуваат граѓаните. Ако проектот „Скопје 2014“ со содржините на плоштадот беше критикуван дека во голема мера ќе придонесе за се' поголемо продлабочување на меѓуетничкиот јаз, а оние што беа најгласни во критиките сега се зафатија со изградба на плоштадот „Скендер-бег“. Мала надеж имаше кога лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ се договорија на плоштадот „Македонија“ да има и споменици на значајни личности од историјата на Албанците, но тоа кратко траеше. Сега почнаа плановите за копање нов плоштад, кој ќе донесе нови поделби, а со него, дефинитивно, ќе се закопаат и идеите за живеење еден со друг, а не еден крај друг.

Вицепремиерот Абдулаким Адеми ги отфрла тврдењата дека со изградбата на плоштадот „Скендер-бег“ ќе се продлабочи јазот меѓу Македонците и Албанците и оти Скопје ќе биде поделен град.

„Напротив, овој проект ќе ги обедини двата дела на Скопје, иако градот не е поделен. Наша цел е, пред се', да се урбанизира тој дел, да се промовира како дел од програмата за ревитализација на Старата скопска чаршија и јас не гледам дека ние придонесуваме за поделби. Напротив, ние со ова придонесуваме да се инвестира во сите делови на градот Скопје“, убедува Адеми, објаснувајќи дека проектот е во идејна фаза, оти ќе се отвори јавна дебата од каде што ќе бидат земени предвид забелешките од експертската јавност и од граѓаните. Но, нејасна е идејата на Адеми дека овој плоштад ќе биде простор за средби на сите етникуми, бидејќи содржините што ги има, како што се споменикот на Скендер-бег и зградата на Државниот тетовски универзитет, не ја потврдуваат ваквата теза на вицепремиерот.

„Според идејата на градоначалникот и на Советот на општина Чаир, освен споменикот на Скендер-бег засега не се планирани други споменици. Доколку граѓаните одлучат поинаку, општината мора да ги земе предвид“, вели Адеми.

Експертите посочуваат дека градењето плоштади не би требало да претставува никаков проблем, но кога во основа се конструирани да прераснат во микросредини на одредени групи тогаш место позитивни и кохезивни дејства, тие продуцираат негативни. Социологот Илија Ацески, кој долго време ги анализира односите и состојбите во урбаните средини, особено во главниот град, вели дека ваквиот тек на настаните произлегува како одредена последица.

„Ако луѓето се делат на одредени микропростори во градот, тогаш тоа говори за една голема нетрпеливост и нетолеранција меѓу групите на културни, етнички и религиски разлики. Проектирањето плоштади, вакви какви што се, е само ограничување на простор што ја карактеризира една етничка, културна и религиска група и од тој простор почнува нешто друго. Бидејќи градот не води политика на заедништво, ние, всушност, имаме поделен град, а јас не познавам во историјата поделен град кој имал перспектива“, вели професорот Ацески.

Дали поради немањето доволно меѓусебна комуникација, двете партии на власт како да се наоѓаат на различни колосеци и секоја партија води своја политика за својот етникум. Така се однесуваат и пратениците во парламентот, особено од партиите на Албанците, кои дискутираат и се жестат исклучиво за прашања што се однесуваат и го засегнуваат нивниот етникум, но кога станува збор за прашања од други области тие се незаинтересирани. Така, главно, функционираат и министрите, со некои исклучоци, во медиумите постои силна поделба по етничка и јазична линија. И кога „Скопје 2014“ силно го брануваше морето на меѓуетнички односи, сега од другата страна на Вардар, како негов пандан никнува „Скендер-бег 2014“.

Иако се вели дека во секојдневниот живот Македонците и Албанците се почитуваат и како соседи и како бизнис-партнери, сепак, факт е дека случувањата во општеството имаат влијание во меѓусебните односи. Факт е дека досега малкумина политичари работеле на заедништво и на промовирање заеднички идеи, односно секој си води партиска или етничка агенда.

Аналитичарот Ибрахим Мехмети целосно се согласува со тоа дека етничките прашања никогаш не можат да се решат со територијализација ниту меѓуетничкиот баланс може да се постигне со компензација на еден простор со друг.

„Овде се политизира изградбата на плоштадот и се прави политички инструмент за политичко пазарење или добивање поени кај граѓаните. Се прави еден пазар ако ’Скопје 2014’ е на една партија ’Скендер-бег’ е на друга и сега сите треба да бидеме среќни. Но, тоа е банализација на политиката што, всушност, не решава ништо и пристапот е навистина погрешен“, вели Мехмети.

Професорот Ацески гледа на политичарите како на главни актери во правењето поделби меѓу граѓаните, при што смета дека таквата поделба воопшто не е површинска, туку е многу подлабока отколку што изгледа.

„Јас сум песимист околу ова прашање најмногу затоа што политичарите го користат за свои цели кога доаѓаат на власт на крилјата на популизмот и национализмот и тоа се' уште е најпрофитабилно. Мислам дека ’скопскиот ѕид’ не е толку проблематичен колку што е менталниот. Затоа што менталниот ѕид многу потешко се урива, тој е подлабок, поцврст и подолготраен“, вели Ацески.


