Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.04.2012, 13:06
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово



Тетово - Албански државјанин е фатен при кражба на црква во Тетово. Во кривичното дело учествувале уште две лица, кои успеале да им побегнат на полицајците. Нивниот идентитет е познат, се трага по крадците.

Како што информираше вчера портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски, синоќа крадците насилно влегле во црквата „Св. Димитрија“ што се наоѓа на градските гробишта во Тетово. Најнапред го пресекле катанецот од влезната врата, а потоа пребарале низ храмот. Пронашле и одзеле 900 денари оставени од верници. Веројатно незадоволни од висината на пленот, ја оштетиле иконата на „Св. Димитрија“, а потоа се дале во бегство.

Криминалците потоа се упатиле и во црквата „Св. Никола“ во населбата Колтук во Тетово. Овде наишле на полициска патрола. Полицијата успеала едниот од нив да го фати, додека другите двајца побегнале. Приведениот е од Албанија. Во нашата земја престојувал непријавен, а во себе немал никакви лични документи. Полицијата утврдила дека тој илегално влегол во земјава, а бил инволвиран и во други кражби што деновиве се случија во цркви во тетовскиот крај. Кај него биле пронајдени предмети кои провалниците ги користеле за провалување во објектите. (Г.Е.)





Статијата е прочитана 2069 пати.

Испрати коментар



Организираните убиства имаат свој потпис
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица



Neli vi rekov Kacaci?, 27.04.2012 14:06:14
Edni isti Kacaci poveke od 100 godini doagjaat od Ljuma i ni pravat zulumi i Etnicko Cistenje na Makedoncite kako nisto da ne se slucilo. Dali se po naracka, dali so domasni jataci i informacii kade sto treba da pravat e prasanje na okolnostite, no deka SAMI NA SLEPO NE DOAGJAAT e poveke od sigurno. Zatoa narode, ZAKON protiv takvite dela koi imaat ( pokraj kriminalnite) elementi na etnicko cistenje, omraza, genocid...moda da bidat opfateni so ZAKON sto ke propise deka NEMA AMNESTIJA po nitu edna osnova, a ima moznost i za SMRTNA KAZNA vo zavisnost od tezinata na deloto. Takvite em crkvi ograbuvat em izvrsuvaat i ubistva...pa begaat od Makedonija. Ne se samo Arizona...i tuka gi ima.
Кристофер, 27.04.2012 14:12:23
Сега службите треба да го натераат да каже кои се организаторите и наредбодавачите за етничко чистење, ширење етничка и верска нетолеранција, страв и немир меѓу христијанското население.
revoltiran, 27.04.2012 14:34:41
Bedna ,nesrecna Makedeonija koga mora da zivee so vakvi sosedi..
driton, 27.04.2012 15:24:25
gledam i se cudam dali ste glupi ili so znam..za kakvi sosedi be zboris ti??? sto ke kazes za makedoncite so gi fatija u srbija kako kradat??? a?? kakvi sosedi ste vie???
Risto/, 27.04.2012 18:23:00
Ajde sega braka Albanci, javete se i barem so zbor osudete go deloto sto go napravil. Vie dobro znaete sto znacat za pravoslavniot ikonite i krstot, a kako sto vidovte i na televizija, toj gi frla pozemja i gi skvernavi. Za karikatura na vasiot prorok protestiravte i se zakanuvavte so ubistvo niz celiot svet, a sega ve nema nikade! Ako sve za sozivot, pokazete se sega.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |