|
|
|
|
|
|
Болницата во Тетово се препокрива
ТЕТОВО - Денес почнуваат работите за поставување нов покрив на интернистичкиот блок при Клиничката болница во Тетово. Според информации од болницата, истовремено се врши ревизија на целиот простор од покривот. Препокривањето на интернистичкиот блок е неминовно да се изврши што поскоро за да не дојде до пропаѓање на објектот пред зимските денови.
На највисоките два ката на овој објект е сместено детското одделение. Голем дел од покривот на интернистичкиот блок пред две недели е откорнат од објектот како последица на силниот ветар што го зафати Тетово и тетовскиот крај.
Паѓањето беше кобно за една 23-годишна девојка од Косово, која го загуби животот, а уште две лица беа тешко повредени. Оштетени беа и неколку автомобили што се најдоа во дворот на клиниката. Откорнувањето на покривот услови највисокиот кат на блокот да претрпи оштетувања и да не биде заштитен од невреме.
Со изградбата на овој објект пред повеќе од 20 години се сметало дека рамен покрив ќе ја обезбеди потребната заштита. Времето покажа дека рамен покрив не е трајно решение, па во 2006 година бил поставен поинаков покрив. Во декември 2007 година овој покрив го зафати пожар.
За три месеци беше поставен нов, но и него го однесе ветер. Практично интервенцијата што веќе почнува ќе претставува трет покрив за околу пет години. Во тетовската Клиничка болница покрив е поставуван и на хируршкиот блок за да се заштити од прокиснувања.
Од болницата информираат дека на овој објект била извршена санација, а кровот бил поставен на начин што не ќе може да биде оштетен од временски непогоди, особено ветер. (Г.Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 374 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: јас (Прилеп) |
Датум: 13.12.2010 17:00:10 |
|
А да постават и знаци за предупредување ?! ...Да си знаат луѓето дека летаат покриви , кога дувнува ветар ?! |
|
|
|
|
|
|
|
|