29.04.2012, 16:17 Поглед
Детонација на тишината
Горан Адамовски
Што се случи со „��етонатор“? Акцијата за рачистување на криминалот во Источна Македонија одамна не е на менито на властите и на јавноста. До детаљ следените активности во големата акција, за која понекогаш се организираа и по две прес-конференции на ден, веќе ги нема во агендите.
Тишината ја прекинаа најавите од судот дека можеби и судија е вмешан во матните бизниси.
За волја на вистината, „Детонаторот“ беше преклопен од трагичниот настан кај Смилковското езеро. Целото внимание на полицијата се фокусира таму за да се најдат суровите убијци, а и јавноста, сосема логично, го пренасочи интересот кон ова незапамтеното злосторство.
Но, тоа не значи дека веќе не треба да се работи на случајот, кој беше поздравен од мнозинството граѓани. Токму и поради нив, полицијата има задача да ги открие одговорите на клучните прашања, кои неколкупати си ги поставија и самите: како тоа покер-апаратите биле прошверцувани во земјава и со чија поддршка се одвивал нелегалниот коцкарски бизнис. Надлежните најавуваа дека помагатели на криминалците ќе се бараат и во Царината, полицијата, судството и обвинителството. Нема да се заштити никој. Кој се офајдил со нечисти пари, сега ќе одговара.
Но, времето врви, резултати нема. Досега акцијата резултираше единствено со смени на полициски функционери, за кои нема докази дека соработувале со криминалците, но се виновни што пред нос им се случувал Лас Вегас. Имаше и апсења на поситни играчи, но главните риби уште се' во вода. Да не испадне дека во помалите градови во земјава, каде секој се знае со секој и каде секој знае се' за секого, немало кој да види и да чуе за коцкарскиот бизнис.
|
|
Статијата е прочитана 2923 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 30.04.2012 00:58:59 | Akcijata na pocetokot bese najavuvana kako rascistuvanje so strukturi koj prevzele celi gradovi, regioni, kade sto sproveduvale svoj pravila, reket, teror....i deka toa ne se slucuva samo vo Kocani, nego i niz drugi gradovi/regioni. Najavija deka posle Kocani ke prodolzat i vo drugi gradovi, pa duri i vo zapadnite reoni. Toa bese prvicnata najava, no izgleda vednas im trgna *nesto naopaku*, pa se prefrlija na lovenje poker aparati i video igri, za da posle incidentot so ubistvata, prekinat skroz. Dali ubistvata se povrzani so akcijata, toa ostanuva vo sverata na spekulacii, no po analogija kako rabotat ovdesnite kriminalno-politicko-tajkunski strukturi, ne e isklucena moznosta deka im e zapreteno so destabilizacija na drzavata dokolku se prodolzi so cepkanjeto tamu kade sto nesmeat da cepkaat. Ostanuva da vidime dali rascistuvanjeto so visokiot kriminal ke prodolzi, i kako, ili pa se KOMPLET ke se zaboravi. I ubistvo i detonator. |
| mile, 30.04.2012 07:51:30 | По се изгледа налетаа на нешто крупно, изворно ВМРО-вско, и нормално...........мораат да го забошотат......тоа и на Феликс му е сосема јасно.......... |
| Vinica, Kocani, 30.04.2012 11:13:18 | Da! se se zamrzna otkako se sluci ubistvoto kaj Smilkovskoto ezero, zar nema da bidat kazneti kriminalcite, zar pak ke prodolzi po staro, ne e samo aparatite za kockanje, kade e prodavanjeto na droga, raketarstvoto, prodavanje na mladi devojcinja, guzvite po gradovite, tepacki, seto toa ke go pregoltneme i pak ke ziveme vo strav, kako moze da se oslobodat takvi zlostornici koi go unistuvat sekojdnevniot mir vo gradot. Pa ako se i sudite vmesani vo ova treba i za niv da se podnese krivicni prijavi i da se smenat od funkcija. Nikade vo sveto ne e zastiten kriminalit za da bidat zastiteni i vo Makedonija. Se sto zborevte i sto gledavme na televizija da go zaboraveme, kako da bideme mirni i pak da si gi pustame decata po diskoteki vo koe se prodava droga. Mislam deka ovoj problem treba stvarno da se resi. Ocekuvame golemi kazni na pritvorenite. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 26°C
Ведро
|
Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
|
Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
|