Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.04.2012, 14:24
Владата ќе ја укине забраната за откуп на старо железо



Владата на вчерашната седница ги усвои предложените мерки за укинување на Наредбата за забрана за вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг, информира денеска министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми по средбата со претставници на Здружението на црна и обоена металургија и Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија.

Министерството во рок од 15 дена треба да подготви измени во Законот за управување за создавање правна рамка за примена на предложените мерки. Во делот на прекршочните и кривичните санкции предвидено е да се воведат прекршочни и казнени мерки - одземање дозволата за вршење дејност, конфискација на имот и забрана за издавање нова дозвола за нов правен субјект, како и забрана за вршење на дејност постапување со отпад за истиот сопственик во рок од три години, заради избегнување на фискални манипулации.

Да се забрани исплата во готово за откупениот отпад од физички лица, односно да се воведе плаќање преку трансакциска сметка врз основа на склучен договор на дело. За физичко лице при продажба на отпад во лична сопственост да се воведе ограничување до 20.000 денари годишно, во спротивно ќе треба да се достави барање за добивање дозвола за вршење дејност трговија со отпад.

Правните лица кои сакаат да добијат дозвола за постапување со отпад при аплицирање, како што истакна, треба да се воведе услов за обезбедување финансиска гаранција или соодветно осигурување чиј корисник ќе биде МЖСПП која ќе може да се активира доколку се откријат неправилности во работењето на правниот субјект.

Според Адеми, предвидено е да се востановат две категории дозволи, за правни лица кои ќе вршат преработка, третман, складирање и извоз на отпад и за правни лица кои ќе вршат само преработка, третман, складирање и внатрешна трговија и да се утврдат условите за нивно стекнување.

Како мерка е предвидено да се утврдат услови во кои зони нема да биде дозволено изградба на инсталации за преработка, третман и складирање отпад, но и да се утврди минимална површина на просторот за собирање отпад. Услов за добивање дозвола за работење со отпад е воведување задолжителна употреба на софтвер кој ќе биде поврзан со ресорното Министерството преку кој ќе се води евиденција на сите исплати за откупен отпад од индивидуални собирачи.

Исплатата на откупениот отпад од индивидуални собирачи треба да се врши исклучиво преку трансакциски сметки, со што, рече Адеми ќе се врши контрола од каде е добиен тој отпад, но и каде ќе се продава.

- Утоварувањето на отпад во транспортни возила ќе биде дозволено само на одредени локации кои треба да добијат посебна дозвола за тоа каде, за што ќе треба да поседуваат специјален 24 часовен видео надзор за мониторирање на постапката за утовар. Видео надзорот ќе биде поврзан со серверот на Министерството и да биде со минимална брзина која ќе овозможува добро и јасно пренесување на сликата, Како и да се обезбеди 24-часовно следење на видео надзорот од Државниот инспекторат за животна средина, а инспекторите ќе имаат право да вршат надзор заради преглед и остранување на отпадот од дворовите, како и одземање на најдениот отпад, истакна Адеми.

Видео надзор кој ќе биде поврзан со софтверот во Министерството ќе има и во леарниците и во железарниците.

Тој додаде дека предвидено е да се воведе и задолжително означување на возилата за трансопрт на отпадот со посебни ознаки, и да се утврди овластување на министерот за животна средина и просторно планирање за пропишување на начинот и формата на означувањето,...

Министерот Адеми посочи дека е предвидено и да се донесе правилник за изменување на формата и содржината на дозволата, барањето и регистарот за издадени дозволи за трговија со неопасен отпад, начинот и постапката за издавање на дозвола, начинот на водење на евиденцијата, како и условите за начинот за вршење на дејноста трговија со неопасен отпад во кој ќе се воведе исплата за откупениот отпад од индивидуални собирачи и физички лица да се исплатува само преку трансакциски сметки.


Статијата е прочитана 1034 пати.

Испрати коментар



Во БиХ осудена првата жена за извршени воени злосторства
Балтичките земји бараат паралелни преговори за членство на Македонија во ЕУ
Екстрадиран грчкиот државјанин Макис Псомијадис
СДСМ ќе поднесе интерпелација за министерот Ставрески
Собранието избра тројца судии на Уставен суд
Попоски за МСНБЦ - Македонија заслужува членство во НАТО
Арнаудовска - Македонија има капацитети да ги користи ИПА фондовите
Либиски екс министер пронајден мртов во Виена
Новиот Предлог закон за лустрација пред пратениците
Руската црква сака да посредува меѓу МПЦ и СПЦ
Министерот Попоски во официјална посета на Израел
Илбер Хиса нов амбасадор на Косово во Македонија
Арифи на Конференција „100 години во служба на нацијата“
Иванов - Летонија и Литванија се пријателски земји од кои можеме многу да научиме
Метлата на ВМРО-ДПМНЕ заигра и во Штип
Новиот бран влезе во „Бихаќска“
Бомбаш самоубиец уби деветмина во Дамаск
Летонија ќе го поддржи членството на Македонија во НАТО во Чикаго
Кинезите пак ќе чујат за „Чебрен“ и „Галиште“ и „Вардарска Долина“
Судењето за педофилија далеку од очите на јавноста
Ограбувачот на бабата во затвор, од 100.000 евра нема трага
Потпишан договор за поширока соработка меѓу Македонија и НАТО
Македонија и Летонија потпишаа Спогодба за меѓународен превоз во патниот сообраќај
Двајца кумановци чувале 60 мигранти во двор
Просечната бруто плата во февруари 30.257 денари
Албански државјанин ограбувал цркви во Тетово
Жена се самоубила со пиштол во гостиварско Топлица
Средби на министерот Попоски во Конгресот на САД
Град Скопје апелира да се зачува комуналниот ред за 1. мај
Њујорк тајмс - Грција презафатена со кризата за да се посвети на Македонија
Груевски - Полска силен поддржувач на Македонија за НАТО и ЕУ
Претседателот Иванов во посета на Летонија и Литванија
Чинговски од ЕЛЕМ се сели во амбасада
„Новиот бран“ ги повикува сите кои се за подобро општество
Македонски хакер уловен во мрежата на ФБИ
Телеком со намалени цени на услугите од 1 мај
Рудари повредени по одрон на карпа
Затвореник почина во Шутка
Џафери-Хоџај - Македонија е најдобар партнер на Косово во регионот
Храбри гостиварци спасија давеник во Вардар
Цела Норвешка запеја против Брејвик
Сорос - Економската криза може да ја урне Европската унија
Оптички кабли преку Арктичкиот Океан ова лето
Уапсен кумановец баран со потерница за „убиство во обид“
Попоски - САД да се заложат Македонија да добие покана за НАТО
Машина за правење тули згмечи ресенчанец
Шулц - Распадот на ЕУ станува реално сценарио
Бесими ќе се сретне со министерот за одбрана на Германија Томас де Мезиер
Свечена академија по повод 20 години монетарно осамостојување
Конектикат стана 17-та американска држава без смртна казна
Индија изведе во орбитата нов сателит за набуљудување
Јавно уништување на одземени производи и пиратерија
Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД



jimmy1, 26.04.2012 19:27:53
Eve uste edna najnova glupost na ovaa diktatorska vlada. Drugo nemaat sto da kazat odma se fakaat do odzemanje na imot. Kako nie sakame da vlezat stranski investicii koga se voveduvaat diktaturski uslovi. Ako najdat nekoj ulav neka investira, ama dobro neka mu e misli zosto posle 2-3 godini sve ke mu se odzeme, ovie pajtondzii inspektori ke najdat nesto za nekakvo nezakonsko rabotenje. Bas mi e krivo sto od edna najubava, najdemokratska i najslobodna zemja dojdovme do ova deredze, glupaci da se izzivuvaat so site nas, kako da sme robovi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Ведро

Вторник
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |