Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

Два кубика дрва, еден глас!

Раде Крстески

Ова е една од стратегиите на градоначалниците од преродените редови - со уништување на шумите до купување гласови за време на кампања. Затоа тие денес први се појавија да ја засадат својата иднина, иднината за обезбедување иден мандат базиран на дрвото како основен предмет на трампа со гласовите од народот.

Во поголем дел од регионите шумата се користеше за обезбедување гласачко тело во изборната кампања, дрвјата немилосрдно беа сечени, очигледно, со дозвола од сегашните мандатори, а сега истите тие „сечачи“ се спремаат за нови избори, па побрзаа да засадат уште по некое дрвце. Медиумите предупредуваа, се правеа прилози, но како и обично, Владата си тера по свое, без да води грижа за народот.

Конкретно, во Ресен, покрај ваквите акции, останаа на терен нерешени проблемите на јаболкарите. На градоначалникот поважно му е да обезбеди средства за финансирање на акцијата за пошумување, отколку да ги реши проблемите на луѓето, кои сега се на работ на егзистенција.

Надлежните немаат слух, немаат политичка волја за решавање на нивните проблеми, затоа што 7,5 милиони садници, по некоја логика, подразбираат околу 7,5 милиони евра, а пари за овие луѓе, кои се на работ на егзистенција, едноставно, нема. Акцијата ги истроши.

Никој од централната и од локалната власт не остварува средби со нив, а само со малку слух, може да им се помогне за да се спаси ланската реколта. Истите тие луѓе ги истураа јаболката покрај патот, заплашени од искуството на битолските фармери, кои заработија високи казни за ланското истурање на млекото на битолското џаде. Сега останува да ја бараат правдата од „сечачите“ на нивните животи.

Поважно е властите да се сликаат, да се снимаат и да ни кажуваат дека се залагаат за „зелена Македонија“, отколку да им обезбеди пристоен живот на загрозените јаболкари. Се залагаат за зелена Македонија, а не' трујат со отпадот што го довлечкаа од Европа, половните автомобили, како и рестартирањето на велешката Топилница.

Додека тие само си садат дрвца, луѓето си ги удираат главите од ѕид, бидејќи немаат леб и не знаат како да сврзат крај со крај. Им се може, го имаат инструментот на власта во сопствени раце, па на оние што ќе се побунат или ќе штрајкуваат, им се закануваат дека ќе ги санкционираат.

Сево ова им е залудно, зашто на идните избори секој гласач прво ќе си го постави прашањето „Дали живее поубаво и подостоинствено, дали има повеќе пари во овие четири години“, па потоа ќе гласа. А, власта добро знае дека одговорот на ова прашање е негативен.


#
Статијата е прочитана 886 пати.

Испрати коментар

Од: тодор
Датум: 20.04.2010 00:34:54
Се лажеш другар, мојот и твојот глас, како и гласот на неписмениот, вредат 1. Зато оваа држава страдала и ќе страда.
Од: Glasac
Датум: 20.04.2010 00:36:49
Mnogu be toa dva kubika za eden glas. Kade e otkupniot centar? I dali isplatata e vednas ili na pocek?
Од: Нино
Датум: 20.04.2010 02:30:52
Така е! Точно како што велите: „на идните избори секој гласач прво ќе си го постави прашањето „Дали живее поубаво и подостоинствено, дали има повеќе пари во овие четири години“, па потоа ќе гласа. А, власта добро знае дека одговорот на ова прашање е негативен.“
Од: Дали писателот засадил едно дрвце???
Датум: 20.04.2010 07:48:04
Овој Раде ја преспал цела година. Изборите беа пред 1 година. Тогаш требало да пишува за неправилности во кампањата, доколку ги имало.
Од: Трпе
Датум: 20.04.2010 08:51:16
Во различни региони,цената на гласот е различна ако се споредува со дрвја.Но познато е од кого е изгласана ова блада и градоначалници.Оваа дека прост народ а имаме силна влада се кажува..А ако дискутираме за шумите дека низ Македонија секаде каде имаше високастеблеста шума се уништи без усул,поточно кажано бетер и од турско.А сега бладата со овој певецот Трајанов се фалат дека садат цвекиња.Живи и здрави да бидеме белким нешто ке порасне.Срека што се садат багреми.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 10:18:51
Г-дине Крстевски како што запази еден од коментаторите ептен си закаснил со поткупените гласачи,една година пројде како во песната за ,,жолтите дуњи,,глас нема од вас ,дури сега пишувате а ,,свршеницата умре ,, на избори лани.А имавте прекрасна можност да ја спасите само на време да ги откриевте заврзламите на поморанџестите.
Од: Oliver
Датум: 20.04.2010 12:19:41
Ako!!! Poarno dva kubika drva otkolku 500 denari, vrekice brasno ili zejtin kako sto bese pred 7-8 godini. ili zkani, pritisoci, ucenuvanje kako sto bese 94". Eee porasna cenata na napateniot makedonski glasac, narednite izbori cenata ke bide 6 kubika drva, barem da se mine zimata. E sega Branko neka mu ja misli, malku ke mu bidat site sumi pa i ovie nie sto gi sadevme.

Најди! во Утрински
Писма
За апсурдните барања на СДСМ