Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Проектот да го брани Груевски

Собранието, конечно, ќе расправа за контроверзниот проект „Скопје 2014“. Пленарната седница е закажана за 15 ноември, но бидејќи „Скопје 2014 “ е 32. точка на дневниот ред, социјалдемократите очекуваат дебатата за ова прашање да биде најдоцна до 18 ноември. Не веруваат дека седницата намерно ќе се одолжува и се надеваат дека проектот во парламентот ќе го брани лично премиерот Никола Груевски.

„Груевски го промовираше проектот, сечеше ленти, фрлаше лопати, сега контролира до каде се работите, така што тој е најповикан да зборува на оваа тема пред пратениците. Премиерот тврдеше дека целиот проект ќе чини 80 милиони евра за осум години, а досега според податоци на Бирото на јавни набавки се потрошени над 250 милиони евра. Процените се дека комплетната реализација на објектите ќе надмине половина милион евра“, вели потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули од СДСМ.

Инаку, ова е трет обид на опозицијата парламентот да отвори дебата за „Скопје 2014“. Два пати досега предлогот на СДСМ беше отфрлен со надгласување. Овој пат опозиционерите успеаја да го протнат преку новата одредба од Деловникот, според која два пати месечно имаат прво да предлагаат точка на дневен ред.

Според најавите, пред пленарната седница на оваа тема ќе заседава и Комитетот за односи меѓу заедниците. Нова демократија уште во февруари побара Комитетот да расправа за „Скопје 2014“. Претседателот Џеват Адеми неколку пати безуспешно се обидуваше да го свика ова тело, а неговите седници наизменично ги бојкотираат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од помалите етнички заедници. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 899 пати.

Испрати коментар

Од: Polovina milijarda evra
Датум: 05.11.2010 16:45:20
Da, vkupno toa ke iznese nad polovina miljarda evra!

Најди! во Утрински
Македонија
„Патриотска метла“ метела документи за музејот на ВМРО
Или џамија или меѓународен скандал






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic