Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
27.04.2012, 11:37
Груевски: Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ



Премиерот во Варшава учествуваше и се обрати на бизнис форумот „Полска – Централна Европа – Кина“, чиј што домаќин беше полскиот премиер Доналд Туск

Средбата на премиерите на земјите од Централна и Источна Европа и Кина заврши многу успешно и тоа беше добра можност за остварување повеќе средби, неформални и формални, за главните прашања кои што нас не засегаат, особено прашањето поврзано со членството во НАТО и во ЕУ, бидејќи поголем дел од нив се нивни членки.

Ова го изјави премиерот Никола Груевски во Варшава каде што учествуваше и се обрати на бизнис форумот „Полска – Централна Европа – Кина“, чиј што домаќин беше полскиот премиер Доналд Туск.

- Можам да кажам дека во основа ние ја имаме поддршката од овие држави и дека тие го разбираат нашиот проблем и на некој начин во целиот изминат период, а се надевам дека и во иднина, во ��ној капацитет колку што тие можат да помогнат, ќе и помагаат на Република Македонија, рече Груевски.

На средбата со полскиот премиер Туск, потенцира, во најголем дел се осврнале на прашањето поврзано со членството на Македонија во НАТО и во ЕУ.

- Детално ги образложив проблемите со кои се соочуваме со Грција и укажав дека од декември минатата година имаме нов момент, а тоа е Хашката пресуда која јасно кажа дека Грција е виновна во делот на прекршувањето на договорот од 1995 година и дека го прекршува меѓународното право. Укажав дека Судот не очекува Грција тоа да го повтори во иднина и дека Македонија во целиот изминат период не го прекршила договорот и разговарала со добра волја за да се најде решение, посочи Груевски.

На полскиот премиер му кажав, наведе, дека на некој начин ако НАТО продолжи да го игнорира овој договор, независно од кои причини, дали од тоа што се надеваат дека ќе се најде брзо решение со Грција или заради принципот на солидарност, дека Алијансата во очите на македонската и на светската јавност ќе се стави во ситуација да не го почитува меѓународното право.

- Тоа мислам дека не е нешто што го посакуваат земјите-членки на НАТО и Алијансата како институција, и дека треба да најдат начин малку посериозно и посилно да ја охрабрат Грција да најде решение како да го надмине овој проблем во кој самата се заглави и не заглави нас уште од почетокот на деведесеттите години од минатиот век, истакна Груевски.

Побарал понатамошна поддршка од Полска, која што од 2005 година ја призна Македонија под уставното име, при што било укажано дека Варшава и понатаму ќе остане поддржувач на македонскиот пат за НАТО и за Европската унија.

- На средбата со полскиот премиер Туск констатиравме дека имаме билатерални релации кои се одлични, пријателски и без отворени прашања. Единствено во полето на економијата може да се направат повеќе контакти во иднина. Го поканив да ја посети Македонија и да донесе поголем број на компании за да има бизнис-форум, да се сретнат со нашите компании, да разговараат директно и можеби да склучат некоја зделка, рече Груевски.

Најави дека следната година дека се планира роуд-шоу во земјите на Централна Европа меѓу кои и во Полска. Премиерот Туск ја поздравил идејата, ја оценил како одлична, и дека има полна поддршка од полската Влада.





Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар



Во БиХ осудена првата жена за извршени воени злосторства
Балтичките земји бараат паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ
Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот Ставрески
Собранието избра тројца судии на Уставен суд
Попоски за МСНБЦ - Македонија заслужува членство во НАТО
Арнаудовска - Македонија има капацитети да ги користи ИПА фондовите
Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
Новиот Предлог закон за лустрација пред пратениците
Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
Министерот Попоски во официјална посета на Израел
Илбер Хиса нов амбасадор на Косово во Македонија
Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Иванов - Летонија и Литванија се пријателски земји од кои можеме многу да научиме
Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Новиот бран влезе во „Бихаќска“
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Машина за правење тули згмечи ресенчанец
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД



пријател, 27.04.2012 16:12:17
Драги премиеру,велите:„ Ако НАТО продолжи да го игнорира овој договор...“ Кој тоа договор НАТО го игнорира? Со кого тоа НАТО има склучено договор па сега го игнорира? На што се однесува тој договор што НАТО го игнорира? Какви обврски и према кого превзел обврски НАТО со некаков договор што продолжува да го игнорира?И зошто НАТО би ја „охрабрувал“Грција да најде решение,кога Рез.817,одлуките на НАТО и ЕУ и судот во Хаг бараат двете држави да најдат заедничко решение ВО МЕЃУСЕБНИ ПРЕГОВОРИ?Можда премиерот не ги разбрал, па мисли дека Грција сама треба да најде решение?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |