Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Камп, премиер и дрвца

Гордана Дувњак

По седумнаесетмесечно кампување во паркот „Жена борец“, стечајците си заминаа дома. Откако со месеци истрпеа огромни понижувања и поминаа вистинска голгота во шаторите, пет дена пред изборите Владата на Груевски се сети да им помогне. Експресно донесе закон и со тоа го реши проблемотот на околу 6.000 стечајци, кои ќе примаат по 5.000 денари до пензионирање или до новото вработување.

Само што се избра новиот владин кабинет, повторно се сетија на стечајците. И еве ти ја половина Влада, предводена лично од премерот Никола Груевски, која отиде да ги испрати. Со нив беше и неизбежниот пратеник Влатко Ѓорчев, без кого не може да помине ни едно битно партиско случување. Премиерот лично им помогна околу собирањето на шаторските крила, каде што луѓето на дожд и сонце спиеја со месеци, со надеж дека некој ќе се сети на нив. Овој пат се случи денски, а не како еднаш порано, на полноќ. Заедно со стечајниот лидер, на местото на поранешните шатори, засадија и две дрвца, а за да се фатат ги полеаја со црвена кофичка.

Знае Груевски дека тој што беше главната причина за создавање на кампот, редно е и самиот да го растури.

Само да не им текне утре на невработените, па да го запоседнат Градскиот парк со шатори и приколки. Ем, има многу простор за да ја собере огромната армија од 355.000 невработени, ем ќе им биде блиску Владата. Премиерот и министрите нема да мораат да губат многу време, туку ќе можат меѓу две средби на странски делегации или пред почеток на владина седница, да скокнат до штрајкувачите на преговори. Сега им е шансата, зашто доаѓаат нови избори. Ах, што нови дрвца ќе се насадат тогаш во паркот. Ќе нема слободно место да се помине!


Статијата е прочитана 1303 пати.

Испрати коментар

Од: robert
Датум: 28.07.2008 01:08:46
ne znam koi bea pricinite koi ne im dozvoluvaa na sdsm koga bea vo vlasta da se setat na ovie isti stecajci. sega vi e zal za taa nivna zaboravenost ama poradi tao i sega se tamu kaj sto se. a za armijata nevraboteni toa e nasledstvo od sdsm od vremeto koga bea vlast, i nemate nikakvo pravo da im gi prepisuvate na ovaa garnitura bidejki ke ve fati grev od gospod za ovie nevistini
Од: realen
Датум: 28.07.2008 01:21:59
sdsm , vmro , pdp , dui, dpa mpa i taka u nedogled a da zemeshe nekoj da raboti? moze nemashe da ima armija od 350000 ama site sakaat lezi lebu da te jadam . ludje treba da razbereme zakafte zapad pa naviknete se .... prosecen evropjanin ,amerikanec raboti po 15-16 h dnrvno.... mesecno ili podobro kazano sedmicno imaat prosek 84 rabotni casa.. se zaprashal nekoj kolku casa raboti prosecen makedonec? a i site znaeme da bidemesamo SARKASTICNI kako abrorot pogore :)
Од: Тоде
Датум: 28.07.2008 06:43:41
Така ти е тоа. Во 2005 г. не го потпиша Законот за стечајци и СДСМ ги изгуби изборите. Кога повторно Законот за стечајци стана актуелен (предходната година) тие жестоко го нападнаа, да вчера (по експресното усвојување) се сликаа пред камерите како тие да го решија проблемот1 Каква хипокризија на морал....
Од: od mene
Датум: 28.07.2008 08:15:45
kade ste vie novinarete da reagirate za noviot zakon za rabotni odosi kad ene vrkaa vo feudalizmotoi "prekrasniot" kapitalisticki imperijalizam
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 28.07.2008 09:03:34
Цитат од текстот: „Знае Груевски дека тој што беше главната причина за создавање на кампот, редно е и самиот да го растури.“ ??? Госпоѓо Дувњак, во која држава живеете? Овие стечајци се резултат на катастрофалната приватизација која нема баш никаква врска со Груевски. Тоа што тие во негово време решија да протестираат не го прави него виновен за затворањето на нивните фабрики. Независен новинар би го знаел тоа, ама Вие изгледа сте далеку од „денот на независноста“...
Од: trajan
Датум: 28.07.2008 09:28:37
Pa Roberte ako tolku go sokas Grujo nosigo doma da ti ja vardi kucata,a stecajcite se izborija za somo od 7.april 2000godina i ke zemaat 5000denari.Sto stanuva so ostanatite stecajci koi zemaat pomalku odnosno od 3000 do 4000denari,a otideni se pred ovoj datum.Kade Geuja ja gleda ednakvost ana rabotnicite koi bea izbrkani po osnov na 25godini staz..Dodeka realniot lazac-lizac ne izlegol od doma za da znae kolku se raboti vo Evropa,pa neka procita nesto za skabdinavija ili za nego e toa spansko selo.
Од: ReganR
Датум: 28.07.2008 10:13:41
Госпоѓо!Кампот го направи г-динот Црвенковски кога не го потишша законот донесен од претходниот собраниски состав!
Од: real madrid bt
Датум: 28.07.2008 10:28:50
do realen: pa mozebi rabotat po 14 casa kako sto velis no barem znaat za sto rabotat , a kaj nas kako vol za slama samo za lep i za smetki ne ni stigaat. koga ovie nasi vladi, mislam na site dosega a posebno na ovaa prerodbenickata ni kazuvaat za razni gluposti deka demek taka bilo vo evropa neka ni gi napravat prosecnite plati kako voEU prvo neka ja donesat nevrabotenosta kako vo EU pa posle neka ni kazuvaat prikazni deka pusenjeto se zabranuva, alhoholot se zabranuva i treta smena da se raboti neograniceno. mnogu ludje vo makedonija pijat i pusat od maki i problemi a ovie pobogatite i taka se na droga frleni taka da cigarite i alhoholot treba na recepta da gi prepisuvate. mozebi zvuci morbidno no toa e vistinata za zalna makedonija.
Од: vesna
Датум: 28.07.2008 11:04:12
Zakonot opfaka samo stecajci od 2000 do 2004,a sto e so drugite? Toj e diskriminatorski,ke padne na ustaven sud i tie sto sega mu pleskaat na patorot pak ke dobijat edno golemo-NISTO.
Од: мене
Датум: 28.07.2008 14:09:25
Toa е неиздржан Закон бидејќи се однесува на една иста група граѓани, а сепак едните се дискриминирани наспроти другите. Диктаторот заради рејтинг брзаше да ги придобие и стечајците ама покрај мало бебе пак ќе станат измокрени сите стечајци. На здравје со Гујчо и детска градинка „Шумичка за заблуда“

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Баросо се прогласи за некомпетентен за Егејците
Verbatim