Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Поглед

Данок во здравје

Катица Чангова

„Топилница“ го уништи Велес. Овој загадувач остави пустош во секој поглед, а последиците и денес се чувствуваат. Потенцијално опасни жаришта се самиот објект среде град, јаловиштето од тридецениското работење и почвата со акумулирани тешки метали.

Во Велес е опасно да се живее и сега, седум години откако е ставен клуч на металургискиот комбинат. Велешани се жртви на загадувањето и плаќаат многу скап данок, во здравје. Трагично е тоа што ова наследство останува аманет и за идните поколенија.

Колку е алармантна ситуацијата во Велес и какви последици има труењето од „Топилница“ потврдуваат многубројните експертски истражувања. Поразителни се резултатите и од последното, направено на почвата во Велес. Ненормални концентрации на тешки метали што предизвикуваат канцерогени заболувања се откриени во градскиот и во младинскиот парк.

Застрашувачки се сознанијата дека на овие места што се рај за децата загадувањето не е само површинско туку и длабинско. Кадмиумот го има дваесет пати повеќе од дозволените вредности, присуството на олово е повисоко за пет пати, а цинкот е за четири пати над лимитите.

„Не смееме да дозволиме децата да бидат присутни на загадените површини во парковите зашто тие се потенцијална опасност за нивното здравје“, предупредија екологистите.

Спас од отровите се бара во садењето рози. Корените на ова цвеќе ќе ги впиваат металите, а луѓето физички ќе бидат одвоени од отровната почва. Дали почвата може да се исчисти, ќе покаже некое наредно истражување.

Велешани се уплашени. Откако „Топилница“ има нов газда, стравовите се уште поголеми. Никој не дозна што се планира со комбинатот. Но, екологистите јасно ставија на знаење дека нема да дозволат „Топилница“ да им го уништи здравјето.


#
Статијата е прочитана 1265 пати.

Испрати коментар

Од: petranka petrovska
Датум: 25.09.2010 14:15:36
se soglasuvam
Од: јас
Датум: 25.09.2010 14:59:33
Па во таа „нова“ Топилница ПАК ќе работат велешани , нема некој од друг град да дојде и таму да работи!!!Ако толку се загрижени за тоа , НИКОЈ , повторувам, НИКОЈ нека не работи во таа Топилница , па така нема пак да загадува.. Само дали ќе истраат во таквата намера???

Најди! во Утрински
Втора страница
Владата му ги врзува рацете на претседателот
Иванов и Папандреу го враќаат Нимиц
Вербатим



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing