Продолжува лобирањето за македонското малцинство во Грција
Димитар Чулев
Македонија ќе продолжи да лобира во меѓународната заедница за правата на македонското малцинство во Грција, најави вчера премиерот Никола Груевски, откако доби незадоволувачки одговор на писмото упатено на адреса на претседателот на Европската комисија, Жозе Баросо. „Борбата за нашите права и нашата правда е макотрпна и долга. Ние продолжуваме со интернационализација на обидите за добивање поддршка секаде каде што можеме“, изјави Груевски коментирајќи го писмото-одговор од претседателот на Европската комисија.
Баросо наведе во писмото дека Европската комисија нема надлежност за решавање на ова прашање. „За Комисијата се многу важни почитувањето на човековите права и слободи, но Европската унија не е компетентна да третира прашања за идентитетот и правата на малцинствата, нивната националност и враќањето на нивната сопственост во земјите-членки на Унијата, стои во писмото на Баросо, чиј одговор беше објавен во петокот на некои од македонските телевизии. Претходно, премиерот Груевски испрати писма до својот грчки колега Костас Караманлис и до Баросо во кои се тврди дека во Грција има македонско малцинство кое треба да биде признато.
Но, шефот на ЕК смета дека „тоа зависи од земјата-членка која е засегната во спорот и тоа во светлината на уставните и традициите на нејзините меѓународни обврски“. Претседателот на ЕК уште еднаш повика на дијалог меѓу Грција и Македонија, подвлекувајќи дека добрите односи со соседите се важни за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ.
Медиумите, особено оние во Грција, го прејудицираа таквиот одговор на шефот на Европската комисија, откако претходно грчкиот премиер Костас Караманлис во одговорот на писмото категорички негираше дека во Грција има или имало македонско малцинство. „Нов иредентизам од Скопје, овој пат и кон Европа“, „Груевски со манија за испраќање писма“, „Прв чекор на иредентизам во Европа“... „Груевски може да ги кажува своите ставови за што сака, но, во секој случај, ЕУ и сите нејзини партнери целосно и детаљно се информирани за грчките позиции“, изјави министерката за надворешни работи, Дора Бакојани.
„Грција тргна во офанзива во ЕУ за да ги спречи последиците од писмото на премиерот Никола Груевски со една главна порака – дека Атина нема да преговара за ништо друго освен за името на Македонија“, јави минатата недела дописникот на „Утрински весник“ од Брисел, кој истакна дека грчките политички кругови очекуваат Европската комисија да го намали значењето на писмото и на прашањето што го отвори премиерот Груевски. Но, писмото се разгледувало во кабинетите на претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, и на еврокомесарите за проширување и за правда и внатрешни работи , Оли Рен и Жак Барот, „а тоа не е далеку и од ресорите за јазични прашања и за заштита од социјална и друга дискриминација“ – напиша нашиот дописник од Брисел.
Во интервју за „Утрински“, Павлос Воскопулос, член на колективното раководство на Виножито, изјави дека писма треба да се испраќаат, но дека вистинско место за дебата околу македонското малцинство во Грција е Советот на Европа. „... во извештаи од комисии на меѓународни институции на како ЕКРИ на Советот на Европа, и други невладини меѓународни организации сите овие години го спомнуваат јасно македонското малцинство во Грција и упатуваат остри критики против Грција за недемократското однесување спрема малцинството“, вели тој.
Во саботата, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, испрати писмо до комесарот за повеќејазичност при Европската комисија, Леонард Орбан, со кое апелира да ги поддржи барањата на припадниците на македонското малцинство во Грција.
„Наспроти одредбите на Европската конвенција за човекови права и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, во Грција не се почитува јазичната различност на македонското национално малцинство... Овој проблем е елабориран и во извештаите на Европската комисија за расизмот и нетолеранцијата, на грчкиот Хелсиншки монитор и на други невладини организации“, истакнува шефот на македонската дипломатија. Тој апелира до Орбан да ги поддржи барањата за заштита на македонскиот јазик како малцински јазик во Грција.
intersno ke bide da se vidi do koga Grcija ke moze
da gi vlece za nos zapadnoevropskite demokratii?
Zemji kako Anglija na primer se mnogu glasni koga se krsat covekovi prava niz svetot a za cudo
nigde gi nema koga toa se pravi na Evropsko tlo
protiv makedoncite!
Од: Mile Bardaklija
Датум: 28.07.2008 02:04:19
„За Комисијата се многу важни почитувањето на човековите права и слободи, но Европската унија не е компетентна да третира прашања за идентитетот и правата на малцинствата, нивната националност и враќањето на нивната сопственост во земјите-членки на Унијата“
Баросо тоа сериозно или онака, на интелегентен начин, со иронија. Ако на Европската Унија не и’ е важно како владите на нејзините земји членки ги третираат националните малцинства, тогаш кому му е важно? На Африканската Унија, на Заедницата на Независни Држави, на управниот одбор на Моторола?
Од: Tripun karapetrov
Датум: 28.07.2008 05:58:49
Jas sum Makedonec od Egejska Makedonija a ne egeec. Nacija egeec ne postoi. Postojat Makedonci od Vardarska, Pirinska i Egejska Makedonija. Ne sakam da veruvam deka i na Vas vi smeta (kako na Grcite), koga vo javni glasila go izbegnuvate zborot makedonci.Ve molam potrudetese i prestanite so taa praksa.pozdrav.
Од: jimmy1
Датум: 28.07.2008 06:20:30
Nemaat nadleznost za toa a imaat nadleznost da ne uslovuvaat i da vrsat pritisok za promena na imeto. Neznam sto podrazbiraat pod covekovi prava i slobodi ovie Evropdki konji. Dali pravata na Makedoncite vo Grcija ne podpagaat pod toa? Site ovie clenki na EU, vo proslosta imaat vrseno zverstva protiv covestvoto i nema sto podobar odgovor da se ocekuva od ovie zivotni. Nam ne ni e mestoto vo takvo drustvo, drustvo na zlostornici i svetski diktatori. Uspehot i odbranata na Makedonija e vo racete na narodot, ali ne se dodeka ne se ima sloga pomegu site bez razlika na koja narodnost i pripaga, ali se dodeka se delime na partiska osnova nema da ima nikakov uspeh tuku se pogolema propast. Dosega site treba da imame svateno deka ni edna partija sto bila i e na vlast ne se sekira za nas, sire rabotat za nivnite dzepovi i zatoa si izglasaja stotici ako ne iljadi privileggi samo kako finansiski da gi obezbedat svote idni pokolenija, se nadprevaruvaat koj povea da ukradi a nas bas gi uvo boli.
Од: G. Stojanovic, Holandija
Датум: 28.07.2008 08:12:58
Formalnata i pred se 'studena' reakcija na Baroso nikogo ne treba da zacudi, bidejki ova se nasite prvi i hrabri obidi od strana na nasiot premier za da se aktuelizira prasanjeto na makedonskoto malcinstvo vo Grcija. Treba da se bide uporen, otvoren i da se lobira na site nivoa, pa i na naseto nivo na sekojdnevni razgovori i informiranje na lugjeto vo zemjite kade sto ziveeme kako emigranti. Toa ke go napravi prasanjeto na Makedonskoto malcinstvo navistina konkretno i vistinski problem koj ke se nametne na agendite na EU.
Prijatelski pozdrva, goran
Од: komentatorka
Датум: 28.07.2008 08:18:44
Dragi moi komrentatori,
Dali do sega ne svativte vo vasite zivoti deka "sila klade valja" a ne um? Ne li vi e jasno toa.
Nasata cel e da opstoime. Ako ne najdeme nacin kako lukavo da i se doblizime na "silata" ke ne nema.
Nasocete gi vasite razmisluvanja vo toj pravec. I vrapcinjata znaat sto e pravo a sto e krivo. Pametta e taa so koja vlezete vo "carstvoto na zivotnite". NAJDETE NACIN KAKO DA VLEZETE, toa e dragi moi porakata od site ovie koi do sega gi kritikuvavte.
Од: Itar Pejo
Датум: 28.07.2008 08:54:26
Ovaa vlada dalo bese izbrana da se zanimava so problemite na graganite od Republika Makedonija ili so problemite od Egejska Makedonija i Hunzija a ne od Pirinska Makedonija? Sekade vo svetot vladite pred se grizat za svoite gragani a potoa za drugite. Nie sme najoriginalni.
Од: boro
Датум: 28.07.2008 08:57:12
2001.albanci vo makedonija manifestiraat nezadovolstvo so oruzena kampana pod izgovor za nedostatok na nacionalni prava vo Makedonija.Megunarodniot faktor pravi pritisok za podpisuvane na Ohridski dogovor kako resenie na problemot.Evropskata unija se piovikuva mnogu cesto na toj dogovor koga se zboruva za integracija na Makedonija vo EU.
Vo sto e razlikata so sostojbata vo Grcija? dali treba da se koristi oruzje za da bide isto?
Од: Boshko
Датум: 28.07.2008 09:17:53
Ova objasnuva deka EU ja poddrzuva Grcija vo celost,sega zoshto nie nam da vleguvame vo sojuz koj ne pochituva chovechki prava,Stop na kakvi da bile pregovori za Imeto,Znachi grcija saka da se smeni imeto Makedonsko i nikogash da ne gi priznae chovechkite prava na Makedoncite vo grcija i so toa Makedonija da ischezni od Zemjinata topka.Toa e za istorijata vo svetoe da ne se menuva zashto se shto e Makedonsko da si ostane kako shto e Grchko,a do kolku grcija ja priznae Makedonija togash cela istorija bi trebalo da se menuva a i mnogu drugi raboti za koi siguren sum deka sekoj znae.
Од: leshnik
Датум: 28.07.2008 09:21:27
Neznam kako Barosovci ne se kompetentni za nashite vo Egejska Makedonija. Videte na veb stranica od Barosovci i kolku shto sakash ima stranici za sekakvi chovechki prava i kako da se unapreduvaat tie prava. No ete, ne mi e chudno da ti kazham pravilno. Shto drugo ochekuvash od Portugalci. Na primer, vo Avstralija gi biva samo za tri neshta: prva klasa brboleshki, prva klasa falbadzii i kokoshki da ti ispechat pak se prvi, i toa nekako rachekoreni namachkani so nekoj mirudii ni moj ni tvoj. Da, probav ednash.....samo ednash....e de, mnogu gi falea.
Од: Ice
Датум: 28.07.2008 09:56:18
Ova e samo gol patriotizam, defokusiranje na javnosta od vistinskite socijalno ekonomski problemi. Da vlezevme prvo vo eu mnogu polesno ke se resavase i ovoj problem no ocigledno grujo ne misli taka-saka da vladee neograniceno.
Од: Stojan
Датум: 28.07.2008 12:20:37
HA... Ha... ha... BAROSO! Cela vojna poddrzavte za covekovite prava na KOSOVA, a sega ne ste bile nadlezni ?!!!
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 28.07.2008 13:06:18
EK pokazuva "pravda " vo odnos na priznavanje na MAKEDONSKIOT NACIONALEN IDENTITET i vo odnos na pravata na malcinstvata vo EU . "Zalna e taa PRAVDA ,sto mora da se pravda ! " PLATON ,anticki filozof.
Од: Maкедонец
Датум: 28.07.2008 14:03:38
Тогаш дефинитивно да го укинеме и прогласиме неважечки рамковниот договор! Малцински права нема! И уште да се додаде - иако се работи за спор со името, зошто владате не го споменува и малцинството во Бугарија?
Од: strumica
Датум: 28.07.2008 14:43:51
uste kolku stapovi treba da izede sirot Grujo za da sfati deka vozi na pogresna lenta
Од: Анита
Датум: 28.07.2008 15:57:21
Ги читам коментариве и си се чудам. Зачудени, гневни од одговорот на Баросо. ??? Па зарем не ви беше јасно на сите. На нацијата се работи континуирано и со години. Дали сте свесни дека има луѓе и тоа Европјани кои не чуле за Македонија. За жал сме се родиле во погрешно време. Бевме, сме и ќе останаме неми сведоци на овие вековни неправди. Ама сами сме си виновни. Затоа што со векови сме биле мали луѓе, задоени со ниски страсти. Затоа луѓе разбудете се, и не дозволувајте да се велича нискоста, неписменоста и ограниченоста. Дајте им шанса на луѓето со широки хоризонти, затоа што инаку отидовме јабана.
Од: realen
Датум: 28.07.2008 16:55:59
Gi pocituvam pravata i baranjata na Makedoncite od Egejska Makedonija, no mi e zal sto aktuelnata diktatura gi zloupotrebuva,me potsetuva na Srbija od 90 -ti "gde je srpsko groblje tu je srpska zemlja".Ima bezbroj sudbini koi tesko ke se resat na primer srbite od Hrvatska ,pa folksdojcerite od Vojvodina i duri i samite grci bile proteruvani od Turcija.,taka da treba da se bide realen i ludjeto ako mozat da si gi sami izborat pravata .
Од: Egejka
Датум: 28.07.2008 17:40:41
Skandalozno e pismoto na Baroso. Ako za komisijata se mnogu vazni pocituvanjeto na covekovite prava i slobodite , a EU ne e kompetentna da tretira prasanja za identitetot i pravata na malcinstvata. Se prasuvam zosto vo Makedonija EU koristi eksluzivni prava da gi resava pravata na malcinstvata na nacin kako niv im se dopaga i odgovara: so nametnuvanje vojna ,ramkoven dogovor, amnestiranje na teroristite , pravicna zastapenost i drugi gafovi .Malcinstvoto da vladee so mnozinstvoto ???????? Togas i Makedonija treba da se ogradi od Ramkovniot dogovor i da gi resava pravata na malcinstvata po primerot na ostanatite clenki na EU.