Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
29.04.2012, 18:24

Македонското виртуелно село се претвора во реалност

Комплексот куќи, карактеристични за македонск��те краишта, се простира на површина од 15.000 квадратни метри во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“

Бојан Шашевски


Во прегратките на Водно, во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ во село Горно Нерези, интензивно се гради етно-комплексот куќи од различни македонски краишта. На едно место никнуваат градби специфични за селата од Делчевско, Беровско, Кумановско, Кратовско,

Битолско, Прилепско, Скопско, Велешко... Проектот именуван како „Македонско виртуелно село“ замислен како музеј под отворено небо и туристичка атракција со историски и културолошк�� национални белези, од 2007 година помина низ долга постапка за заокружување на парцелата на делот на МПЦ. Лани летото конечно беше поставен камен-темелникот и стартуваа градежните активности, а годинава етно-селото наиде на нова „сопка“. Се најде во списокот за ребаланс на буџетот.

Но, додека во канцелариите се развиваат финансиски дискусии, на теренот кај манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“, градежната приказна си врви прилично спокојно. Министерството за економија потврди дека се скратени дел од средствата за „Македонско село“, но како што велат од таму, ништо забележително што би ја спречило реализацијата на проектот.

Над селото Горно Нерези, на површина од околу 15.000 м2, со полна пареа се развива ново село, со дваесетина објекти. Овде пролетта донесе семејства на кози и птици кои ја разубавуваат природата и даваат посебен шарм на околната живописна шума. Дел од најблиското брдо половично го „сече“ погледот кон скопските згради. Лесно се заборава на урбаниот метеж. Чистиот воздух и пролетната идила ги тера домашните посетители да се присетат дека на истото место своевремено се палеа првомајски огнови, се ширеше мирис на скара и се слушаше пријателски џагор.

Градилиштето вчера го посетија и премиерот Никола Груевски и министерот за економија Ваљон Сарачини. Тие имаа прилика да се уверат во динамиката со која се одвиваат градежните активности.

Во етно-селото повеќето објекти ги имаат добиено препознатливите основни градежни линии. Се „перчат“ чардаци, а веќе се поставуваат и ќерамидите и почнуваат да се прават фасадите. Раководителот на градилиштето, Ацо Кочовски, вели дека иако се работи со модерни материјали, куќите ќе си ја зачуваат својата автентичност. На долниот дел од градбите ќе биде обезбеден простор за претставување на локалните занаети, како обележје на регионот што го претставуваат. Така, низ уличната калдрма посетителите ќе можат се запознаат со машини за нижење тутун, ковачница, ткајачница, грнчарница, изработка на филиграни, винска визба, дуќани за бочви...

„На приземјето ќе има карактеристични работилници за стари занаети, додека вторите катови се предвидени како преноќувалишта. Се работи за модерна контрукција со традиционален изглед, со соодветна термичка изолација и ѕидови полни со земја. На поголемиот дел од куќите останува да се постави уште гипс-картон и да се глетува. За десетина дена се' ќе биде бело, многу од фасадите ќе си го добијат потребниот изглед“, вели Кочовски.

Сите објекти ќе имаат приземје и апартмански дел на првиот кат, а единствено галичката, струшката и римејкот на куќата од селото Река ќе бидат на три ката.

Тетовската фирма „Ак-Инвест“, изведувач на проектот вреден 3,5 милиони евра, се соочи со проблеми во текот на зимскиот период. Првичниот рок за изведба на проектот бил октомври, но, поради големиот студ и мраз финишот на градежните работи е одложен за крајот на декември.

„Ќе доцниме неколку месеци, но, ништо страшно. Освен поларната зима, наидовме и на други препреки. Имаше локална патека која мораше да се ’пресече’ со градежната парцела, па наидовме на реакции од локалните жители. Мораа да интервернираат од Министерството за економија за да се најде компромис со селаните“, раскажува раководителот на градилиштете, додавајќи дека со струја се снабдуваат од манастирот „Св. Пантелејмон“, а вода земаат од Горно Нерези.

„Секој момент треба да дојде ЕВН да постави трафостаница и да приклучи струја. За поставување на инсталациите за вода ќе треба да се координираме со инвеститорот, односно, со Министерството“, вели Кочовски.

„Македонското село“ ќе биде оградено со ѕид од камења. На влезот има пријавница, а во комплексот ќе има дел за продавница, како и „стопански дел“ со воденица, штала, валавница и трло. На ’средсело‘ ќе тече чешма. Централниот извор на вода е замислен како поток со каскади кој ќе се прелева во удолниот дел на селото.

„Сретсело, близу чешмата се прави етномузеј, а тука ќе има и ан со ресторан, кујна, санитарни јазли... На туристите ќе им биде овозможено да се запознаат со богатата традицијата на селата, а наедно да бидат послужени и со автентична храна“, вели Кочовски и најавува дека наредната зима ќе се изработува ентериерот во куќите, за што Министерството за економија дополнително ќе бара проектант.


Статијата е прочитана 2854 пати.

Испрати коментар






petre, 30.04.2012 08:31:57
objektite ne se avtenticni od navedenite regioni. ne se izbrani najdobri primeroci od narodnata arhitektura. Vprocem i ne moze na Vodno da lici ohridska kuka. Ne moze keramidata da ja zameni kamenata ploca, pogledajte ja zidarijata so kamen, detalite na drvenite elementi i da ne nabrojuvam.... Dosta koncentracija na gradbi na Skopje. Gi zapustivme site interesni naselbi vo Makedonija. Ako ovie milioni evra se isturea vo Mariovo,Malaoista, Galicnik, Jance, Brezno,Krusevo, Novo selo... Kolku etno naselbi ke dobievme i kolku sela ke zaziveea???
Hari, 30.04.2012 09:45:37
Drzavata e bankrot, fasizam instaliran, narodot gladuva a nie pravime budalastini. Za ova glasase glupoto maedonce-NAZDRAVJE.
Risto Andov, 30.04.2012 10:08:52
На падините на водно кај манстирот Нерези еве се гради Етно македонско село. Претседателот Груевски побрза истото да го прогласи за туристичка атракција. Јас како активист во еколошката сфера, по којзнае кој пат протестирам и велам: Подалеку канџите на урбано политичката мафија од заштитениот простор на Парк шумата Водно, зелените дробови на Скопје! Имено: Набргу по ослободувањето на Македонија и победата над фашизамот, ненародната комунистичка власт масивот Водно го прогласу за заштитена зона а подоцна и за Парк шума Водно! Потоа просторот на масивот Водно беше пошумен со доброволна работа на граѓаните. За да опстои шумата беше иселено селото Грно Водно а селото Горно Нерези скоро испразнето. Беа отстранети и козите како штетници за младата шума. За жал, подоцна другарите посакаа скопското простољудие да го гледаат од висина! На падините на Водно изникнаа населби, резиденции, вили. хациедни итн. За време на Плурализамот тој тренд на узурпација на заштитениот простор, за жал, продо
гипскартон, 30.04.2012 12:08:38
Останувал уште да се стави гипскартон и да се глетува ??? Која традиционална македонска куќа е правена со гипскартон?
STARA SKOPJANKA, 30.04.2012 13:07:07
Naseto Skopje se ogrduva so gradbi nai bilosto, nareceni *barok*. Vodno koe vo vremeto na *komunjarite* kako decodevme da go posumuvame( vistinski sadevme, iako ne 6-7 miljoni drvca kako sega),no toa ni go razubavi i gradot i okolinata. Do nekade 75-80 godina, bese ZABRANETO da se gradi, pogore od poslednite kukji na Dolno Vodno i nekogasnata *Panorama*, a vo gradot vo zeskite letnite denovi, sekogas pirkase blag vetrec. Seloto Nerezi kaj manastirot postoese, no poleka se praznese, akukjite kako i mnogu selski kukji niz MK. propagjaa.Sredstvata za ovoa smesno kuc vestacko selo koe sega se grad, mozea da posluzat da se obnovat nasite prvi sela i da se razvie vistnski selski turizam Vistina vo Barcelona postoi eden kvart sto se vika Pueblo espanjol, no vo nego lugjeto zivzat,odat na pazar, decata na skolo,a turistite uzivaat vo vistinskot *pueblo*. Zosto sakame da bideme zabata koja ja podiga nogata za da se potkova kako konjot? Ne e vreme, za da se igra majtap so makedonskiot narod!
Zny, 30.04.2012 16:30:46
И додека вистинските автентични села умираат низ Македонија...
zik, 30.04.2012 16:32:06
arno selo gradime ama selani kaj da najdime!? -vo parlamentot! -pa oni se pokondurija!
Ајван Доктор®, 30.04.2012 17:07:54
Со Македонија владее инсенијата!Се каса��ат зелени површини и повеќедецениска шума на Водно за да се задоволи нечија суета и неизживеаност!Ќе се правела „туристичка атракција“со туѓи пари!Сè нешто „етно“„ретро“и „виртуелно“!Изгледа,покрај „преродба“и „градиме“тоа се омилените зборови на пастирската идила!Каква неверојатна магија!Прават нови градби за да изгледаат како стари,а старите ги уриваат!Ова е веќе пошаст!Вакви штетници Македонија нема видено досега!Немилосрдно се трошат парите на граѓаните за непродуктивни проекти со цел да си ја остават својата смрдлива уреа за да обележат своја територија!Уринираат врз Скопје,сечат повеќедецениски дрвја,а Водно е веќе претворено во урбана област во која се кочоперат новокомпонираните граѓани!Преродбата,стана цунами кое урива сè пред себе и сè што ги потсетува на минатото!Урбаната мафија под патронат на власта дивее низ Скопјево!Можеби таа станала власт?Ако не се сопре градежната активност на Водно ќе останеме и без него и без зеленилото!
лажга, 30.04.2012 19:38:52
Навреда на интелегенцијата на евентуалните странски гости. Ем навреда ем лага.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |