26.04.2012, 15:17 Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Македонски хакер е уловен во мрежата на американската служба ФБИ, во голема акција за разбивање на меѓународна група која се бавела со компјутерски криминал и се заканувала да направи штета од 500 милиони фунти. Станува збор за 25-годишно момче од земјава чиј идентитет не се открива, а покрај него се приведени и двајца британски државјани на возраст од 23 и 27 години од Бирмингем и Лондон.
Македонскиот хакер , според досегашните сознанија, не се познавал лично до Британците, туку целата соработка одела преку интернет. При претрес во неговиот дом одземен е компјутерот кој дополнително ќе се вештачи по што ќе следува соодветна пријава. Според досегашните сознанија, улогата на македонскиот хакер била да оперира со една од интернет страниците на кои биле нудени и препродавани украдените податоци од кредитни картички, за што добивал надомест.
(Поопширно во утрешното печатено и елекронско издание на „Утрински��)
|