Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска Фељтон
На прво место
03.11.2009, 17:17

Што да се прави? – се прашуваат во МАНУ

Спротиставени ставови дали авторите мора да бидат консултирани за нивните текстови во евентуалната нова енциклопедија

Билјана Јовановска

Напнатоста која во Македонската академија на науките и уметностите ја

предизвикаа спорните одредници во енциклопедијата поради кои таа е повлечена од продажба не стивнува, а академиците речиси секојдневно одржуваат состаноци за излез од ќор-сокакот во кој влезе институцијата.

Наспроти напорите со помалку лузни да се заврши ова грдо поглавје на Академијата, се појавуваат нови и нови проблеми кои дополнително го отежнуваат целиот случај.

Академик Блаже Ристовски не го менува ставот и вели дека Редакцијата направила сосема солидно дело и не планира никакви отстапки. Конкретно, главниот редактор на енциклопедијата смета дека енцикопедијата не е сопственост на издавачот и дека „МАНУ може да формира своја редакција и да направи своја енциклопедија, меѓутоа, не можат да ги користат материјалите од ова издание“. Ристевски не ги коментира правата на Изадавачот кој ги платил сите трошоци и авторски хонорари.

Во Агенцијата за авторски права, која е и стручен консултант на Академијата, тврдат дека во енциклопедијата има авторски права на поединечни текстови, определници, и при ново издание тие би требало да бидат консултирани дали нивното дело може да биде повторно објавено. Но, исто така велат дека треба да се види под кои услови авторите ги остапиле своите авторски парва и дали договорите предвидуваат такви одредби. За големите „кастрења“ во определниците, велат, нормално било секој од авторите да упати реакција, зашто без нивна согласност енциклопедијата не можела да биде објавена.

Ова, пак, отвора нови дилеми, зашто одделенијата во Академија досега најстручно и најкомпетентно се изјаснија дека се направени премногу грешки и пропусти за тие да можат да се коригираат, па оттаму бараат сосема ново издание. „Што повеќе ја гледаме оваа книга, заклучуваме дека таа не треба да оди вака кај читателите, бидејќи дава неадекватна претстава за сите тие работи што се опфатени во неа. И главна дилема е да се прави нова енциклопедија или оваа да се поправа. Според мене, ова не може да се поправи“, вели акад. Милан Ѓурчинов.

Иако никој од академиците вчера не сакаше јавно да го коментира ставот на Ристовски, неофицијално, тие забележуваат дека никој, вклучително и главниот уредник на енциклопедијата, не можат да се ставаат во улога над институцијата. Средствата за ова капитално издание се издвојувани од државниот буџет близу десет години и и' беа наменети на енциклопедијата, чиј издавач е Македонската академија на науките и уметностите. А таа, Академијата, не е ниту приватна сопственост, ниту акционерско друштво, туку е финансирана од државата, така што поединци во неа не можат да манифестираат сопственост над целата енциклопедија. Доколку повеќе што и самата Редакција веќе не е единствена, а јавна тајна е дека ниту една определница не е авторизирана од пишувачите. Значи, нелогична е ваква задоцнета грижа кога и при изготвувањето на енциклопедијата не биле почитувани авторските права. Најголемиот дел од определниците дознаваме дека биле „касапени“ по мерка и видувања на главниот редактор, за на крај да станат непрепознатливи и за нивните автори. Биле вршени крупни измени, без претходни консултации со пишувачите.

При изработката на некогашните исклучително квалитетни енциклопедии издадени од Југословенскиот лексикографски завод, на пример, по редакциското читање секоја определница им била враќана на авторите и дури по добиена согласност од нив со евентуалните корекции, тие биле пуштани во печат. При подготовката на Македонската енциклопедија главниот збор го имале редакторите и уредниците, па сега академиците излегуваат со оценки дека 90 отсто од определниците од областа на општествените науки не заслужуваат да се најдат во едно вакво издание. Или, дека тие се фалични и нелогично е новата редакција и идните автори да се потпираат на нешто што е лошо оценето и што ја деградира институцијата која стои зад изданието. Потенцираат дека ниту една институција која држи до својот кредибилитет нема да си дозволи луксуз да објави труд кој не е рецензиран и авторизиран. Кај нас се случи спротивното.










Статијата е прочитана 1989 пати.

Испрати коментар



Црвенковски платил 66.000 евра за хонорари
Радикализирање или маневар на ДУИ



mitko vika gotovo e gotovo, 04.11.2009 00:40:59
Rabotata so enciklopedijata e gotova rabota. Taa e pustena na Internet i sekoj koj sto si sakase Makedonska enciklopedija si ja simna piratski (i mojata malenkost go napravi istoto). Nema bre nekoj tuzibabi od SDSM i onaa bitanga od UCK da ni objasnuvaat sto treba da citame. Sto se odnesuva do nejziniot kvalitet, toj ne e nekoe visoko nivo, ama ovie drugive mozebi ke ja upleskaat uste poveke. Zatoa kako sto rekov na pocetokot rabotata e zavrsena.
Enciklopedist, 04.11.2009 05:34:35
Tazna i zalna e ovaa prikazna za edna kniga. Enciklopedija so nacionalna odrednica e zbir na informacii za istorijata i segasnosta na eden narod, a ne e politicki manifest pa da se napagja kako takov. Ostavete ja knigata kako sto e napisana so svoite dobri i losi strani. Neka se cita i kritikuva. Debata e zdrava osnova za napredok na naucnata misla -- zapiranje na debatata ne dava dobra slika za intelektualnoto nivo ili za dobronamernosta na onie sto toa go baraat. Pa neka i ima povekje enciklopedii -- edna za makedonskiot narod, druga za makedonskata nacija, treta za lugjeto sto ziveat vo Makedonija -- sto e loso vo toa. Povekje trud, povekje idei, povekje razbiranja za minatoto i segasnosta, i sekako mnogu povekje opcii za izbor na praviot pat vo idninata.
Prof. D-r Mimoza Ristova PMF-UKIM, 04.11.2009 07:25:24
Енциклопедијата е редакциски и стилски неуедначено здане, покрај навредливите содржини што неумесно ги вметнала. Должината и содржината на одредниците не соодветствва на темите и личностите. Огромен број биографии се соема неподобни за во ЕНЦИКЛОПЕДИЈА. Предлагам на МАНУ да ја фрли на БУНИШТЕ. Не мора да имаме енциклопедија. Немаат сите држави своја енциклопедија. Може да се и се отстапат некомпромитирачкире и ненавредливите содржини на ВИКИПЕДИЈА за на Интернет.
Mirjana, 04.11.2009 09:06:05
Namesto da se izvini i povlece, (kako sto toa go napravi Efremov), Ristovski ja zamajuva javnosta, manipulira so cuvstvata na narodot, predizvikuva etnicki konflikt, se pretstavuva patriot,se so cel da ja svrti vinata kon drugite i povtorno da se izvlece od odgovornost. Od nego dosta e.
Atanasija, 04.11.2009 09:26:08
Не знам за што спорат академиците.велат-некои одредници,а мене ме изненади фактот сто еден телефонски именик,со лицни податоци,е проглсен за енциклопедија.А што се однесува до некои не согласности со лицните податоци на поединци-тие мозат да се коригираат-па место терористи да се стави дека биле туристи-и така тогасната власт на актуелната партија на власт го убедуваше својот народ дека тие што се шетаат по Шар-Планина се туристи кои -непалат македонски села,туку логорски огнови! Енциклопедијата е повлечена,но што со електронското издание,кое мозе да го има секој што знае како да го добие на својот компјутер,што има штампач и тн. Академиците,очигледно,добиваат додаток на -вредност,(која вредност кога самите се негираат ,отстапуваат по гласот на некој незадоволник,а оние другите треба да им веруваат,зашто се платени од буѓетски,односно,народни пари за последните десет години да работат на капиталното дел-што сега го посипуваат со пепел. Чувај Боже од полошо.
Kumanovo, 04.11.2009 09:58:17
Vakvo tretiranje na pisan zbor i literatura nemalo ni vo vremeto na inkvizicija. Zemjata sepak se vrti. Blaze R. na klada.
atanas-vlae, 04.11.2009 10:18:01
