|
|
|
|
|
|
Тренерот бил од СДСМ, нема веќе да се вежба одбојка
Партиската припадност е главен услов за тренинз��те на децата во Прилеп
Моника Талеска
Прилеп - Над 60 основци од Прилеп не можат повеќе да тренираат одбојка во основното училиште „Гоце Делчев“ поради партиската припадност на нивниот тренер. Така тврди Слободан Ристески, кој што два месеца одржувал тренинзи во ова училиште, до моментот кога директорот на училиштето, Трајче Каралиоски, му кажал дека веќе не може да ја користи спортската сала.
Ристески истакнува дека уредно ја платил киријата т.е. ја обележал салата како што се договориле со директорот, а во доставеното барање до училиштето ја изразил подготвеноста да му биле зголемена киријата во разумни граници или на друг начин да придонесе за подобрување на условите за спортување. Тој вели дека барањето не било разгледано, а директорот Каралиоски му ги пренел категорично ставовите на локалната власт дека поради партиската припадност нема да одржува тренинзи.
„Знам дека на ова што ќе го кажам ќе дадат нивна интерпретација: ’Лаже, не е тоа така‘, меѓутоа, ова е чиста вистина. Директорот на училиштето ми рече: ’Бидејќи си член на СДСМ, имам забрана од локалната‘. Му рекле: ’Да го тргнеш од салата, да не тренира со децата‘. Во уписот на децата, како членови на мојот клуб, јас досега во ниту еден момент немам прашано ниту едно дете ниту еден родител на која политичка партија припаѓаат“, реагира тренерот Ристески.
Поради прекин на тренингот, вознемирени и револтирани се и родителите на учениците. Тие најавија дека ќе се организираат и ќе достават петиција за да се обезбеди простор за тренинг на децата.
„Партијата нека си ја тераат таму каде што е место, не во училиште. Овде треба да се учи, да се спортува, зошто талентирани деца да прекинуваат со тренингот“, вели Добривој Бумбароски, дедо на едно од децата.
И останатите родители се вознемирени. Велат дека тренинзите на децата треба да продолжат, а оние што ги попречуваат треба да размислат дека со спорт кај децата се развива здрав дух, во спротивно тие се фрлаат во канџите на болестите на зависност што ги има на секој чекор во Прилеп.
Директорот Каралиоски ги демантира наводите на Ристески. Тој тврди дека нема никаква политика во оваа негова одлука, туку само доследна примена на законот. Доколку барањето доставено на 9 декември го усвои Управниот одбор, Ристески може пак да ги одржува тренинзите во училиштето.
„Кога дојде пред два месеца јас го примив без проблем и му реков дека ќе излезам пресрет, зашто дотогаш тој тренирал во ОУ ’Рампо Левката‘ каде што се реновира салата. Но, минаа два месеца и веќе не може без договор со училиштето да ги одржува тренинзите. Ако Управниот одбор му дозволи, нека продолжат тренинзите. Не е вистина дека поради неговата партиска припадност се прекинати тренинзите“, вели Каралиоски. |
#
|
Статијата е прочитана 1440 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: laki |
Датум: 13.12.2010 12:14:39 |
|
toa ne e nisto novo pa i na bazen centar nekoi klubovi ne pustaat da treniraat falsifikatori od dpne ja zemaa federacijata a ima samo eden bazes |
|
|
|
|
|
|
Од: sport vo MK |
Датум: 13.12.2010 12:19:59 |
|
Covek da se smee ili da place.Sega verovatno i za vleguvanje vo javen toalet, kje baraat partiska podobnost!!!! Zar i ti sine Brute sakas da bides trener, a si vo SDSM? |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 13.12.2010 12:41:18 |
|
Ако ова што го вели тренерот е точно тогаш политичката блесавост нема крај,вероватно им пречело на секогаш будната локална власт тренерот ги учел децата да смечуваат со лева рака,а тие како десничари многу им пречи.А и ако зад сето ова стои политиканство на дотичниот тренер да преку притисоци издејствува концесија горе наведеното важи и за него. |
|
|
|
|
|
|
Од: pirgan |
Датум: 13.12.2010 12:55:14 |
|
Dali profesorov ima registrirana skola so danocen broj,na koja smetka decata plakaat za treninzite,ima li dozvola od Agencija za mladi i sport?kako semee da upadne vo ucilisteto,platil li kirija za tie dva meseci,zosto ne ja pokazal fakturata.pa toj e istaknat prosveten rabotnik i znae sto znaci ucilise odbor i negova odluka.sto ako za vreme na treningot se povredi nekoe dete,koj ke odgovara,ako nema dogovor za salata.spored mene vinovnik e novinarot sto ne go prasal ova. |
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 13.12.2010 15:05:24 |
|
dali profesoro imal ili nemal registrirano ne e rabota na nekoj tuku na inspektorite.a koja skola vo prilep e registrirana,mnogu gi ima ama za zal malce se registrirani.dali se registrirani profesorite po angliski ili matematicarite i red drugi sto site spremaat vadat pari a ne plajkaat nisto.ne vodete politika vo sportot ostavetego neka se razviva nepartiski.decata podobro e da trejniraat sport od kolku da odat po kafici.pozdrav do gradonacalniko ovaj problem da go resi bidejki ne mu odi vo prilog. |
|
|
|
|
|
|
Од: prilepcanec |
Датум: 13.12.2010 15:22:10 |
|
Poradi ista pricina(partiska opredelenost) a sto ne bi trebalo da ima bilo kakvo vlijanie vo sportot,e unisten i maskiot rakomet vo prilep.Samo nema da ostane taka...narodot pamti i vraka.Ako im odgovara na takanarecenite politicari decata nivni i nasi da go zamenat sportot so droga,alkohol,cigari i nedolicno odnesuvanje neka prodolzat vaka na prav pat se! |
|
|
|
|
|
|
Од: tomo |
Датум: 13.12.2010 15:58:39 |
|
Koga prasav da vezbam vo salata Boris Trajkovski, mi pobaraa partiska kniska.
|
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 13.12.2010 17:05:21 |
|
pirgan , ај не треси зелени ..Па еден куп дуќани во центарот на Прилеп се без фи��ма и фискални каси ..Луѓе , секој ден пазарат во тие дуќани , а инспекциите не смеат да припарат таму , оти газдата извадил портокалова книшка..А таа сала ја патам , по тао што пред 2-3 години моите деца тренираа во неа среде зима , беше КОЧАН ЛАДНО .. |
|
|
|
|
|
|
Од: s.s.c |
Датум: 13.12.2010 17:40:24 |
|
pocituvani
koga veke zboruvame za koristenjeto na sportskite objekti vo opstina prilep
pa da kazeme nesto i za vetenite i neispolneti
vetuvanja na gradskata vlast
kade e zatvoreniot bazen vo pp
kade se sportskite sali,kade se patekite za planinski velosipedizam
do kade e fudbalskiot teren na mogilata
so dolzna pocit
ostavetego sportot
blagodaram |
|
|
|
|
|
|
Од: Ina |
Датум: 13.12.2010 18:34:22 |
|
SE E KONECNO SAMO GLUPOSTA E BESKONECNA...Statijava e apsoluten nonsens! Bi se osmelila da kazam deka komentarive za ovaa statija go otslikuva momentalnoto nivo na clenovite/simpatizeri na SDSM ,a od dosega prikazanato toa e nivo e dosta bedno...slaba opozicija nikogas ne e dobra za edno opstestvo!Onie koi ne mozat da te sledat uporno povtoruvaat deka si na pogresen pat |
|
|
|
|
|
|
Од: ilija |
Датум: 13.12.2010 19:29:14 |
|
se prasuvam dali zivejeme vo pravna i slobodna drzava ili sme veke pod politicka - prtijska diktatura. |
|
|
|
|
|
|
Од: marjan.pp |
Датум: 13.12.2010 21:21:28 |
|
da si go podobrite softverot,nemozi na sekoe pogresen kod da kazuva,pozdrav |
|
|
|
|
|
|
Од: arno |
Датум: 13.12.2010 22:16:50 |
|
I vo o.u.Goce Delcev Negotino, direktorot ne mu dava na trenerot Mile da trenira kosarka bidejki e od sdsm |
|
|
|
|
|
|
|
|