27.04.2012, 09:35 Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Покрај со својот домаќин, летонскиот претседател Андрис Берзинс, Иванов ќе има средби и со летонскиот премиер и со претседателот на Парламентот
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Летонија, на покана на летонскиот претседател Андрис Берзинс.
Покрај со својот домаќин Берзинс, Иванов ќе има средби и со летонскиот премиер и со претседателот на Парламентот.
Во состав на македонската делегација е и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според најавите, со министерот за транспорт на Летонија Аивис Ронис ќе потпишат договор за меѓународен патен сообраќај, со кој ќе се воведе либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стоки помеѓу Македонија и Летонија, кој ќе се одвива без транспортни дозволи.
Македонскиот претседател по Летонија, на 29 апри�� ќе ја посети и Литванија каде што ќе има средби со литванскиот колега Далија Грубаускаите, како и со претставници на Парламентот и со министерот за надворешни работи.
Во рамки на официјалната посета на претседателот Иванов и македонската делегација на Летонија и на Литванија, ќе бидат потпишани неклку билатерални договори за соработка.
|