Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.04.2012, 16:58

Новиот бран влезе во „Бихаќска“

ВМРО-ДПМНЕ, во платен оглас, ги анализира луѓето околу Црвенковски, кои ги смета за „непроменливи и вечни“, иако шест години се во опозиција

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ влезе во нова пропагандна кампања против СДСМ, етикетирајќи повеќемина актуелни и поранешни функционери на сегашната опозиција како „непроменливи и вечни“. Во екот на кадровските рокади во владејачката партија, наречени „нов бран“, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите објавува огласи со фотографии и куси биографии на актуелни пратеници, поранешни министри, директори и обвинители, како и на амбасадори од времињата кога на власт беа социјалдемократите, кои се во опозиција од 2006 година.

Вкупно 28 лица, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, се најдоа на списокот на личности што, според ВМРО-ДПМНЕ, 20 години биле во високата политика, а зад себе не оставиле „ниту една мерка, ниту е��на крупна реформа, ниту едно трајно дело“. Целта на владејачката паартија, судејќи според огласот, е да каже дека нема разлика меѓу СДСМ во 1992 и СДСМ во 2002 и во 2012 година.

СДСМ се огласи со коментар со само една реченица, оценувајќи дека платените огласи на ВМРО-ДПМНЕ се „жално потрошени пари“.

Дел од личностите посочени во комерцијалниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ повеќе години не се активни на политичката сцена, ниту, пак, се многу присутни во јавноста. Но, ним како „грев“ им се припишува тоа што влегле во советите што СДСМ ги основаше во изминатите неколку месеци.

Во огласот што осамна вчера, во дел од печатените медиуми, како вечни и непроменливи се споменуваат и кардиохирургот Борче Петровски, адвокатите Стеван Павлески и Стерјо Зиков, амбасадорот Виктор Габер, универзитетските професори Атанас Вангелов, Таки Фити, Добринка Тасковска... Но, има и имиња на актуелни пратеници на СДСМ, како Радмила Шекеринска, Игор Ивановски, Јани Макрадули...

Социјалдемократите се воздржаа од повеќе коментари за платениот оглас на ВМРО-ДПМНЕ, но затоа подетално ги анализираа новите владини предлози за амбасадори, посочувајќи ги како доказ дека “новиот бран е истата стара приказна на Никола Груевски“.

„Погледнете ги само новите предлози во димпломатијата. Сите се кој од кој помлад, посвеж и поодморен“, иронизираше секретарот на СДСМ, Андреј Петров. Тој го нарече Слободан Чашуле амбасадор уште од комунизмот и човек за сите партии. За Јован Донев рече дека е дежурен бранител на ВМРО-ДПМНЕ, а за Панде Лазаревски дека бил функционер за сите системи.

„За да го надгради и прошири новиот бран, Груевски од нафталин ги извади и Филип Петровски и Лазе Еленовски. Не знаеш кој повеќе партии и државни функции сменил “, рече Петров, кој посочи и дека Груевски е човекот кој во изминатите 20 години најдолго бил во власта, четири години како министер и шест години како премиер. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 7553 пати.

Испрати коментар



Во БиХ осудена првата жена за извршени воени злосторства
Балтичките земји бараат паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ
Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот Ставрески
Собранието избра тројца судии на Уставен суд
Попоски за МСНБЦ - Македонија заслужува членство во НАТО
Арнаудовска - Македонија има капацитети да ги користи ИПА фондовите
Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
Новиот Предлог закон за лустрација пред пратениците
Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
Министерот Попоски во официјална посета на Израел
Илбер Хиса нов амбасадор на Косово во Македонија
Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Иванов - Летонија и Литванија се пријателски земји од кои можеме многу да научиме
Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Груевски - Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ
Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Машина за правење тули згмечи ресенчанец
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД



хуго, 27.04.2012 23:15:38
дпмне наместо да си го гледа сопствениот двор и да каже како ќе не внесе во нато и еу, сеуште не занимава со опозицијата која е опозиција веќе 6та година... ситуацијата е „бриго моја преѓи на другога“....
Трпе, 27.04.2012 23:57:11
Откако овчарот сеуште ја нема завршено селекцијата на своите овци,појке му се допаѓа да гледа во туѓото трло.Кога и самиот не знае што праи во своето трло.Сите знаеме тој работи 25/7,со девизата работи било што ама не седи.А резултатите ач никаде ги нема.Сега му смета што комшијата не размислува како него.Па никој не му сметаше и нему, да продолжи да седи мадро,немаше да ги замрси сите конци,па не знае каде е крајот а каде почетокот.
jovan, 28.04.2012 00:12:09
Koga veke VMRO frla tolku mnogu tugi pari za da *reklamira tugi biografii*, so cel da ne informira i poduci, neli, bi gi zamolil da platat edna reklama, za biografijata na Zingo, i kako se sluci da se najde vo *nivno VMROvsko jato*. Da naucime barem i nie kako se stanuva *uspesen* i se opstojuva preku 20 godini na vlast. Toa bi bilo dosta interesna biografija od koja ima sto da *nauci* ovoj narod, pogotovo mladite. Kolku ke kosta reklamata, neka kosta, nema da se bunime, ovojpat. Od narod, za narod.
Cinizam, 28.04.2012 00:49:19
Жива глупост и приказни за мали деца. Па ВМРО веќе 4 години го финансира СДСМ преку министерството за култура на РМ и пропратните фондови. Какви бранови , какви бакрачи, промени и сл. Кокошот е глуп и недовеген да креира, но е доволно селски лисичаво итар за да потплати кај што треба... Додеке Кокошот е на чело на Министерството сите се раат и се поминува!
seirdzija, 28.04.2012 01:00:35
Uste eden dokaz za idiotizmot na Gruevski i kompanija.Gradjani se ubivaat,narodot zabrzano osiromasuva,a toj seuste so naivna faca...c.c.c...demek ke ne reformiral....Porano za Ljubco se govorese deka ne e normalen,ama ovoj definitivno zasluzuva ludacka kosula,koga vece goli otok e nedostapen...
bez trag, 28.04.2012 01:28:00
Za koj 20 god mislis deka e na vlast,za tebe NIKOLAS GRUCOS ili za SDSM po se izgleda vaka ti se matematikite i lagite pa zatoa sme na ova terege...Za koj promeni mislis kaj tebe za ovie patrioti ili predavnici na Makedonija ti fali uste onoj od kaj LJUPCO sto premina kaj tebe.Kako ne ti e stram so nasi pari vadis fotki vo vesnici od opozicija,pa toa nas ne ne interesira nas ne interesiras ti i tvoeto diktatorsko vladeejne.A da dade GOSPOD sto pobrzo da stanes ti opozicija pa skros da ne ne interesira za tebe poveke GRCKI PATRIOTE...
USA, 28.04.2012 01:55:07
Im go zemaat zdivot. 24/7 Se poveke sum ubeden deka elitata na SDSM ne menja ni ulje na kolite. Taka se zaribuva.
Grujo na drzavna sisa..., 28.04.2012 02:34:56
Otkako ke se nacicaat na drzavna cica i ke porasnat uste malku ( na smetikite vo banka) ke ja zaboravat majkata drzava i ke se odmetnat nadvor niz dijasporata. Tamu pak ke ima dovolno ekstremni Makedonci da im go zemat redot!
ZOKI, 28.04.2012 02:50:55
Nikako da go razberam ovojnov bran i ova dvizenje na golemiot premier sto tolku postignuva(osven sto si gi spasuva i nagraduva bliskite sorabotnici)so toa pa vece edna nedela trubi i go zamajuva narodot .Sto tolku ce se izmeni vo zivotot na obicniot graganin so ova dvizenje.Anoviot brane golema laga so koja gi povlekuva onie sto bea na funkcii i napravija kriminali vo firmite i namesto da gi gonat i da odgovaraat za toa sto go napravija go smislijanoviot branda gi povlecat na posigurno,dodeka se slegne pra{inata a sekoe cudo trae dva-tri dena.Sto se odnesuva do SDSM dozvolete mu na premierceto da dojde kaj Vas da vi sostavi partija po negov vkus,ocigledno deka segasniot sostav na SDSM ne mu odgovara
Krste, 28.04.2012 03:48:46
Taa metla sto cisti tugji kukji nema vreme da si ja iscisti svojata.
jimmy1, 28.04.2012 06:08:48
Pak po staro, sekogas naogaat nekakva glupost samo da go svrtat vnimanieto na graganite, ali i vo toa poveke ne uspevaat. Ova go pravat poradi kritikite od narodot so najnovite unapreduvanja na nesposobnite a nebare sproveduvaat nekakva si cistka. Siromaskiot ni premier neznae sto e razlikata pomegi cistka i unapreduvanje, golem duduk. Ovie nemozat na SDSM nitu voda da mu nosat. Ne samo sto nemozat da se sporedat so rakovodstvoto na SDSM, tuku graganite sto clenuvaat vo SDSM se mnogu posposobni od ovie VMRO-ovci sto ni vodat drzaca. A ovie kako USA, Feliks, Davidcanec, Belceski, Dedo Dimo i nekolku drugi megu koi i nekolku kokoski vusta mozat da gi nosat. Nemam videno tolku zatucani luge da ni vodat drzava, a za tie sto glasaja za niv i da nezboruvame, tie se pozatucani. Od ekonomija nemaat pojma, od matematika nikakva vrska (sekogas ni kazuvaat pogresni brojki i presmetki). Kaj niv treba da fatit nekoj bran i da gi odnesit vo nepovrat.
НЕВЕН ГНЕВЕН, 28.04.2012 07:00:56
Очигледно е дека нешто се случува со Коле. Не е мирен и кога врши прераспределба во неговата енклава, а сака да среди и во спротивниот табор. Нешто како да м�� се плаши. Исто така и СДСМ не седеше без ‘‘АКЦИИ‘‘ кога беше на власт. Ги ограбија и обезвреднија фабриките и претпријатијата, им ги дадоа на уличари и багабонти за беспари, ама после тие, си го отстранија газот. А Ѕинго? Тој е на власт не 20, туку 45 години (Ова е за Јован).
Grof, 28.04.2012 07:31:11
Namesto ds se zanimavaat so vnatresno partiskite sostojbi i deredzeto do koe ni ja dovedoa drzavava, tie kako deca objavuvaat nekakvi albumi so slikicki. Tolku im e banalizirana idejava sto veke samo moze da ima kontraproduktiven efekt. Se prasuvam kade im se onie t.n. zrtvi na tranzicijata? Krajno e vreme i tie da se pojavat vo nekakov spot.
ФЕЛИКС, 28.04.2012 08:03:24
Далеку поголем ефект би имало на пример кога некоја тв куќа го прикаже српскиот ,,ноир,, филм на Ж.Павловиќ ,,Кад будем мртав и бео,, Содржината на филмот и главниот јунак Јанко со прекарот Џими Барка е слика и прилика на состојбите на Бихаќка.Една од одликите на Џими Барка е тоа што фалшиво пее по разни селски сајмови или вашари.Иако од сите присутни е исвиркан и избркан тој е упорен и фалшивоста ја преповторува.Оваа моја идеа е далеку поевтина од платениот оглас во кој фигурираат партиски послушни а несменливи марионети од опозицијата.
Simon, 28.04.2012 08:31:12
E vakvi mifki kako ovie od VMRO nema.Tonat se podlaboko ama ne se otkazuvaat od nivnite gnasni propagandi.Jazak
od ostrijot, 28.04.2012 08:52:32
kako se veli si nemal gavolot rabota pasigi tepal decata pataka i ovije od vmro-dpmne dosega se faleja i lazeja a sega pocna i gluposti da treskat.
Ајван Доктор®, 28.04.2012 09:00:07
Основното прашање кое се поставува е: со чии пари е платен,и дали воопшто е платен огласот?„Фирмата“ BMRO-ΔРПАМЕ должи околу 3 милиони евренца за реклами (според корумпираната Антикорупциска),но тоа е достигнување,никако криминал!Колку вложила во псеудобарокната инсенија е непознато,но изгледа вообичаено им стана да претопуваат од шупливо во празно!Новиот бран со изнемоштени фаци,кои ги уназадија и ги посадија како дипломатски претставници на земјава,повеќе наликува на катаклизма!Ем,неспособни и истрошени,ем ќе ја претставуваат земјава пред светот!Останува нејасно дали,потоа,треба да очекуваме некаков напредок за земјава,или да се прекрстиме и да се помолиме да не нè однесе цунамито!Во меѓувреме портокаловата паства доживува катарза!О,боже,помагај!Не знам дал’ да плачам,ил’ да се смеам?
Омар Муса, 28.04.2012 10:18:00
Има некои , исфрлени од поплавата , како usa , феликсчето , девичанецот , дедо димо ,оливер и Tina Marsovska, што веруваат во нови бранови!
risto, 28.04.2012 10:23:06
