Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
За апсурдните барања на СДСМ

Филип Костадиновски, студент

На почетокот сакам да истакнам дека не сум од оние луѓе што често праќаат вакви писма до пишаните медиуми. Но, како чесен и лојален граѓанин на нашата земја, не можам и не сакам да останам нем пред последните случувања излезени од партиската кујна на СДСМ. Имено, бев длабоко навреден кога пред седиштето на својата партија, лидерот Бранко Црвенковски без ниту малку срам од оние на кои им нанесе силна неправда и ги остави на улица, порача дека тој и неговата партија бараат да се отворат повторно предметите што се однесуваат на криминалната приватизација на македонските претпријатија. Наводно, тие бараат ваквите предмети да не застаруваат. Замислете, сево ова го бара лицето Бранко Црвенковски, кој, всушност е главниот виновник за голготата на македонските стечајци.

Дел од тие напатени луѓе беше и мојот покоен татко. Десетина години татко ми се бореше со мачното секојдневие на што беше осуден не по своја вина. Речиси една деценија мојот родител, инаку стечаец од „Алумина“ се бореше да обезбеди парче леб за нас, но, за жал, секогаш не му успеваше тоа. Не беа ретки моментите кога го гледав како со наведната глава и паднат морал моли и тропа по затворените врати на сдсмовските шефчиња. Но, тие никогаш не се отворија. Скршен од болка, со чувство дека е безвреден (и покрај завршеното високо образование), мојот татко почина на само педесет години. За да биде апсурдот уште поголем, истите тие сдсмовски шефчиња, сега тајкуни и високи функционери на СДСМ, бараат да се отворат случаите на матната приватизација.

Се прашувам која им е логиката?Дали тие мислат дека ние семејствата на илјадниците стечајци ја заборавивме голготата низ која поминавме?Дали мислат дека нашата меморија е толку кратка? Не, господа од СДСМ, Ве уверувам дека се лажете!