#
Статијата е прочитана 3415 пати.

Испрати коментар

Од: tihi
Датум: 29.09.2010 12:41:34
Posledicite na toa deka nekoi prasanja ne zasluzuvaat odgovor , se gledaat sega .I sega ideme napred vo svetla idnina. Ova zatoa sto nekoi vrtea so casovnici da ne sme se vrakjale nazad.Pa toa ti e narode.Prilagodi se na stvarnosta.
Од: srebre
Датум: 29.09.2010 12:48:46
po ova samo laik moze da veruva deka skopje ce opstane kako eden grad same vr e vo prasanje nisto drugo so ova vmro vodi pol na ljupceto te delenje samo skrieno za da opstanat na vlast veruvajte ne kazale pred iljadnici god narodot se ovce se sto im servira vlasta veruvat..........
Од: КУПЕТЕ СТАНОВИ ОД ТАА СТРАНА
Датум: 29.09.2010 13:07:12
Загрижени градот да не е поделен веднаш да си купите станови во Чаир и околу дупло се поефтини. Да дадат пример експерти политичари новинари разноразни загрижени.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.09.2010 13:20:33
(Мо)менталниот склоп на владеачката гарнитура не само што Банализира,туку и Вулгаризира!Од уметноста направија каша.Каша ја направија и државата!Изјавата на Меџити е дека ете,најпосле „ќе осамне плоштад кој наликува на оној во Тирана“и со тоа се гордее.Токму како и паразитите од другата страна кои сакаат да наликуваме на Париз!Резултатот е погубен-добиваме град кој наскоро најмногу ќе наликува на Бејрут!„Сакам да наликува на“е доказ за вмешаноста на Безглавата Политика во сите сфери на животот,па и во Уметноста!Единствен спас од Црната Чума е промена на владеачката гарнитура Сега и Веднаш!
Од: Smilovce
Датум: 29.09.2010 13:27:41
Alo!!!!!!!!!!!! Glupaciiiiiiiiiii!!!!!!!!!Ne e Skopje grad sto se deli,tuku Makedonija e taa sto se deli.Sekojdnevno gi citam makedonskite vesnici i sekojdnevno se prasuvam "Ima li pilot vo avionot"?Sekojdnevno se prasuvam, a go znam odgovorot.Nema pilot vo avionot.Sega ke pocnam da se zaprasuvam dali ima patnici vo avionot?Dali ima patnici(luge),ili pak samo isfrustirani "dvonosci"("Dvonozec" nesto sto lici kako covek,odi na dve noze,ama nema dovolno mozok da razmisluva,tuku ima samo tolku mozok da moze da gi izvrsuva naredbite.Nesto slicno kako vernite citateli na "Vecer")
Од: nekoj
Датум: 29.09.2010 13:48:50
Makedoncite i Albancite imaat mnogu povetje zaednicki strani, samo se prasuvam dali se svesni za toa, na kraj na krajot so vekovi ziveaat zaedno
Од: Трпе
Датум: 29.09.2010 13:56:13
Пастирот а за некои дури и спасителот ,уште кога стана лидер на дпмне-овците ги раскара и подели.Уште од тогаш тој не ја испушти девизата,испокарај подели и владеј.Земјата е донесена на такво дереџе да е покршлива и од стакло.
Од: MKD01
Датум: 29.09.2010 16:25:35
ne samo sto se deli tuku strasno e toa sto ako, se prodolzi so vakvoto inaetenje i tvrdoglavost, ne samo skopje tuku i cela makedonija ke bidi nesto slicno na Bosna i Hercegovina, edna totalno vnatresno podelena drzava
Од: TRAJANKA
Датум: 29.09.2010 17:30:08
Skopje ne moze da se podeli ni vo ludilo , pola grad e preselen vo vecniot zivot na grobista BUTEL . Dali lugeto ke se otkazat od grobistata na svoite najmili koi pocivat tamu !!!! Sozivot mora da se ima za dobroto na site gragani na Makedonija . Vo sprotivno ke bide mnogu loso za site , pobednici nema nikogas da ima !!!!
Од: neki
Датум: 29.09.2010 19:16:15
политичарите да неги мешаат граѓаните со политиката зошто сме живееле и пак ќе живееме.
Од: Ljubotan Trade Name
Датум: 30.09.2010 00:40:10
Eve vece nekolku godini, ja analizaram Makedonskava stvarnos i toa samo preku NEWS MEDIA! Odma po raspadot na Jug. Makedonskata Euforija bese, deka Makedonija ce bide Svajcarija [zosto ja nema povece ,,Krvo Pijavicata Srbija"]. Neiskusna nevesta Makedonija,si pobara i dobi razvod od Srpskiot bracen drugar,zosto se vljubi vo novit svaler Albanos Flamur i taka, na ubav nacin si se vencaa. Deneska Albanos Flamur si gradi; novi centri vo Srceto na Neiskusnata Makedonska Druska-sopruga.P S Da go prasam Podpresednikot Abdulakim Ademi; Zosto od opstinata naToj [Kodos] Gjorce Petrov , pa se do Jadransko More nema Makedonsko Zname? Zarem ova ne e indikativno deka Makedonija e vece podelena.Skopje e samo malo Geto vo Albansko More!
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 30.09.2010 07:41:57
Скопје ќе се дели...но НАРОДОТ е веќе поделен и тоа по СИТЕ ОСНОВИ...го поделија само поради владеењето...овакво какво и што е ...НИКАКВО...Срамно и жално...поточно ужасно...

Најди! во Утрински
Политика
Стандардот на дното, Груевски на врвот
Eдна општина, паралелни светови
„Името е име“ помина со аплаузи за премиерот
Јелникар заминува од Фондот за здравство






Fidesz in full control after victory in Hungarian local elections
Serbia 10 years on after the fall of Milosevic
Still talking after five years – Croatia's long and winding road to the EU