26.04.2012, 14:42 Рудари повредени по одрон на карпа
Двајца рудари се повредени во несреќа во рудникот за олово и цинк „Тораница“ кај Крива Паланка, соопшти полицијата. Инцидентот се случил вчера попладне кога во јамата дошло до одронување на дел од карпа, при што со повреди се здобиле двајца рудари на 48-годишна возраст од Крива Паланка.
Тие се пренесени во Здравствениот дом во Крива Паланка, а по укажаната помош, едниот е пуштен дома, а другиот е задржан на лекување. Надлежните извршија увид и ги истражуваат причините за несреќата. (Г.А.)
|