Број 3391  сабота, 25 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Втора страница

Владата му ги врзува рацете на претседателот

Иванов ќе остане со една ингеренција помалку во делот
на безбедноста

Александра М. Митевска


„За да има легитимитет да стави вето на одлука на парламентот, претседателот треба на непосредни избори да добие гласови колку што добило и парламентарното мнозинство. Теориите за демократија го осудуваат избирањето претседател со помалку од половина излезени гласачи, но, тоа, сепак, е прагматично решение“.

Вакви изјави даваше актуелниот претседател Ѓорге Иванов од позиција на политиколог и универзитетски професор кога, веројатно, не ни претпоставувал дека ќе биде учесник во претседателската трка што се одржа неколку месеци подоцна, со намален цензус за одѕивот за 10 проценти.

Иванов победи на изборите, но не го исполни критериумот што го пропагираше, така што почна да игра прагматично, обидувајќи се да не биде вовлечен во конфликт со оние што го донесоа на функцијата. Можеби тоа е една од причините зошто во изминатата година не се слушна дека претседателот ставил вето на некој закон изгласан од мнозинството. А, во овој период од Владата преку Собранието поминаа многу закони околу кои се крена прашина во јавноста, а што наидоа на жестоки реакции од опозицијата...

Сега додека Иванов ги живее своите минути слава во САД, домашната јавност се бранува поради најавите дека се подготвува нов закон за безбедносно-разузнавачките служби, со кој Агенцијата за разузнавање, која е во надлежност на шефот на државата, ќе се претопи во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Во практика тоа би значело дека Иванов ќе остане со ингеренција помалку во делот на безбедноста, а целото разузнавање ќе потпадне под контрола на другиот дел од извршната власт - Владата.

Но, во овој случај на Иванов, рацете му се врзани. И да сака, тој не би можел да го искористи суспензивното вето ако власта обезбеди двотретинско мнозинство за озаконување на идејата за ставање на разузнавачките служби под иста капа. Претседателот е должен да го потпише указот ако, според Уставот, еден закон се носи со квалификувано мнозинство.

Од кабинетот на Иванов засега се воздржуваат од коментари за најавената новина, бидејќи чекаат тој да се врати од Америка. Во меѓувреме, експертите тврдат дека е ризично еден центар на моќ да располага со сите разузнавачки информации, дека постои опасност од целосно партизирање и политизирање на разузнавачките служби, дека информациите од овие служби се битни за претседателот како креатор на надворешната и на безбедносната политика, дека се нарушува принципот на поделба на извршната власт...

Но, Иванов овој пат нема можност да постапи како неговиот претходник во претседателскиот кабинет, Бранко Црвенковски, кој пред крајот на мандатот суспендираше дузина закони што ги донесе парламентот експресно, вклучително со законите за помилување и за надворешни работи, кои директно навлегуваа во ингеренциите на шефот на државата. Но, и без тоа, голема е разликата меѓу Црвенковски и Иванов и нивните профили како носители на највисоката функција во државата. Не само поради тоа што Иванов не е обременет со кохабитација и со непризнавање на неговиот легитимитет од страна на опозицијата, како што беше случај со неговиот претходник, туку и поради специфичната политичка тежина на Црвенковски, во споредба со неговиот наследник. Црвенковски од претседателскиот кабинет во Собранието ги влечеше конците во партијата што го кандидираше за шеф на државата. Во претседателската резиденција на Иванов на Водно, пак, конците ги влече партијата што го кандидираше за претседател. На Иванов, едноставно, му припадна „честа“ да го плати данокот на политиката што тежнее кон монополизација на власт. Рејтингот со кој тој ја освои претседателската титула падна на една цифра веднаш по изборите, на кои гласачите, всушност, ја легитимираа политиката на премиерот Никола Груевски, кој застана зад претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што им е заедничко на Иванов и на Црвенковски, пак, е споредната улога што им припадна во процесот на обезличување на претседателската функција. Тој процес актуелната владејачка гарнитура го спроведува постепено, но систематски, а реперкусии ќе ги почувствуваат и следните претседатели доколку во меѓувреме не се смени моделот за избор на шефот на државата.

Веднаш по доаѓањето на власт во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ ја наметна дебатата за промена на Уставот, така што претседателот наместо на непосредни избори, би се избирал во Собранието. Намерата беше да се инсталира доминантен парламентарен систем, во кој шефот на државата би имал само протоколарна улога. По извесно време, идејата беше подзаборавена, но во меѓувреме се интензивираа тензиите меѓу тогашниот претседател Црвенковски и премиерот Груевски. По предвремените избори во 2008, беше коригиран Законот за надворешни работи, со што на сметка на шефот на државата зајакна влијанието на Владата и на шефот на дипломатијата. Пред претседателските избори минатата година беше изменет и Законот за помилување, со што се ограничи уште едно право на претседателот. На крајот „падна“ и цензусот за одѕивот на претседателските избори од 50 на 40 проценти. Пред изборите власта реши (делумно) да ја испочитува препораката на ОБСЕ за намалување на цензусот (на 30 проценти), иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во 2005 година кога беа во опозиција, тврдеа дека со помал одѕив ќе се намали и легитимитетот на шефот на државата. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 2921 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2010 12:31:35
Би се задржал само на ветата на преседателите. Сегашниот преседател никогаш нема да стави вето на некој закон од прости причини што е устоличен токму од доносителите на законот.Дискутабилно е колку е тоа корисно.Предходниот преседател е познат по ветото на законот за стечајци кое парламентарното мнозинство го предложи со негов благослов.Инаку сега е ептен загрижен за стечајците и бара законско решение.
Од: jovan
Датум: 25.09.2010 12:55:51
Pa mozebi se vo pravo. Ako go pustat "sloboden" kojznae sto ke istreska. Barem se dokaza deka covekov za politika poima nema. Mozebi za profesor/teoreticar si go biva, i ne mu go osporuvam toa, bidejki ne sum kompetenten vo negovata bransa, no za politika i diplomatija ednostavno nema "njuh".
Од: sime
Датум: 25.09.2010 13:42:01
Kako gragjanin na ova zemja zal mi e da citam vakvi statii
Од: Goran
Датум: 25.09.2010 14:27:47
A dosega pa sto imase ednocudo ingerencii...
Од: Aleksandar S.
Датум: 25.09.2010 15:11:57
Па и не е чудно за ваков, каков-таков Претседател.Човекот една недела после изборите на кој стана Претседател на РМ имаше рејтинг само 1,2%.народот знаеше за каква персона гласа и знаеше дека е марионета на Вмро-Дпмне и затоа сега не треба да не чуди сто Човекот ги заборавил своите принципи и начела по кои се водел цел свој академскли живот..За жал што сме дробеле тоа и ќе сркаме...)))
Од: А ШТО Е ВО ЊУЈОРК
Датум: 25.09.2010 15:24:18
Пораз на грчката дипломатија е признавањето на ФИРОМ под уставното име, од страна на Сирија, смета грчката опозиција. Во меѓувреме грчките панмакедонски организации не мируваат. - Кој ти даде право да преговараш за моето име? Грчката дијаспора инспирирана од Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-Македонскиот комитет започна грчка, контра кампања на македонската. Бараат од премиерот Папандреу и шефот на дипломатијата Друцас, да не го продадат името Македонија, затоа што, како што велат, Македонија е Грција, и за тоа не може да се преговара. Наспроти песимистичките анализи дека по њујоршките средби во кои учествуваа Нимиц, Иванов, Папандреу и министерот Друцас името влезе во ќорсокак шефот на македонската држава смета дека деновиве е направен исчекор и дека постојат сериозни шанси наскоро да се надмине спорот. Иванов е голем како Трајковски. Огледајте се на Грците предавници.
Од: karokan "gambit"
Датум: 25.09.2010 18:13:09
Da pretpostavime g-dine Felix deka e donesen Zakon za stecajcite so koj e predvideno problemot da se resi si supiranje (proteruvanje na crno) od drzavata na site stecajni rabotnici!!!!!!! E,sega stavi go takviot zakonvo sklop na tvoeto "visokoprofilirano" razmisluvanje i viduvanje,vrz osnova na koe se izvleceni i tvoite(takvi) zaklucoci. Veruvam (potpolno sum ubeden) deka ne si go ni poglednal zakonot,a kamo li detalno proucil (isto kako i jas),no tebe toa i ne ti e bitno. Bitno e da se najde nesto so sto moze da se plukne,makar sto so podobro razmisluvanje (analiza) plunkata ce se vrati na plukacot. (Nesto slicno kako so kodoslukot (predavstvoto) na Boskovski-nikogas neobjasneto vo sto se sostoi).Zamati ja vodata za nisto da ne se gleda.
Од: Петар
Датум: 25.09.2010 18:31:13
Укинувањето на Агенцијата за разузнавање е уште еден проект на Сашо Мијалков за зголемување на неговата апсолутна моќ. Доколку се случи тоа, ќе биде крај на слободата и демократијата во Македонија. Не се работи за никаква реформа затоа што целта е да се стави под контрола АР и да се намали моќта на претседателот. Не станува збор за реформа ако се формира служба во МВР што го нема во ниту една земја на НАТО. Секаде постојат посебни служби или за разузнавање или споено со контраразузнавањее, Но никако под МВР. Ова е мрак!
Од: ilija
Датум: 25.09.2010 19:25:31
predsedatelot e dobar covek no za zal onje marijoneta na grujo so drugi zborovi receno covek so predsedatelska titula bes vlast.
Од: trpe od gradcko
Датум: 26.09.2010 00:30:09
Ajde Gruevski da mu dademe celta vlast, pa neka vladee i ako i vaka ja ima celta vlast pod kontrola..zakonodavnata,izvrsnata, sudskata i pretsedtelska....ama do sega sto vidovme nisto od rezultatite a se navraka samo na istorijata....pa narode vie ste na poteg...
Од: Vrzan i ucenet
Датум: 26.09.2010 00:58:09
Pretsedatelot sam si gi vrza racete koga dozvoli da go ucenat pred da go izberat, so osloboduvanjeto na negoviot brat od aferata so sverc na lugje. A toa sto kutriot ima dve levi race i dve desni noze e posebna prikazna.
Од: USAMKD
Датум: 26.09.2010 18:19:39
grujo i branko so nivnata koalicija dpmne-sdsm gi slabeta site politicki faktori vo drzavata koi se sprotivno na nivnite planovi za sproveduvanje stalinisticka diktatura i beda vo drzavata. Posleden golem takov nastan bese centdsalizacijata na agencijata za razuznavanje, se so cel da se odstrani Mialkov od funkicjata koja moze da bide nepozelna za dvajcata predavnici branko i grujo

Најди! во Утрински
Втора страница
Данок во здравје
Иванов и Папандреу го враќаат Нимиц
Вербатим



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing