26.04.2012, 09:29 Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Индиската ракета носач ПСЛВ-Ц19 успешно изведе денеска во орбитата нов сателит за далечинско сондирање на површината на Земјата РИСАТ-1, изјави шефот на Индиската организација за вселенски истражувања К. Радхакришнан.
- Тоа е голем успех за земјата, како и 20-от успешен лет на индиската ракета-носач, истакна тој.
Сателитот, кој ќе се користи за набљудување на циколни, прогнозирање на природни катастрофи и проценка на состојбата на земјоделските површини, би разработуван десетина години. Тој тежи околу 1,8 тони и е најтешкиот индиски сателит, изведен во орбитата од ракетата ПСЛВ.
Сателитот чини 3,4 милијарди индиски рупии (речиси 70 милиони долари), додека за создавање на ракетата се потрошени 1,2 милијарда рупии (24 милиони долари).
|