#
Статијата е прочитана 926 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 20.04.2010 00:18:24
Pa tokmu ti Gospodine Student treba da baras da se izvrsi revizija na privatizacijata t.e na ona sto mu e odzemeno na tvojot tatko, a ne da prakas kontradiktorni pisma po novinive. Si ili ne si za revizija, toa e poentata ,a ne da go napagas Branko( i jas ne go sakam) no toj pokrena prasanje okolu revizija na privatizacijata. Dali e seriozen ili ne e seriozen, ne e i bitno, bitno postaveno e prasanje, pa sega treba da se odgovori, DA, sakame revizija ,ili NE, zaboravete revoizija. Ti podobro izjasni se za sto si, a ne pola pismo ti e za Branko ,a pola sugestija da se otkazeme od revizijata. Naj nejasna mi e tvojata posledna recenica/prasanja-odgovori. Sto sakas da kazes? Ete te potsetil Branko deka imalo nepravedna privatizacija i bara revizija. Nase e dali ke turkame do kraj, ili ke stavime pepel. Ednostavno. Ako stavime pepel nema sto da im pamtime veke. Ako odime do kraj, ete Bane se ponudi da "odgovara". Ednostavno ,neli?
Од: todor
Датум: 20.04.2010 00:32:42
Би било корисно да не го напишеше и ова нарачано писмо. Зарем мислиш дека сиот македонски народ е неук. Не е проблемот во кривичната одговорност на крадците макар биле и од СДСМ или ДПМНЕ. Проблемот е да им се вратат акциите и парите на ограбените и изманипулирани работници од страна на приватизерите. Во мојот град ги броев фирмите во кои работеа повеќе од 25000 вработени и ниту една фирма не видов приватизирана од страна на СДСМ, туку напротив од тогашната предавничка влада на ДПМНЕ на чело со најголемиот предавник на Македонија вашиот ЉуБчо чиј што министер за финансии му беше сегашниот Предавник Грујо. Сите фирми се во рацете на ДПМНЕ или НП. Никој нив сега не ги казнува што не делат плата, никој не им ги блокира сметките никој не става за зло што истите се на работ на пропаста. Затоа те молам пред да пишуваш овакви нарачани писма преиспитај се и преброј се. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА БЕЗ МАКЕДОНЦИ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ.
Од: Od Mirko
Датум: 20.04.2010 00:39:34
Млади господине,ти си на многу погрешно информиран и имаш погрешна пртстава за приватизацијата.Не ја направи неа Бранко и по негова воља. Приватизацијата ја изгласа народот,работниците, тие бараа приватизации,зопшто твоите фаворити бараа промена на системот, а работниците ги лажеа дека во новиот ситем брзо ќе бидат богати, па им поделија акции за право на сопственост на претпријатијата.Потоа акциите им ги земаа за багатела по префриганиоте во фирмите и истите ги доведуваа до пропаст и така ги освојуваа ,а работниците остануваа без работа. Бранко тоа не го правеше.Тоа беше се по закон што го изгласа не Бранково мнозинство во парламентот .Подобро би било да се информираш, него да лупаш.
Од: Elena
Датум: 20.04.2010 03:30:47
Kolku e zaslepen makedonskiot narod. Kade e socuvstvoto kon bolkata na toj mlad covek sto go napisal ova pismo. Zar lugjeto nemaat pravo ni na bolka, zosto mora da bide naracano pismo? Zgrozena sum od bezdusnosta na partiite, i na vas kutri partiski vojnicinja, sto mislite deka site drugi se kako vas. Se kolnete te vo Branko, te vo Grujo, a site ve vrtat kako sto sakaat. A vie i ponatamu ginete da gi branite, duri do tamu, sto ne dozvoluvate nekoj iskreno da taguva po roditelot i da bara vina za negovata zaguba.
Од: Kimov
Датум: 20.04.2010 05:27:21
ALAL da mu e na Filip Kostadinovski avtorot na statiata. Momceto so negoviot tatko ima pominato golema trauma i nikogas nema da ja zaboravi zatoa i go pisuva ova. Branko vo crnina go stavi Makedonskiot narod i nikogas nema da mu go zaboravat. Momcinjata Jovan, Todor i Mirko neka se stavat vo kozata na Filip, pa i nivnite tatkovci da im umrat, togas ke gi prasam so sto podrugo ke razmisluvaat.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 20.04.2010 07:07:36
За приватозацијата сме виновни и јас и ти и сите граѓани на оваа земја.Како што сме, пак, виновни за ова што денес ни се случува - осиромашување и стрмоглаво паѓање на стандарот на живеење.но, некој е виновен повеќе, а некој помалку. Освестувањето, преиспитувањето и преоценувањето се нормални и посакувани појави, не толку да некој се ,,обеси„, туку да се извлечат поуки, да се санираат работите и да се осторат подобри преспективи.
Од: Itar Pejo
Датум: 20.04.2010 07:11:41
Odlicna statija. Avtorot, ako stvarno postoi, moze da se nadeva dabide naznacen za ambasador. Gi ispolnuva site uslovi.
Од: На Бранко уште не му текнало да го употреби неговиот Уставен суд за да ја укине приватизацијата што самиот ја спроведе
Датум: 20.04.2010 07:52:56
Гледам уште рано пропеале петлите на Бранко. Срамота е тие што ја ограбија Македонија сега да се прават невини. Народот памти и враќа.
Од: dara bubamara
Датум: 20.04.2010 08:25:48
Mnogu mi e zal za vasiot pokoen tatko mlad gospodine,no vie ne trebe tolku da se lutite i vzestite na SDSM i na Branko Crvenkovski sto pobaral ravizija na privatizacijata.Toa e dobro,ke vidime koj kako gi privatizirase firmite,no za vas podobro ke bide da si proverite koj ja vodese stecajnata postapka vo alumina,SDSMovski sevcinja kako sto velite vie ili Vmrovski sefista?!
Од: скопјанец
Датум: 20.04.2010 08:49:22
Овој мисли (авторот) дека народот е будала? Доста со порачки, сакаме да прочитаме нешто вредно.
Од: seuste normalen
Датум: 20.04.2010 09:00:34
Greska druze dragi! Direktorot Krzovski vo vreme na vldeenjeto na vladata na VMRO 1998-2002, ja rasturi skroz fabrikata za aluminiumski profili Alumina i site rabotnici gi izbrka bukvalno na ulica pred kapija. Pogledajte gi izdanijata na dnevnite vesnici od toj period. A so ovie provokatorski zalopojki mozat da maftaat samo zaludenive deca postaveni za direktori, ministri, sekavi sefovi i. t. n. <<<<<
