26.04.2012, 09:33 Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Гувернерот на државата Конектикат Данел Малој потпиша вчера закон за укинување на смртната казна. На тој начин Конектикат стана 17-та американска држава која се откажа од смртната казна.
Законот беше одобрен во почетокот на месецот од Парламентот во државата, во кој мнозинство имаат демократите.
Новиот закон ја заменува најтешјката казна со доживотен затвор без право на предвремено ослободување.
Укинувањето на смртната казна ќе важи само за идни пресуди, но не и за 11-та осуденици, кои веќе имаат произнесено смртни пресуди и чекаат нивно исполнување.
Во изминатите години смртната казна ја укинаа Илионис, Њу Мексико и Њу Џерси
|