26.04.2012, 14:48 Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Компанијата воведува и нов 2 Max Basic пакет кој вклучува говорни услуги и MaxTV телевизија, за 799 денари месечно
Македонски Телеком од почетокот на идниот месец ќе ги намали цените на фиксното портфолио до 20 проценти и ќе воведе нови пакети, како и дополнителни содржини во постојните.
- Со комплетното ревидирање на портфолиото се опфатени сите услуги од фиксната телефонија, говорни и интернет услуги и телевизијата. Посветени сме на остварување на нашата стратегија за зголемување на употребата на интернетот во земјата и сметам дека она што го правиме е голем придонес кон таквите промени. Покрај намалување на цените ќе ја збогатиме вредноста и содржината опфатена со тие цени и пакети, рече Даниел Сас, главен извршен директор на МТ.
Со намалување на цените на услугите од нашето портфолио го следиме пазарот, но пред се ги пресретнуваме барања на корисниците за поголема достапност на нашите услуги, додаде Сас.
Според најавените новини, корисниците на 3 Max пакетите од 1 мај добиваат намалување на цената до 20 отсто и неограничен MaxADSL интернет и бесплатни разговори.
Компанијата воведува и нов 2 Max Basic пакет кој вклучува говорни услуги и MaxTV телевизија, за 799 денари месечно, како и нова опција за корисниците на MaxTV „ТВ-тека“ со која ќе можат да ја гледаат програмата од последните три дена која што ја пропуштиле.
Во 3 Max Comfort пакетот со новините МТ вклучува и мобилен интернет со сообраќај од 2GB, бесплатен НВО пакет, како и неограничени бесплатни разговори од фиксната мрежа кон 50 држави.
Од 1 мај во месечната претплата од 499 денари за фиксна телефонија се вклучени и неограничени бесплатни разговори во мрежата на МТ.
МТ ја намалува цената и го зголемува интернет сообраќајот во Call и Surf пакетите, услуга која може да се добие за 799 денари.
|