Од: Koj se plasi ?
Датум: 20.04.2010 09:04:47
Cudno pismo pracas Filipe. Taguvas po privatizaciskite Golgoti na tatkoti, a vo isto vreme kako da si protiv reevizijata na izvrsenata pljacka na narodot , narecena od ekon. strucnjaci privatizacija Kolku e iskreno tvoeto pismo/ Jas ne sum pripadnik na ni edno partija i ne gi simpatiziram dvete " golemi" partii, bidejci i ednata i drugatra napravi golemi grevovi na Mkd i na narodot.No eve ako vece ima predlog( atakov proces i pokrenat i vo Hrvatska) zosto da ne se izvrsi revizija na privatizacijata i onie tajkuni koi zadjabe prigrabija se da si go platat toa. VMRO stalnoi potencirase kako golem grev na Branko taa kriminlna privatizacija, no koga dojde predlogot za revizija kako da se sepna. Pa setete se deka bas vo vreme na VMRO se izvrsi privatizacija na najbogatite firmi,Telekom , Okta , pa tuka e i nacion. platezna karticka.a min. po finansiii bese tokmu Grujoi.Vo sto e stravo se prasuvam. a koga go citav ona intervju na prof Sukarov, koj mi se zburbati vo stomakot od negovi lagi
Од: studen
Датум: 20.04.2010 09:20:20
Studen, kamen..... Ovoj naracaniov student nema vrska so centralata sto pi[uva i navistina mu veruvam deka ima slaba memorija, gledam deka e strasen VMROVEC i toj i slicni na nego ja dovedoa drzavava vo vakov haos. Gospot neka im plati.
Од: kaktus
Датум: 20.04.2010 09:46:32
Така ти е тоа кога студенти сакаат да солат памет. И овај е на ниво на Иле Димовски, Ѓорчев и Ко. Што знаат друго освен “Тандара брош-Бранко е лош“
Од: kiro
Датум: 20.04.2010 10:07:56
Koj ti plaka za tekstov ili se grebes za edna mocana 6-ka?SO VAKVI AKADEMCI SAMO PROPAST NI SE PISUVA!!!STRASNO!!!
Од: b
Датум: 20.04.2010 10:14:06
Малку си се потскарал со демократијата. Незнам каков студент си, но си добар ученик на твојот омилен водач!
Од: Ja su ZA revizija
Датум: 20.04.2010 10:32:37
Vo privatizacijata napravena vo RM ima kriminal. Toj kriminal vo golema mera e poddrzuvan i od Vladite. Jas sum za predlogot na Crvenkovski so koj se bara Ustavot da ovozmozi nikoj da ne bide posteden od odgovornost za ucestvo ili pomaganje vo kriminalnata privatizacija pod izgovor deka deloto e zastereno. A koj e kriminalec Branko, Ljubco ili Gruevski ke kazat sudovite vo zakonska postapka a ne politicarite, partiskite vojnici ili novinarite. Zakon i pravda i za privatizacijata. Site sme zasegnati od toj proces i ve molam bez sozaluvawe na avtorot ili nekoj drug. Znaete sekoja planina si ima svoja tezina i 100 stapa na tugj grb ne bolat. Zatoa za pravda ama bez politika. A toe sto si ja imaat muvata na kapa normalno deka ke zboruvaat i pisuvaat sekakvi gluposti za da go odvlecat vnimanieto.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.04.2010 10:40:47
Добри се овие виножитни коментатори како Мирко за обработка.Открива нешто несекојдневно,да си на власт а опозицијата да ти приватизира имот,притоа давајќи акции а после за мали пари ги откупуваат.Виножитниот спасител не знае за вакво нешто инаку би презел драконски мерки.Виножитните директори покасно стануваат олигарси не сакајќи и под присила стануваат енормно богати.Инаку го упатувам Мирко на колумната од сабота во Дневник на универзитетскиот професор Лабовиќ кој го опсервира блефот на предлагачот.
Од: nekoj
Датум: 20.04.2010 10:55:00
Mislam deka e vreme makedonskata mladina i studentite pred se kako Filip, da se oddalecat od politika i da pocnat da se orientiraat kon sebe si: koj sum, sto sum, koi prava gi imama kako edinka, zosto ova se slucuva, koja e mojata idnina itn. Od tuka ke proizleze ona sto site go posakuvate: pravdina, zdravo opstestvo, uslovi za zivot.. Togas ke vi bide seedno koja boja ja ima kriminalecot: plava ili portokaova, za vas toj ke bide Kriminalec i ke ima samo edno mesto-zatvor. Vie treba da se borite da ima zakon so koj ke se odzeme se na tie Kriminalci i ke go vratat ona sto im pripaga na site. Koga drzavata ke se sredi, veruvaj mi, ke se smees na pomislata na nekoj politicar ili politika-toa ke ti bide nesto za koe nikogas nema da pomislis. Moznosti mnogu-plata dobra-sigurnost, idnina, zivot. Toa vi treba na vas mladite, a ne politika i "Branko mu rece na Grujo, Grujo mu kaza na Branko..."
Од: Палома
Датум: 20.04.2010 10:55:54
Вакви писанија е срамота да се пишуваат.Освен во утрински весник ова писмо беше и во мислам во весникот Време или некој друг.Студенту, од толку очај ,се разбира оправдан ,со сите сили треба да бидеш силен поборник да се прифати амандманот што го предложи опозицијата ,а го прифати и власта, за да се откријат сите приватизации од кого и во кое време се случувале.Ова писмо го сваќаме сериозно исто како „транзициските стечајци „ со кравата и фотељата.Ајде ви се молам ,немој да мислите дека го читаме ова писмо со палома во рацете. Биди одважен,и напиши писмо каде апелираш да се отвори приватизацијата низ судските инстанци.,за да колку т��лку ,ти се олесни на душата ,а виновниците да бидат соодветно санкционирани.За почеток не е лошо и малку да поднаучиш етика и морал.
Од: tina
Датум: 20.04.2010 11:38:28
Revizija treba da ima, Branko e vo pravo, togas ke se vidi koj kako i sto pravel. Koj e cist ne treba da se plasi, treba da se otvorat kartite. No premnogu se zapletkani i ovie i onie, a za zal mnogu nasi tatkovci ili se razboleni ili se zaminati od ovoj svet
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 20.04.2010 12:30:22
Alumina ti ja rasturi DePeMeNe-to momche, a ne BC. Iskreno mi e zal za toa sto mu se slucilo na tatko ti, no ne znam sto baral kaj SDSM-ovskite sefcinja, kako sto gi narekuvas, koga se znae koj i kako ja privatizirase Alumina....

Најди! во Утрински
Писма
Два кубика дрва, еден глас!