Gospoda starci,nema potreba da se trevozite.Vie rabotata ja zavrsivte.Sega kobajagi glumite nevinost.Ste se nastrvile na Blaze Risstovski,kako eden i edinstven krivec.Covekot mozebi navistina e kriv oti pokraj drugoto nemal svoj stav ta slusal drugi a sega go jade kalapot.Blaze napisal vistinski istoriski fakti vo odnos na Albancite i tuka moze site tie novopeceni redaktori da pisuvaat novi odrednici,taa odrednica si ostanuva vo memorijata na narodot.Za drugite odrednici za koi sega dignaa glas ucenite"akademici"ce kazam samo edno:"kasno stize Janko na Kosovo".Ako VIe Drugarisamo malku zirnevte vo rabotnata verzija koja Vi bese redovno DOSTAVENA,nemase sega da tresete.... .A sto se odnesuva do Albancite,zemete ja samo vcerasnata izjava na eden resocijaliziran Albanec(covek od Radusa) i se ce Vi bide jasno.Duri toj za volja na vistinata e i potpretsedatel na Sobranie na ovaa Drzava,blagodarenie na negoviot kalasnikov,koj go nosese vo 2001 godina,za da smiruva etnicki Makedonci,koi ....
ФЕЛИКС, 04.11.2009 10:22:51
Ако се повлече енциклопедијата а се направи нова политички ,,избалансирана,,енциклопедија а при тоа првите го задржат и заштитат авторството,тогаш на сцена имаме црн хумор.Знаејќи да ќе мораат околу десетина год. да ја прават новата енциклопедија многу од академиците нема тоа да го доживеат да ја видат истата.Башка што сега ги нагризува нарушениот комодитет,внатрешните спротивставени ставови.Се на се по здравјето опасно време на живеење на академиците.
Mitko, 04.11.2009 10:41:09
Potpolno se soglasuvam so Mimoza. Dokolku MANU ne e vo sostojba da napravi enciklopedija koja ke zadovoli barem nekoi minimalni standardi, a ocigledno ne e, podobro e da ne se ni obiduva. Postojnata enciklopedija moze da se izdade, no ne kako enciklopedija na MANU, tuku kako enciklopedija na Blaze Ristevski i sorabotnicite. Jasno, site avtori ke treba da gi vratat honorarite, a Blaze posle neka gi isplaka so parite od prodazbata.
pogled, 04.11.2009 10:52:44
1. Електронска верзија на енциклопедијата е достапна до читателите, така што нејзината забрана на печатењето е бесмислена работа. 2. Да се пушти во нормална продажба. На тој начин ќе се покрие еден дел од трошоците за нејзино издавање. 3. Веднаш да се пристапи кон корекција, дополнување, преформулирање на спорните, неквалитетните и несоодветните одредници и т.н. 4. Секое дело, било какво и од било кого, не може да биде совршено. 5. Суетни и љубоморни лица, што подалеку од вакви проекти. 6. Леб и сол, Добри Ставревски, некои понови пеачи (наградувани и општо прифатни), природни убавини заштитени со закон и сл.
dr.minev, 04.11.2009 10:55:09
Blaze Ristovski si ja zavrsil rabotata. Sega treba drugi da ne gibat vo "blazevata" i da napisat nova enciklopedija. I dvete da bidat dadeni na prodazba istovremeno bez da se krie stara ili nova po cekmedzinja vo prodavnici i kupuvacite so licna karta da se registrirat. Narodot ke pokaze koja ke bide poveke kupuvana, podobrata. Neli Ahmeti e za "demokratija".
majka, 04.11.2009 11:06:48
Каде е Инспекцијата на Министерството за култура -да види издавачки договори, Закон за култура. префрлање пари, исплакање, другите државни инспекции? Ова е нацинален срам!Една работа не е изведена како треба. Допрва ке се срамиме од други „проекти“на власта-нобеловци, споменици, цркви...!Оф, леле....
Toshe, 04.11.2009 13:07:34
Блаже прво нека ги врати ХОНОРАРИТЕ, па после нека си остане со своите авторски права. Нема два пати државава да плаќа за нови и нови автори. Нокако и да е, тука работа имаат Антикорупциска, Фин. полиција и ред други инспекции. Исплаќани се 300000 евра, така на диво.
Perica, 04.11.2009 13:18:51
Da se samoraspusti , vednas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Понеделник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |