Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

„Патриотска метла“ метела документи за музејот на ВМРО

Од СДСМ поседуваат докази и секој ден ќе обелоденуваат дел по дел од мегааферата

Снежана Калабакова

„Патриотската метла“ метела во музејот на ВМРО. Меѓу 14 проекти вредни најмалку 20 милиони евра за кои социјалдемократите тврдат дека е исчезната документацијата, има дел што се однесува на тендерите за внатрешно уредување на музејот. Меѓу нив е и понудата на „Македонија проект“, која учествувала на тендерот, но и на „Неимар инженеринг“, фирмата избрана за внатрешно уредување на музејот на ВМРО.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Игор Ивановски, вчера излезе со конкретни броеви на тендери и на отворени постапки за набавки на проекти поврзани со музејот на ВМРО, а за кои недостасуваат понудите на сите учесници. Тој потсети дека само досега склучените зделки за музејот се во вредност од 8 милиони евра.

„Мегааферата ’патриотска метла‘ уште еднаш потврдува дека проектот ’Скопје 2014‘ е криминал од невидени размери, добро осмислен механизам како на криминален начин да се исперат стотици милиони евра народни пари. СДСМ поседува докази и секој ден ќе ги обелоденува дел по дел“, рече вчера Ивановски, не сакајќи да открие за кои други објекти од „Скопје 2014“ недостасуваат документи. За СДСМ, „патриотската метла“ претставува обид еден огромен криминал да биде скриен со друг, како што велат, уште побрутален и поочигледен криминал, со уништување тендерска документација.

Според опозиционерите, самиот факт што завчера ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Министерството за култура немаа одговор како е можно да се случи ваков скандал поврзан со милионски суми, потврдува дека се фатени на дело. СДСМ не го оправдува молчењето на Министерството само затоа што министерката е службено во Украина и изразува сомнеж дека нејзината посета можеби е поврзана токму со восочните фигури за музејот, а кои се изработуваат во Украина.

Но, вчера стигна демант од министерката Елизабета Канческа-Милевска. Во кратката изјава дадена за Радио Слободна Европа, таа ги отфрли обвинувањата. „Нема никаква афера и ништо од она што е кажано не е точно“, кусо одговори министерката најавувајќи за денеска прес-конференција.

Од СДСМ велат дека реализаторите на операцијата „патриотска метла“ се правдале оти дел од документацијата за тендерите недостасувала поради новата систематизација во Министерството за култура, со која Одделението за јавни набавки и инвестициони вложувања се трансформира во Сектор за јавни набавки и инвестиции, и тоа на 1 март минатата година. Тврдат дека Секторот немал конкретни сознанија дали недостасува каква било документација за јавни набавки што ги спровело претходното одделение за јавни набавки. Тоа, според опозиционерите, е само доказ повеќе дека обемот на исчезната документација е далеку поголем. Тие се сомневаат дека во Министерството за култура немаат сознанија дали е исчезната документацијата и за тендерот од ноември 2008 година за набавка на 65 восочни фигури, за кој се потрошени повеќе од еден милион евра. Во СДСМ велат дека новиот Сектор за јавни набавки во Министерството го води истиот човек што бил на чело и на претходното одделение, а ко�� го именуваат како извршител на целата операција „патриотска метла“. Опозиционерите имаат неофицијални информации и дека мистериозно исчезнатата документација „случајно“ била однесена на уништување во „Комуна“ заедно со архивата што законски се уништува по истекот на подолг временски период.


#
Статијата е прочитана 840 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 05.11.2010 17:02:17
Допрва ќе излегуваат сите матни зделки на овие портокали , а богами многу ги има !!!
Од: Професорка
Датум: 05.11.2010 20:12:32
Како изгледа, овде стапот ќе го јадат “издаиците“ кои кажуваат за уништените докази за матни зделки, а не самите мативоди. Видовме што стана со фармерот и со неговата последна крава. Затоа, пазете. На Бети може и треба нова кола.

Најди! во Утрински
Македонија
Или џамија или меѓународен скандал
Проектот да го брани Груевски






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic