26.04.2012, 09:23 Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
На депонијата „Дрисла“ ќе сев спроведе јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост
Координативното тело за интелектуална сопственост формирано од Владата на Република Македонија, традиционално на Денот на интелектуалната сопственост, на депонијата „Дрисла“ ќе се спроведе јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост.
Предмет на уништување ќе бидат производите одземени при координираните акции на Координативното тело за интелектуална сопственост и од одделните акции на државните инспекциски органи со кои биле повредени правата од интелектуална сопственост во тековната година за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки на надлежните судови.
Со тоа ќе се придонесе за подигање на јавната свест со цел јавноста повеќе да се запознае со значењето на правата од интелектуалната сопственост.
|