Casule vo VMRO?Since na drugar o komitetot eden od dzelatite na Cento,covek sto uzival najgolemi privilegii vo titovo vreme,u vila na Vodno na cist vozduh,setanje so tato ambasador po juzna Amerika ,pa dopisnik ha TANJUG,pa komunjar,pa demokrat pa neznam uste ne...pa sega ambasador na N.G.Covek bez kicma.Lele mori majko!!!
glupost, 28.04.2012 11:19:47
Nevidena glupost!!! Sto mu e gajle na DPMNE za SDSM???? Ako se toa propusti na partijata, taa kje si go plati cehot. Ili mozebi toa pali kaj narodot?! Neka si cisti kaj sebe odozgora na dolu a ne obratno.
Oslo, 28.04.2012 11:26:04
Seblizit sAmitot vo nato so ova vigomatit umotzdazaboravite deka imat samit vo nato kommune glup kllupi ovije vmro ovci zaedno so pastirot
Vlatko, 28.04.2012 11:53:35
Namesto da se zanimava so necistotijata vo svojot dvor sto tolku e natalozena sto ni javno komunalno pretprijatie ne moze da ja iscisti se uste se zanimavaat so tugiot dvor
mj, 28.04.2012 12:04:16
noviot bran na vmro znaci sokrivanje na dosegasniot kriminal,korupcija i diktatura,posto se ocekuva poraz na lokalnite,a isto i prikrivanje na neuspesnoto rabotenje na goca i mvr,nikade vo svet vo kulturni demokratski drzavi vlasta ne se zamara so opozicija zatoa sto imaat povazni raboti kako na pr, ekonomijata,ali kaj nas najvazno e da se zboruva 24/7 za opozicijata ili pa i toa bese vo reformi...
tihi, 28.04.2012 12:33:51
Spored tretmanot shto go dobi ,branot na osvezhuvanje ,vo odredeni mediumi i komentarite za nego ,lesno e da se zakluchi koj najvekje se potresuva od istiot.Rabotava e da ne se setat vlasite.
murto, 28.04.2012 12:42:50
Би било интересно Грујо да го објави во весник фамилијарното дрво како се разгранува во секоја можна пора од државава,а не да се занимава со вакви глупости.Знаеме што мустри биле и предходните, а знаеме богами кои се и што се и сегашниве мустри.Кој знае дали ќе му бидат доста две страни од веснициве.Или игра на картата дека во Македонија живеат слепци и не гледаат што се случува околу нив.
девичанецот, 28.04.2012 13:02:09
Ако Лазе Елен е во новиот бран, бившиот генсек Благоја Ханџо во кој бран е? Во Цунами? Ама сега откога се извини на сите, изгледа брат Љубе ќе биде амбасадор во Загреб.
sam, 28.04.2012 14:39:50
Nov brend?!ta ulicata bihacka uste ne e menvite?!
koki, 28.04.2012 15:31:09
Груевизмот очигледно е далеку поопасен од Комунизмот...........овој народ подобро и не заслужува...........
Трубадур, 28.04.2012 16:42:47
Одамна не сум гледал бокс-меч, ама мислам дека сеуште важат истите правила дека пред секој меч се вршат мерења и ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ на боксерите. Мислам дека истото треба да се прави и пред некој да стане ПРЕМИЕР на Македонија. А, Феликс како и обично-пресипува глупости од шупливо во празно (овие од ДРПАМЕ се махери), а тој заблуден и залуден им верува . Совет=провери си го диоптерот, нешто ,,МАГЛИВО,, ги гледаш ,,рабоќево,,.
tomce, 28.04.2012 18:55:30
vojna za prevlast na dve mafijaski grupi --bez treta opcija krajot ni se blizi kako drzava
teska katastrofa, 29.04.2012 00:11:50
ovie od vmro znaci se teska katastrofa vo nemok da najdat nekoj nov spin za da go odvlecat vnimanieto od demek cistkata sto ja pravat vo svoite redovi sega ke se zanimavaat so opozicija smeski
maca, 29.04.2012 01:24:47
Za prvpat ke se slozam so ekranizacijata na feliks,AMA kako objasnuvanje za oglasot na vmro. Sto e drugo ako ne e falslivo peenje ovoj beden oglas. Z.Pavlovic sum go slusala,ama ovoj Barka ne sum go gledala. Sepak svativ deka dpmne se uporni so svoite falslivi dosetki,ama lugjevo popoleka steknaa imunitet od ovoj vid idiotizam. Ke vi ja otpee narodot sitnata....feliks?!
Stojko, 29.04.2012 18:04:08
@ФеликсПак со опозиција....Изгледа во партијата темите се строго поделени , и тебе ти падна да ломотиш само за Бихаќка. Кутар ти...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |