Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.04.2012, 15:38
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество



Од ВМРО-ДПМНЕ ги охрабруваат сите оние кои мислат дека можат да дадат придонес во таа насока да аплицираат на огласите за раководните места ќе бидат зафатени од промените

Новиот бран на промени што го најави ВМРО-ДПМНЕ и кој веќе почна да се реализира, според партијата има за цел да мобилизира, соединува, да донесе свежина, дополнителен раст и да создава успеси. Затоа, од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат и охрабруваат сите оние кои мислат дека можат да дадат придонес во таа насока да аплицираат на огласите за раководните места ќе бидат зафатени од промените.

- Овој процес нас не соединува со граѓаните од нашето секојдневие. Затоа ве повикуваме да се приклучите! Се охрабруваат сите оние кои сметаат дека се квалитетни и може да помогнат да се приклучат и кон партијата, а и да аплицираат по институциите за раководни места на огласите. Изборот ќе биде според материјалните закони од соодветната институција и во изборот ќе учествуваат стручни тимови. Знаеме дека ова некому ќе му изгледа преамбициозно, дури и неостварливо, знаеме дека некои ќе се обидат да го девалвираат овој потфат или да го обезвреднат, но ние од тоа не се плашиме и тоа не не колеба, рече на денешната прес-конференција Илија Димовски, Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека во изминатиот период многумина се сомневале во многу работи, но биле демантирани. - Успевавме во работи кои изгледаа неостварливи во изминатиов период. Приклучете се. Има уште доста предизвици пред нас, и ние сме свесни за проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани, но верувајте - Ќе успееме! Македонија ќе успее!, рече Димовски.

Тој истакна дека промените се неопходни да за се дојде до успех во сите сфери.

- Успехот е резултат на голем број правилно донесени одлуки. Успехот е резултат на континуирани промени и учење од сопствените грешки. Успехот е резултат на постојаната потрага по ново, на постојана работа и надоградување, на постојано освежување и реформа, на желбата и волјата да се направи подобро за граѓаните и да се биде подобар од конкурентите. Да се постави пример како се организира политичка партија, како се подготвува програма, како се исполнуваат ветувањата, како се држи до зборот, како да се даде отчет пред сопствениот народ, рече Димовски.

Според него, иако во минатиот период ВМРО-ДПМНЕ вложила голема енергија за да ги реализира ветувањата на изборите и направила многу со реализација на околу 2.000 проекти, мерки и реформи во сите области, сепак, како што рече, има простор за уште, потребно е уште повеќе и дека партијата тоа го знае бидејќи го слуша сопствениот народ.

- Наша цел е континуитет во реформите, постојаност во силата со која се спроведуваат проектите и мерките. И тука нема застанување. Нашата цел е секогаш подобра и по просперитетна Македонија! Новиот бран, кој го промовираме е тежнеење кон овие цели. Со Новиот бран, партијата добива димензии на движење, тоа е момент кога продолжуваме со мобилизација, кога продолжуваме со нашиот познат интензитет, продолжуваме со освежување на капацитетите и потенцијалите, со реорганизација на структурата, продолжување со нашиот начин на работа, со постојано подобрување, со зголемување на ефикасноста кон граѓаните, со исполнување на нивните очекувања, со надминување на предизвиците и справување со пречките, кои се воочени, но и со многу нови мерки и реформи, кои ќе дадат нова вредност на нашето живеење, рече Димовски.

Никогаш не сме велеле дека се ќе подобриме и решме, но, додаде, ќе направиме максимум за да ја продолжиме нашата посветеност, работа и труд, ќе ги остваруваме нашите ветувања, реформи и предвидени мерки, за да овозможиме подобар живот на граѓаните и зад нас да оставиме трајни дела.

















Статијата е прочитана 1363 пати.

Испрати коментар



Во БиХ осудена првата жена за извршени воени злосторства
Балтичките земји бараат паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ
Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот Ставрески
Собранието избра тројца судии на Уставен суд
Попоски за МСНБЦ - Македонија заслужува членство во НАТО
Арнаудовска - Македонија има капацитети да ги користи ИПА фондовите
Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
Новиот Предлог закон за лустрација пред пратениците
Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
Министерот Попоски во официјална посета на Израел
Илбер Хиса нов амбасадор на Косово во Македонија
Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Иванов - Летонија и Литванија се пријателски земји од кои можеме многу да научиме
Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Новиот бран влезе во „Бихаќска“
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Груевски - Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ
Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Машина за правење тули згмечи ресенчанец
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД



tomo, 26.04.2012 16:16:39
Krajno licemerie na neuspesnite.
gragjanin, 26.04.2012 16:27:25
Hahaha...(dali da se smeeme ili placeme)toa se Novite brancinja ili dalgi za da se prikirijat BRANOVITE na Zeleznikarskoto ezero!Farsa!Za zal!Se nadevam ce gi stigne kaznata Gospodova site involvirani vo ovaa tragedija za Makedonija!Od sumata CUDA ne se gleda drvoto..ofamanaman!!!
mitre, 26.04.2012 16:35:50
По се изгледа морониве од власта веќе увидоа дека длабоко заглибија, ама сега кој човек со здрав разум би им се придружил после овој пустош што го оставија зад себе?????????
pile, 26.04.2012 16:49:14
Успевавме во работи кои изгледаа неостварливи во изминатиов период(I.D.)Aman nemoj poveke da uspevate tolku mnogu kako vo izminative 6 godini na vladeenje.Kako sto sum zapoznaen timot sto gubi prvo ponuduva ostavka trenerot,a ovde samo igracite se vinovni i iznudeni ostavki, osven prviot Minister za finansii.Eve jas go predlagam G-din Vane Cvetanov za Direktor na teloto(koj znae kako go krstivte) za borba protiv perenje na pari i da formira svoj tim, Vasata Komisija ke go primi neli.A koj toa proekt zavrsivte Zakonito i profesionalno G-dine Dimovskai,Voveduvanje na fiskalni kasi,subvencii za treto dete,reforma vo sudstvoto a slusame Pretsedatelot na Vrhoven se poplacuva za sredstva po 6 godini vladeenje na DPMNE,Reforma vo policijata bez oprema od 2009 godina,Ve molam G-din Ilija zarem mislite site se bolni za vlast za da gi proglasite utre za neuspesni i glavni vinovnici,povelete podelete si gi resorite i prodolzjete si so Vaseto katastrofalno vladeenje na koe mu se gleda krajot.OSTA
asan-bey, 26.04.2012 17:42:08
e kolku bese vo krivo tatko mi. mi vikase uci sine, ucenite vladeat so svetot. ama vo ovaa skapana zemja vladeat vtoro oddelencite, povtoruvacite i tepacite so kremenadlite na vratot. a, gi zaboraviv i vecnite studenti (mora da priznaeme deka gi ima malku vo vemereto posto povece se so osnovno obrazovanie). jas sum doktor na nauki i zatoa imam neksmet da se prijavam vo na grujo partijata za dobroto na nacijata.
Filmofil, 26.04.2012 18:01:36
Filmski Fond=Eurimage, Fokus in, klinicki centar, turistički agencii, Sub produkcija.... SRAMOTA!!!
УРГЕНЦИЈА ОД ПАЦИЕНТИ, 26.04.2012 18:12:30
СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ЗДРАВСТВОТО КОИ СЕ 6 ГОДИНИ НА РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ПОТРЕБНО Е ДА СЕ СМЕНАТ.ТИЕ ВЕЌЕ СТАНАА РАКОВОДИТЕЛИ КАКО НА ПРИВАТНИ ФИРМИ.ДОСТА ОД НИВ СИ СТВОРИЈА УБАВИ КАПИТАЛИ.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |