26.04.2012, 14:19 Џафери - Хоџај: Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Македонија и Косово се две држави кои имат одлични односи. Македонско-косовската граница е единствената демаркирана граница што значи дека двете земји се пријателски земји и немаат територијални претензии. Скопје и Приштина имат добра соработка и во економската, политичката и културната сфера.
Ова денеска во Приштина го оценија вицепремиерот на Македонија Муса Џафери и министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај по заедничата средба со косовскиот премиер Хашим Тачи.
Хоџај изрази задоволство од средбата со Џафери, истакнувајќи дека ваквите посети ги потврдуваат одличните односи со Македонија.
- Освен тоа, Косово со Македонија имаат потшишано 14 билатерални договори што зборува за одлични односи и соработка. Македонија е наш економски, политички и меѓународен партнер. Косова ја подржува Македонија во нејзините интегративни процеси, изјав�� на прес-конференција министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај.
Тој посочи дека зборувале за изградбата на автопат меѓу двете земји и за отворање нови гранични премини, кои би помогнале на економскиот развој и слободното движење на граѓаните.
Вицепремиерот Муса Џафери рече дека Македонија и Косово имаат заедничка иднина во нивниот пат кон интеграцијата и добра соработка што секој ден се повеќе се подлабочува, и помага двете земји да чекорат кон заедничката европска иднина. - Ние како две соседни земји имаме потреба да се консултираме меѓу себе за нашиот пат кон интеграциите, изјави Џафери.
Вицепремиерот Џафери оцени дека Македонија ја подржува Косовската влада во своите напори за интеграција на северот на Косово.
Потенцира дека Пакетот на Ахтисари и Охридскиот договор се меѓународни договори што ги гарантираат правата на етничките заедници и договори што го исклучуваат насилствто.
Владите на Македонија и на Косово ќе работат на зголемувањето на инестициите меѓу двете земји, постигнувајќи инфраструктурни услови за бизнисот и слободната трговија.
Џафери објасни за косовските медиуми за договорите на Македонија со Албанија и со Србија за слободно движење на граѓаните само со лични карти, најавувајќи таков договор и со Косово, штом косовските граѓани ќе се стекнат со биометрички лични документи.
Вицепремиерот Муса Џафери во рамките на посетата на Косово ќе се сретне и со косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли.
|