Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.04.2012, 14:25
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за транспорт на Летонија Аивис Ронис, денеска во Рига во присуство на претседателите на двете држави, потпишаа спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај со која се овозможува либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стоки меѓу двете земји.

Со одредбите од спогодбата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, предвидено е превозот на стоки во билатерала и транзит меѓу двете земји да се врши без дозволи што голема придобивка за македонските превозници.

- Целта на потпишаната спогодба е да се промовира заеднички поволен развој на трговските и економските односи и да се олесни и регулира меѓународниот патен превоз на патници и стока во патниот сообраќај, се вели во соопштението.

Досега Република Македонија има потпишано спогодби за целосна либерализација со Велика Британија, Луксембург, Словачка, Унгарија, Швајцарија и Чешка, а со други 7 земји е овозможено одвивање на билатерален и транзитен превоз без дозволи.

Стратешка определба на Министерството за транспорт и врски е потпишување спогодби со сите земји-членки на Европската Унија со што ќе се воспостави правен инструмент за регулирање на меѓународниот патен превоз на патници и ќе придонесе во решавањето на пристапот на пазарот што е пропишан со законската регулатива на Европската Унија.





Статијата е прочитана 361 пати.

Испрати коментар



Во БиХ осудена првата жена за извршени воени злосторства
Балтичките земји бараат паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ
Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот Ставрески
Собранието избра тројца судии на Уставен суд
Попоски за МСНБЦ - Македонија заслужува членство во НАТО
Арнаудовска - Македонија има капацитети да ги користи ИПА фондовите
Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
Новиот Предлог закон за лустрација пред пратениците
Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
Министерот Попоски во официјална посета на Израел
Илбер Хиса нов амбасадор на Косово во Македонија
Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Иванов - Летонија и Литванија се пријателски земји од кои можеме многу да научиме
Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Новиот бран влезе во „Бихаќска“
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Груевски - Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ
Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Машина за правење тули згмечи ресенчанец
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |