26.04.2012, 09:18 Вицепремиерката Арифи во тридневна посета на САД
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи од денеска до 29-ти овој месец престојува во работна посета на Њујорк, Соединетите Американски Држави.
Во рамки на посетата вицепремиерот Арифи ќе се сретне со Гулден Туркоз Кослет, директор за програмска поддршка во Одделот за жени при Обединетите нации, и ќе одржи и предавање на Институтот Хериман при Универзитетот на Колумбија.
Вицепремиерот Арифи ќе присуствува и на одбележувањето на стогодишнината од формирањето на Паналбанската федерација од САД „Хаертх”, а ќе оствари средба и со претставници на Обединетата македонска дијаспора.
|