26.04.2012, 13:21 Цела Норвешка запеја против Брејвик
Гетеборг - Денеска во Осло и низа други норвешки градови на масовни демонстрации норвешки граѓани ја запејаа песната која масовниот убијец Андерс Беринг Брејвик најмногу ја мрази. Станува збор за норвешка верзија на позната песна „Деца на виножитото“, за чиј автор Лилебјорн Нилсен, Брејвик во судницата рече дека е марксист, посочувајќи ја песната како пример за начинот на кој, според него, на норвешките деца им се врши „перење на мозокот“.
Тоа беше повод преку „Фејсбук“ да биде иницирана акција преку кој Норвежани беа повикани да се соберат и да ја запеат споменатата песна во близина на Општинскиот суд во Осло, каде што е во тек судскиот процес против Брејвик. Текстот на песната „Деца на виножитото“ содржи порака дека “сите заедно треба да ја делиме земјата и нејзините ресурси“.
|