|
|
|
|
|
|
Се запознаа ли Милошоски и Ламбринидис?
Според „Катимерини“, поставувањето на споменикот на Александар е сигнал за тоа каква ќе биде политиката на Скопје спрема Грција во иднина
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Беше ли Луксембург место за прва средба на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, со новиот грчки колега, Ставрос Ламбринидис? По бурната недела што почна со пристигнувањето на споменикот Воин на коњ, продолжи со политичкиот трилер во Грција околу тоа дали Јоргос Папандреу ќе даде оставка и ќе прогласи предвремени избори, а заврши со формирањето нова грчка влада за која, конечно, ќе се гласа доверба во вторник, новиот грчки министер за надворешни работи, Ламбринидис, веднаш се фрли на работа.
Само еден ден по преземањето на министерското место, на кое досега го гледавме Димитрис Друцас, Ламбринидис замина на средби со државниот врв на Кипар, а вчера и денеска присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, каде што е и македонскиот мин��стер Милошоски. Во состав на посетата на Луксембург, по работната средба на Советот за надворешни работи, на маргините на Самитот тој денеска ќе оствари министерски средби со колегите од државите на ЕУ и од Западен Балкан. Нема информации дали ќе има и средба Милошоски - Ламбринидис.
До вчера се' уште не беше договорена средба меѓу двајцата министри. Од грчкото МНР информираа дека во агендата немаат договорено средба, додека, пак, од македонското МНР ни изјавија дека средбите ќе се договараат на самото место во зависност од агендите. Велат дека ако има можност за средба, секако, би прифатиле затоа што остануваат отворени за секоја добронамерна иницијатива за средба со грчката страна, а во знак на добрососедски односи. Како што информираа од МНР, од македонска страна е испратено барање и се чека грчкиот одговор за средба на двајцата министри на состанокот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Будва.
На исто место во исто време на крајот на неделата ќе се најдат и премиерите на двете држави, Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Меѓутоа, се' уште е рано за најави за средба на премиерите.
Во Грција, и покрај политичкиот хаос, сепак, не помина незабележано веста за поставување на споменикот на Александар Македонски во Скопје. „Тешко да сретнете некаде ваква масовна акумулација на национал-патриотизам претставена преку скулптури, лавови, триумфални капии и згради како што е случај во Скопје“, коментира грчкиот весник „Катимерини“ во анализа за споменикот. Според весникот, Груевски започнала и продолжил да ја спроведува политиката на антиквизација на земјата со цел да ги потенцира контроверзните „македонски карактеристики“, а делумно тој план се спроведува преку трансформирање на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје во парк на статуи на националните херои.
Медиумите забележуваат дека, и покрај тоа што споменикот провоцира и отвора голема дебата и во Атина, но и кај меѓународната заедница, сепак, македонскиот премиер не ги напушта своите идеи и планови за проектот „Скопје 2014“ и за скулптурата на Александар. Според анализата на „Катимерини“, поставувањето на скулптурата непосредно по победата на предвремените парламентарни избори е сигнал за тоа каква политика ќе следи во иднина премиерот Груевски во однос на Грција. |
#
|
Статијата е прочитана 2018 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: sydney |
Датум: 20.06.2011 03:32:25 |
|
VOOPSTO NE PROFESIONALNO nemojte da mesate Babi iZabi koga pisuvate za sredba na ministri pisuvajte za taa tema a ne za spomenici ili tolku je golem spomenikot sto vi se potpiknuva vo sitemisli. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bogomil |
Датум: 20.06.2011 06:17:06 |
|
Да оставиме настрана што ќе речат Грците за споменикот. Суштината на глупоста не е во тоа - колку Александар од Скопје ќе го иритира јужниот сосед, туку колку со тој потфат ги поткопуваме сопствените, и без тоа, кревки и лабилни позиции кај Европјаните, кои не ја кријат нивната прогрчка политика. Згора на тоа со вакви мегаломанштини директно се празни државната каса, а се ограбува и стандардот на граѓанинот, кој и без тоа е на работ на крахот. Власта ѓе им СРЕЌА, ДОКОЛКУ ПРОТЕСТОТ НА МЛАДИТЕ НЕ ДОБИЕ И НОВА, СОЦИЈАЛНА СОДРЖИНА., ШТО НЕ Е БАШ НЕВОЗМОЖНО. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 20.06.2011 08:45:36 |
|
Pa dosta veće pišuvate za toa što će rečele grcite za spomenicite i gradbite.Koj im e kriv što se vo bankrot i nemaat pari da pravat fontani,spomenici,zgradi i red drugi raboti.A našata istorija ne e zasnovana od 1991 g.ne e ni od 1913 tuku mnogu vekovi porano,e sega što na nekoj mu teknalo deka ako sakame idnina mora da ja znaeme i našata istorija i minato,tuka ne gledam ama baš ništo lošo.Red e da se i razubavi gradov,oti odamna nema ništo napraveno vo nego osven zgradi,bez parkinzi-kade nemame kade da se parkirame i raskopani ulici i sokaci koi koj kako stigne gi prekopuva.Ubavo e samo što bi bilo poubavo koga bi se gradelo vo celata ni država.A,grcite neka si gi gledaat svoite maki vo koi se naogjaat kako će gi nadminat a ne nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: Petar Veliki |
Датум: 20.06.2011 09:23:02 |
|
абе имате и вие постамент за Александар во Атина, ама или немавте пари да го завршите или јас мислам Атињаните не го сакаат Александар, а од Филип им расте притисок (читај Демостен) |
|
|
|
|
|
|
Од: lambe |
Датум: 20.06.2011 12:13:25 |
|
Држава на која и се смејат, слатко и гласно и влада која ја исмејуваат. Тоа сме ние. Неколку погрешни потези и еве го крајот на крајот. Нема ништо полошо во интернационален смисол од тоа да бидеш исмејан. |
|
|
|
|
|
|
Од: .бати ЕУ демократијата .бати |
Датум: 20.06.2011 12:38:00 |
|
Ламбринидис се фалеше како успеал во задкулисите со ЕУпратеници да го сменат извештајот за Македонија. .бати Еуемократијата .бати. |
|
|
|
|
|
|
| По��лед | | |
|
| МЕРИДИЈАНИ | | |
|
| Мислења | | |
|
|
|