Број 3025  четврток, 02 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Македонските медиуми во политички пранги

„Фридом хаус“ повторно дава лоши оценки за медиумите и за корупцијата во земјава

Даниела Трпчевска

Политичкото влијание врз медиумите, судството на кое му се забележува за заостанати и нерешени случаи, како и високиот степен на корупција во Македонија, се' уште се црни точки наведени во последниот извештај на организацијата „Фридом хаус“.

Македонија во извештајот има најлош рејтинг во делот за слободата на медиумите и корупцијата. На скалата од 1 до 7 (каде што седумката е најлоша оценка, Македонија е рангирана со 4,25 во однос на слободата на медиумите. Ваквиот рејтинг земјава го има уште од 2004 година, за разлика од 2000, кога состојбите со медиумите беа оценувани како многу поповолни.

„Финансирањето и политичкото влијание остануваат и понатаму најголем проблем во земјава, бидејќи многу локални радиостаници и списанија беа затворени поради недостиг од финансии. Сепак, неколку национални телевизиски канали започнаа да емитуваат програма во текот на 2008 година. Сопственоста на водечките печатени медиуми е мошне концентрирана“, се оценува во извештајот на „Фридом хаус“.

Во него се заклучува дека за време на парламентарните избори во јуни 2008, медиумите не ги третирале еднакво сите политички партии, а имаше и неколку примери на насилство врз новинарите. „Многумина се соочија со тужби за клевета, вклучувајќи ја и тужбата поднесена од премиерот. И покрај Законот за слободен пристап до информации, пристапот до информации е проблематичен за новинарите и за засегнатите граѓани“, се вели во извештајот.

Според „Фридом хаус“, судскиот систем и натаму страда од значителен број заостанати и нерешени случаи. Иако реформите во 2008 година се одвиваа со малку забрзано темпо, тие делумно беа потиснати од тужбите за клевета поднесени против новинарите, така што рејтингот на Македонија за судството и независноста останува непроменет во однос на претходната година – 4,00.

Во однос на корупцијата, во извештајот се забележува подобрен рејтинг на земјата од 4,50 на 4,25, што се должи на мерките преземени во 2008 година за борбата против корупцијата и апсењето на јавни личности.

Полоша оценка во последниот извештај Македонија доби и за изборниот процес, кој е оценет со 3,50, за разлика од минатогодишнит�� избори кои се рангирани со 3,25 поени на скалилото на „Фридом хаус“. Притоа, во извештајот се посочуваат ланските изборни неправилности и инциденти во кои едно лице загина, а неколкумина беа повредени.

„Исто така, во 2008 година се намали цензусот за претседателските избори од 50 на 40 проценти одѕив, што ја ограничува потребата на претседателските кандидати да освојат поддршка од гласачите од различните етнички групи“, оценува аналитичарот Жидас Даскаловски во анализата направена за „Фридом хаус“.

Во однос на националното демократско владеење, регистриран е коефициент 4,00, а непроменет останува рејтингот и во однос на развојот на граѓанското општество и влијанието на невладините организации - 3,25.

Извештајот прогнозира дека Македонија годинава ќе се соочи со тензии во владејачката коалиција, а албанскиот коалициски партнер ќе биде под притисок да ја напушти Владата. Настаните на Косово би можеле негативно да влијаат на меѓуетничките односи во земјава, а Владата ќе биде и под притисок да ги продолжи економските реформи и да постигне поголем развој.

Евроатлантските интеграции се очекува да придонесат за стабилизација на земјата, се оценува во извештајот на „Фридом хаус“.

Во извештајот, кој се фокусира на анализа на 29 земји во светот, се наведува дека состојбата со демократијата во повеќето од поранешните комунистички држави од Источна и Централна Европа и Евроазискиот регион се влошила во текот на 2008 година. Влошување на состојбите има и кај балканските земји, односно во Хрватска поради нападите на новинари и во БиХ поради се' уште присутните етнички поделби.


#
Статијата е прочитана 1404 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar
Датум: 02.07.2009 01:36:53
Sigurno mislele na Utrinski Vesnik
Од: trpe original
Датум: 02.07.2009 01:45:39
Sekogas drugi treba da ni kazuvaat sto necini kaj nas. A nie sme najpametni? Pa i se lutime sto drugite ni ukazuvaat na nedostatocite. Navistina, vistinata najpoveke boli.
Од: Trpe original
Датум: 02.07.2009 03:13:02
Vo ovaa drzava na bashibozuk nisto ne raboti kako sto treba ,sledstveno na toa i mediumite.Site mediumi (vklucuvajki go tuka i Utrinski)se partiski mediumi,so mnogu retki iskluchoci.Za Latas i negovite bumbari i peperutki se e rozovo,vladata raboti "turbo",investicii na sekoj cekor,kriminal"nikakov",narodot "poln pari" i svetot ni se voshituva.Vie pak od druga strana ni ja stavate na tacna istata onaa staro nova opcija koja ja raznebiti ekonomijata,ne TAT ira i matira! Za golema zal nikoj od mediumite ne proba da sfati deka i dvete ovie politicki opcii se katastrofalni.Ni treba treta opcija lugje so sposobni,nekorumpirani i talentirani lugje.Nezavisno novinarstvo vo Makedonija za zal NEMA!!!Cela stampa e PARTIZIRANA!!!
Од: Petre
Датум: 02.07.2009 07:15:48
pa po poslednite izbori OBSE izleze so stav deka Opozijata imala Pogolema podrska od Mediumite !! .. ako i toa ne cini togas nekoj ni pravi Fuck In Brain... a mu se moze dodeka opozicijata e spremna da ja prodade drzavata samo predvremeno da se vrati na vlast
Од: МИСИОНЕР ВО КОНГО
Датум: 02.07.2009 08:35:33
Пак се испушта констатацијата на ,,Фридом Хаус,, да има благ напредок во однос на 2008 год. објавен во сите медиуми но недоволен за целосна позитивна оценка.Срамежливо се признава да членки од ЕУ имаат негативен тренд во практицирање на демократијата.Владата ако сака да го подобри имиџот под хитно да се откаже од антиквизацијата и споменичарството и да продолжи со борбата со корупцијата,за која доби пред некое време позитивни оцени од друга истраживачка куќа(пад од 105 на 72 место).
Од: Boban
Датум: 02.07.2009 08:54:38
Ponisko mislenje sum nemal za novinarite odkolku sega. Sekoja cest za retkite isklucoci shto uspevaat cesno da si ja rabotat rabotata. Pogolem reketer od novinar milam deka ne postoi.
Од: Ајван Доктор
Датум: 02.07.2009 09:09:50
За самиот однос кон новинарите, виновни се тие самите. Поради желбата да станат „врвни“ и „славни“ во состојба се и нозете да им ги мијат, на новокомпонираните „газди“. Всушност најчесто успеваат оние кои се со слично потекло, од истата примитивна средина, како и нив самите (виугите им работат на иста бранова должина). Секоја чест на исклучоците, но тие најчесто или се вечни хонорарци или не се вработени.
Од: Дејан
Датум: 02.07.2009 09:49:15
Во извештајот на Фридом Хаус се вели не само дека медиумите се под политичко влијание. Се вели уште дека медиумите се главен носител на јазикот на омразата против Бугарија и Грција и покрај тоа што прашањето било поставувано на високо државно ниво во двостраните односи. Но некои политичари кај нас се прават наудрени и постојано одговараат: медиумите во Македонија се независни и не можеме да им влијаеме на нивната редакциона политика. Е, вака, тешко дека некогаш ќе влеземе во НАТО и ЕУ!
Од: jovan
Датум: 02.07.2009 09:50:48
Se slozuvam so Trpe
Од: Патриот
Датум: 02.07.2009 11:52:16
Од авион се гледа пристрасното пишување на Утрински. Се спомнува само наводниот притисок на власта која реално под контрола ги има само Сител, Вечер и можеби Канал 5, а не се спомнува дека СДС-БЈРМ под своја контрола ги има Утрински, Дневник, Вест, Време, Шпиц, А1, Алфа. Значи нема партиски притисок од власта туку има партиски притисок од опозицијата, за кој вие нели како независни и непристрасни новинари од Утрински-СДС не треба да пишувате, за да не се јави Папата и да ве искара.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 02.07.2009 12:27:38
Новинарите не се корумпирани. Тие се политички навивачи, а тоа е жално. Не можам да речам дека Латас или Ѕвездан се платени. Тие, и 95% други, имаат политичка определба, и прават се да ги величаат или навредуваат нивните политички икони или противници. Лично не верувам дека Бранко Црвенкоски, на пример, му плаќа нешто на Бранко Тричковски. Тричковски редовно пишува против ВМРО, по свое убедување, не по политичко барање. Исто и Младенов... не дека Љубчо ми дава пари - него тој така е убеден.

Најди! во Утрински
Политика
„Фершпед“ ја доби првата битка на Уставен суд
Судот го укина eкстерното оценување
Урбанистите протерани од касарните
Штипската локална власт вработи 320 лица со договор
Ќе има ли истрага за 21 милион евра во Транспорт?
Османи бара смена на министе��от за екологија
Колку ќе плати МПЦ за земјиштето на плоштадот
Селмани ги прибира првите луѓе на Тетово и на Гостивар?

"""