Со последните изјави околу името, во ДУИ се блиску до ставовите на опозицијата
Александра М. Митевска
Личен став на државен функционер или нов притисок за омекнување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ околу проблемот со името? ДУИ вчера ја премолча изјавата на партискиот потпретседател и потпретседател на Собранието, Рафиз Алити, кој порача дека Албанците од Македонија ќе влезат во НАТО и во ЕУ со или без Македонците.
Со тоа изостана и информација дали Алити дополнително се консултирал со својата партија, како што го советуваа партнерите од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што заклучија дека изјавите на потпретседателот на ДУИ не секогаш соодветствуваат со официјалниот партиски став.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера во Скопје се сретнал со премиерот Никола Груевски, но нема информации дали воопшто се разговарало за изјавата на Алити, бидејќи средбата беше оквалификувана како тековна.
Но, без разлика дали Алити го пренел само своето мислење, неговата изјава е уште една потврда за тезите дека приоритетите на албанската заедница во Македонија се разликуваат од приоритетите на македонската заедница, која со поголеми емоции ги опсервира случувањата околу името, и покрај очекувањата дека со затворањето на спорот за Македонија ќе се отворат вратите на ЕУ и на НАТО. Оттаму и прашањето дали евентуално прокоцканата шанса за ефектуирање на позитивниот извештај на ЕК би можело да биде причина за радикализација на албанскиот фактор во земјава?
Професорот Јетон Шасивари смета дека изјавата на Алити е резултат на ултимативните и тврди ставови на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Груевски околу референдумот и можноста за компромис со Грција. Според него, таквите изјави можеби се предупредување за Груевски, но тие немаат поголема тежина се' додека не се официјализираат во органите на партијата.
„Сепак, факт е дека ако се оди на референдум, без меѓупартиски и меѓуетнички консензус, нема да може да се создаде позитивна клима околу целиот процес, така што можни се нови поделби во општеството. Така, референдумот од инструмент за надминување на спорот со Грција може да стане инструмент за нови недоразбирања внатре во државата“, оценува Шасивари.
Алити, всушност, не е прв функционер од ДУИ, кој го засили тонот во однос на менаџирањето на проблемот од кој зависи европската иднина на земјата и кој укажува на можните реперкусии од неговото нерешавање во едно раслоено општество како македонското. Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, уште пред неколку месеци коментираше дека Албанците во Македонија ќе бидат принудени да побараат други алтернативи, доколку до крајот на годинава не се евидентира прогрес во евроатлантското интегрирање! Сега прашање е дали препораката од ЕК - Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ ќе може да се смета за прогрес на патот кон Брисел, доколку не биде потврдена од Советот на ЕУ?
Примирјето што го склучија ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ по бранувањата околу енциклопедијата последниве денови напукнува поради се' поотворените барања на албанскиот коалициски партнер власта да се однесува одговорно и да не се крие зад референдумот, бидејќи, како што вели пратеникот Џевад Адеми, доблест на политичарите е да носат и непопуларни одлуки. Неговата сопартијка Арифи, пак, во редовната колумна во „Дневник“ забележа дека „кога политичките елити немаат храброст да го потрошат својот изборен кредит за доброто на граѓаните, навистина докажуваат дека имаме проблеми со членството во НАТО и во ЕУ“.
Невообичаено, но реално - ставовите со кои во последниов период настапуваат челниците на владејачката ДУИ се многу поблиски до размислувањата на опозицијата за тоа како би можел да се затвори долгогодишниот спор со Грција и да се деблокираат интегративните процеси. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, неодамна изјави дека евентуалниот референдум за името би можел да има домино ефект, па и Албанците во Македонија да почнат да распишуваат референдум за прашања чие отворање би било опасно во овој момент, како за тоа дали се за федеративно уредување или дали сакаат да живеат заедно со Македонците.
Toa e uste eden dokaz deka nemaat nikakvo custvo ili lojalnost za drzavata vo koja sto ziveat.Ne im im e gajle i ne se borat za Makedonija da si go zacuva ustavnoto ime Republika Makedonija ,zatoa sto ziveat vo nea a ne ja custvuvat vo dusata.Tie znaat deka dokolku Makedonija pod ogromniot pritisok od nadvor i od albancite i opozicijata od vnatre go promeni imeto ,tie pak ke si ostanat toA sto se,dodeka nie,Makedoncite ke go izgubime naseto ustavno ime so toa i nasiot identitet. Ednostavno receno Makedoncite se zaloznici na Makedonskite izrodi i na albanskiot politicki blok vo Makedonija.
Pozdrav do Utrinski Vesnik i se nadevam deka ke go ispocituvaat demokratskoto pravo na sloboda vo izrazuvanjeto.
Од: Dimac
Датум: 04.11.2009 04:12:26
Mozime kolku sakame da pcueme i da se vragame na ovie glupi izjavi na Albancite,ali edno me interesira,a toa e na koj nacin ovie luge mislat da vlezat vo NATO i EU bez nas koga Albanija e 10 god. daleku od EU,a na Kosovo i bog znaj dali voopsto ke mu se prizi kakvo bilo sansa za tamu???!
Од: Dragan
Датум: 04.11.2009 06:52:23
Ako ni e koga ne gi napikavme po zatvori tie samonareceni komandanti
Од: jimmy1
Датум: 04.11.2009 07:08:16
Sikter vo Albanija, barem i nie ke se spasime od vas a i vasite gluposti a i samo taka ke vlezite vo EU i NATO bez Makedonija. Koga mozese da se menuvaat zakoni, da se dava amnestija na teroristi i zlostornici, pa zosto da ne se napravi zakon za da se spravime so ovie nenasitnici i da gi naucime deka ziveat vo 21 vek a ne vo 15 vek.
Од: Saso
Датум: 04.11.2009 07:20:12
Kade se evro-ambasadorite sega da se sprotivstavat na edna opasna, ucenuvacka izjava, so koja i se preti na drzavata? A mozea pred nekoj den da davaat izjavi protiv upotreba na referendum, znaci demokratsko sredstvo.
Од: pogled
Датум: 04.11.2009 07:27:11
Ако некој решил да живее во некоја држава, тој треба да го дели и доброто и злото со судбината на таа држава. На Балканот има и други национални малцинства што имаат свои ексклузивни желби, но сепак ја делат судбината со своите содржавјани.
Од: gjoko bugarija
Датум: 04.11.2009 08:14:29
Hehe,neka napraat referendum.Togash ke vidat chija majka crnu vunu prede.
Од: Blagoja
Датум: 04.11.2009 08:19:41
Imeto e reseno i samo se nategaat Grcija i Makedonija okolu nijansite, dali da bide Severna Republika Makedonija ili Republika Severna Makedonija. Dui go znae toa i deka se ce bide reseno do 7 dekemvri... a vo slucajov izjavata na Aliti e samo dnevno-politicki marketing za da na krajot moze da kaze pred nivniot elektorat deka "ete tie bile onie sto izvrsile pitisok".... glupavi i prosti trikovi za nepismen narod.
Од: borra e bardhe
Датум: 04.11.2009 08:27:46
alo ne reshivme da zhiveme vo ova drzhava tuka sme rodeni nemame druga drzhava,ako nie ne vi pomogame da gi reshite problemite sigurno ke ostanete bez drzhava.
Од: pameten
Датум: 04.11.2009 08:52:14
tie pak ke si ostanat toA sto se,dodeka nie,Makedoncite ke go izgubime naseto ustavno ime so toa i nasiot identitet.
Koljo, kako kje si gu izgubish identitetot! Jas sum roden vo Avstralija, koga bev na 30 g. nauchiv deka se shto se uchilo vo Makedonoija se lagi i falsifikacii, pa ne si go izgubiv identitetot. Jas sum jas, ti si ti, nie sme nie takvi kakvi shto sme. No ako sakame da ne pochituvat, ne smeeme da go terame svetot da prifakja site gluposti koi shto se ucheli vo Makedonija.
Од: Albanec
Датум: 04.11.2009 08:54:15
Ej severni-slavo makedonci, ne se sekirajte mnogu za Kosovo i Albanija,edno da vi e jasno Albanija ke ide vo EU, ama i Kosovo za kratko vreme ke ide i ona,ovoj ne e vas problem da mislite za kosovo dali ke ide ili ne, ima koj da misli, ima dve albanski drzavi i treta ke bide jos malku...
Од: Realen i trezven
Датум: 04.11.2009 09:09:19
Albancite vo Makedonija vodat mosne pametna politika, koja e definirana i so pomos na pametni intelektualci od Albanija i Kosovo. Treba sepak da im se priznae deka vo odnos na Makedonija igraat so ,,otvoreni karti,,! A. Dzaferi uste pred 15-tina godini jasno ja izlozi nivnata strategija, no, problemot kaj Makedoncite e toa sto tie ne sakaat da ja razberat! Premierot izigruva silen nacionalen (na Makedoncite) lider, a ,,pod masa,, se dogovara so A. Ahmeti da mu pomogne kako vo ocite na Albancite i ,,Medjunarodnata,, da lici na ,,drzavnik,,!? Se razbira A. Ahmeti ovoj ,,kredit,, ke si go naplati so kamata!
Од: mihajlo
Датум: 04.11.2009 09:30:13
Nisto cudno!.Ova nee prv pat da vaka Albancite(citaj,Siptari) dojdat do ona sto go zamislile.Za zal na vistinata,jas,problemot so nivnoto ponasanje nego gledam kaj niv.Problemot e kaj nas.Ovoj problem datira uste od Vtorata svetska vojna.Akbancite vo Makedonija,koi togas bea okolu 7% od naselenieto,se do 1953 godina,ne bea na cisto sto baraat vo ovaa nova drzava.KOS i UDBA vo toj period od cca 8 godini morase da se zanimava so Kacackite i Balistickite bandi i nivna resocijalizacija vo opstestvoto.Dali vo toa se uspea ili ne sledat dokazite kobajagi za nedovolna sloboda i pravda.Postarite se secavaat na 1968 godina vo Tetovo,se secavame na 1981 godina vo Pristina,Nie se secavame na 2001 godina,a covekot koj go branese ova parce zemja ,i den denes gnie vo evropski zandani.Gospodo Makedonci! Nie moze da pravime i idealni zakoni,mozeme da proglasime i Federacija,mozeme i samo niv da gi stavime da rakovodat so ovaa Drzava,no,sekogas ce ostane nad nas Damakloviot mec,a toa e,Makedonci selete
Од: zizitop
Датум: 04.11.2009 09:36:24
Ali si go vrti Grujo kako sto saka. Ke kaze nekoj nesto od DUI, Ali ke se pravi Englez i na kraj ke izleze nekoj nov dogovor megju VMRO-DPMNE i DUI, se razbira vo korist na Albancite! Zalno za Makedonija!
Од: Nikola-Germanija
Датум: 04.11.2009 09:36:36
Aliti ne go smetam za ziv-no negovata izjava ne e slucajna,bidejki samo pred nekolku dena bese SAD-ambasadorot kaj Ahmeti.Aliti,koj se smeta lojalen na Ahmeti sigurno ne dava izjavi bez odobrenie od AA,uste poeke ako si ima vo predvid,deka pretstoj bitka za partiskite foteli!No donekade go sfakjam Aliti,zosto i jas stravuvam MK da go napusti evroatlanstskiot kolosek,nadevajki se na "Slovenskite" Brakja Rusi odn. Hohstaplerite vo Kremljot.EU,kako i jas,nema interes da stapi Ruska noga na Balkanot i poradi neresenoto Kosovsko prasanje mu se brza da gi vkluci Balkancite vo Evropa,no toa ne znaci deka MK-vladata moze da ja "ucenuva" EU so tvrda pozicija vo sporot so GR;znaci do 7.12.mora da ima pridvizuvanje od strana na MK,inace kaznata od EU/NATO e neizbezna vo 2010 i mozebi ke rezultira so podrska za Albanskite baranja za federalizacija na MK,ako ne i so neukinuvanje na sengen-vizite.Vladata vo posledno vreme deluva primetlivo mnogu povnimatelno,sto vleva nadez deka konecno se osvesti!
Од: X-MAN
Датум: 04.11.2009 10:09:57
Ocigledno nemate poima, koj mue celta na Aliti, toj covek misli za dobroto na makedoncite...saka da vi gi otvori ocite...i malce da gledate po daleku od vasiot NOS...zatvoreni ste komplet kao gluvce vo dupka....izlezete malce od toa dupka...pa videte sto se slucuva vo Svetot. toa saka da go kaze gospodinot Aliti.Vie znaate deka Enver Hoxha go zatvori Albania 60 godini ...poradi sto..poradi stavot sto go imaase Enver aga....~site se protivnici, spioni treba da se branime od site> taka tie i Enver Gruevski...pa izvini..nie ucime od greskite i ne sakame da se povtori istataaa greska...
Gledajte go Kipar...pa razmislite posle....
Од: kemba
Датум: 04.11.2009 10:33:01
Сигурен сум дека никој ако е можно не сака да се промени името, па дури ни Албанците.Но Албанците знаеејќи дека само така е можна ЕУ и НАТО интеграција нив најлесно им е први да се откажат од него. После идат Македонците со чисто славјанско самосознание, поааѓајки од тоа дека оваа е само територија под тоа име и гледајки го просперитетот на нивните деца не им е многу тешко да ја прифатат промената.На крајот се оние кој мислат дека сме мешавина од Словени и антика, и чисто антички Македонци.Знаеќи дека вторите по никоја цена нема да се согласат со промената, притисокот ќе падни врз првите(мешаните) при што мили мој Македонци со добра политичка воља(огромен притисок)референдумот ќе биди успешен.
Од: stavre
Датум: 04.11.2009 11:20:20
Terorist ostanuva terorist !!!!!!!!!!!
Од: cile
Датум: 04.11.2009 11:36:37
jas ova go kazav so enciklop za mesec 2 nova ucena i eve no znajte nie sme nauceni da trpime ama tie ne sakat da trpat naviknati so mucki i mito odat napred kako so kaza taci sto barat tie da izlezat na referendum isto kako i 1991 toa nee nivma drzava zatoa i za nistno ne doprinesuvat ama barat med i mleko od istata mislam samo vr e prasanje koga ce se odvojat i ce formirat 3.drzava oni pobrzo se menuvat i prilagoduvat nie odime vo tempo na zelka neznaeme da se organizirame kako nacija se e beda edinstveno resenie da koregirame grtanica ne miren nacin veruvajte moze i tetovo da se podeli i tetovsko oni gi imat najplodnite kraista vo mak i voda imat polosko,lipvkovsko a nie rtestoto kade nema kapka voda nie sme glup narod grujo moze da ne vodi za nos do 101 ama tie ne sakat da trpat vo toa e razlikata toa nee nacionalna borba za otcepuvanje tuku socijalna.
Од: Oliva
Датум: 04.11.2009 11:48:24
Albancite po koj znae koj pat direktno ili indirektno ni davaat do znaenje deka Makedonija ne gi interesira.Pa neka odat,granicite mislam ne se zatvoreni.A go prashavte li Obama dali moze....Dosta samo provokacii,blefiranja i nepromisleni izjavi.Albanija ke vlaze vo EU zaedno so Turcja,sto znaci nikogash a Kosovo e vo grupata so Avganistan.Taka da pocituvani sogragani,NE PLUKAJTE vo bunarot od kade sto piete voda i pokazete ednash malku iteligencija
Од: veles
Датум: 04.11.2009 12:19:29
Porano ili podocna albancite ke kazat javno deka veke ne mozat da ne cekaat nas makedoncite da se odlucime sto da bideme dali anticki ili sloveni ili bugari i ke si pobaraat federacija a so toa i formiranje na treta albanska drzava.Pa zar se uste ima nekoj pameten tamu da veruva na lagite na vladata , pa luge samo poglednite gi faktite svrtete se okolu sebe i ke vidite zosto i posle raspadot na jugoslavija a pominaa veke 20 god mesto da bideme ponapred 20 god nie sme nazad.Zar nekoj se uste misli deka albancite ke ne cekaat nas dodeka nie si go barame nasiot identitet ubeduvajki go svetot deka sosedite ni go ukrale posto tie se najblisku do nas .Edinstveno ke kazat vie sto sakate bidete i zivejte si vo vasite anticki sonista za golema makedonija a nas pustete ne da odime vo evropa pa koga ke doznaete ili ke se najdete sebe si ke se vidime tamu.pozdrav.
Од: mahi
Датум: 04.11.2009 12:35:04
Bravo drugari Makedonci
Toa sto go sonuvate preku nok go kazuvate preku den.Pa komu sakate da solite ovde pamet sto se makedoncite i sto se albancite,pa koj od vas ima uceno pa se vi e slusnato od tie ulicarite bidejki pametnite luge sedat i razgovarat vo masa a kukinjata laat po ulici.Drugari svatete ednas deka ova vi e posledna sansa do evropa ako sakate podnesete edno baranje bez albanci mozda ke ve primat vo afrikanska liga i ke bidete sami,normalno tamu i vi e mestoto vi trebat samo grcite
Од: srebre
Датум: 04.11.2009 12:47:08
mi se gadi od ovie makski komentari se istp pa isto nesto ne sogleduvat trezveno so evropski oci abe siptari barat napredok promena evropeizacija znaat eu dava pari ce ima za site nie naviknati da trpime ne znaeme sto e covekovi oprava t.e. prava na siromav,nevraboten,bolen,hendikepiran,star mislime toa e od gospod i treba samite da trpime i se grizime za nasite bolni kako da ziveeme vo 10vek a siptarite sakat ovie raboti da bodat kako kako vo ev da ima rabota za site ama tupci sme nasite politicari i direkrori i sluzbenici po cel den vo rabotno vr pijat kafe po kavici videte i djordje(zdr fond) policijata go uapsila vo kafic za vr rabotno ne raboten narod sme nejbeda sme vo ev site ne pominaa i alb,bug,rom,siptari barat ev nie sreden vek vo toa e razlikata tia imat nac svest sakat dobar zivot za siter kategorii nie ovci politicari ne lazat 20god i sekoj den se pogol siromasi sme epa brate alb nejcat da trpat gol rab nova ili severna cvrc milojko..........
Од: petre
Датум: 04.11.2009 13:53:51
Uste eden dokaz deka Makedonija uste vcera trebase da go resi problemot za imeto. Sekoj den sto pominuva bez naogjanje na kompromisno ime, ja oslabnuva nasata pozicija.
Ako ne razbereme deka odolgovlekuvajki sami si ja kopame dupkata postoi opasnost na kraj da nema ni kompromis, nitu ime a nitu drzava.