Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Вашингтон не' потсетува на Охридскиот договор

Вашингтон - САД ја поддржуваат Македонија за членство во НАТО и во Европската унија што е дел од напорите за промоција на мирот и стабилноста на Балканот, изјави Томас Кантримен, американски заменик помошник државен секретар на вчерашното сослушување во Хелсиншката комисија на Конгресот, посветено на Балканот.

Тој оцени дека Македонија ги исполнила речиси сите технички стандарди поставени од ЕУ и оти Европската комисија препорача почеток на преговорите за членство, пренесува Радио Слободна Европа.

„За да се задржи овој позитивен импулс, ја охрабруваме македонската Влада да го утврди како приоритет подобрувањето на меѓуетничките односи така што ќе ги спроведува и одредбите и духот на Охридскиот договор. Македонија мора и натаму да остане фокусирана врз реформите, пред се', кога станува збор за владеењето на правото, порача Кантримен.

Тој додаде дека е најважно што поскоро да биде решен спорот меѓу Скопје и Атина за името, а Вашингтон ги поддржува напорите на посредникот Метју Нимиц и ќе прифати секое решение за кое ќе се договорат двете страни. (МИА)


#
Статијата е прочитана 782 пати.

Испрати коментар

Од: Nake Tufekciev
Датум: 10.12.2010 22:12:58
Odlicno neka SAD se povlece od okupiranite zemji svoite vojski ,neka plati osteta za site zlocini;togas Makedonija ke go smeni imeto

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Бучковски барал САД да му помогнат на изборите
Вистината во притвор
Писмото на Милошоски не ја убеди Атина
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud