|
|
|
|
|
|
Бучковски барал САД да му помогнат на изборите
И продажбата на владините акции во „Телеком“ била услов за НАТО
Поранешниот премиер Владо Бучковски во предвечерјето на изборите во 2006 година, кои ги изгуби СДСМ, се обидувал да добие поддршка од САД и да влезе во трката како кандидат што има поддршка од меѓународната заедница.
Ваквата информација произлегува од документот што го објави сајтот „Викиликс“ за Македонија, а кој потекнува од амбасадата на САД во Скопје и се однесува на работна вечера на експремиерот со амбасадорката Џилијан Миловановиќ. Во докумемнтот, исто така, стои дека Бучковски лично се залагал четирите контроверзни хашки случаи да не се вратат во Македонија во 2006 година и ветил дека за Ел Масри ќе ја држи главата спуштена, односно ќе молчи, и тој и шефот на полицијата во тоа време, Љубомир Михајловски.
Бучковски вчера не сакаше да ги коментира овие информации, повикувајќи се на генералниот договор со преставници на САД да не се коментираат документите на „Викиликс“, бидејќи се политички дестаблизирирачки. Како што е познато, и пред да почне објавувањето на документите, излезе информацијата дека дипломатите на САД ги предупредиле и ги запознале со содржината на фајловте сите засегнати во нив, а од амбасадата на САД во Скопје неофицијално протекле дури 500 документи.
„Бучковски беше ревносе�� во своето портретирање како прагматичен лидер што ги слуша аргументите што не се во согласност со неговите гледања и кој е подготвен да прави компромис ако е потребно. Со оглед на веројатните парламентарните избори, тој исто чувстствува дека е неопходно да покаже дека има поддршка од меѓународната заедница, особено од САД, и дека неговите политички ставови не се во конфликт со нашите“, стои во белешката на Миловановиќ. Наедно, тој изразил загриженост дека ВМРО-ДПМНЕ ќе игра деструктивна улога на изборите и ќе користи тактика на дестабилизирање, па како пример ги навел демонстрациите на невработените од тутунските комбинати во Куманово и во Прилеп.
Бучковски, исто така, најавил дека лично ќе се залага кај Трибуналот во Хаг да се одложи враќањето на четирите случаи за воени злосторства од 2001 година. Јавниот обвинител Александар Прчевски во февруари 2006 имал закажано средба со високи претставници на Хашкото обвинителство на која требало да го побара тоа, при што Бучковски инсистирал да бара само вербални ветувања за одложувањето, од страв дека каков било пишан документ би можел да биде злоупотребен од тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ за напади врз Владата дека е премногу мека кон Албанците.
Според оцените од амбасадата, тврдењата на Бучковски биле во спротивност со претходно изнесените ставови на тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, а тоа покажало дека во владата постои недоволна координација меѓу него, шефицата на дипломатијата и шефот на државата Бранко Црвенковски.
Белешката за случајот на Ел Масри покажува како САД и во своите документи се дистанцирале од аферата, наведувајќи дека Масри „тврдел дека бил киднапиран во Македонија и предаден на ЦИА“. Според белешката, Бучковски и' ветил на Миловановиќ дека ќе продолжи да го поддржува тогашниот министер за внатрешни работи, кој одбивал да го дискутира случајот со новинарите.
„На Бучковски му олесна кога слушна од амбасадорката дека ни САД нема да го менуваат курсот по ова прашање и дека ќе продолжат да одбиваат да зборуваат јавно за него“. На неговото барање амбасадорката за ова прашање да се консултира со германската амбасада во Скопје, за да престанат притисоците врз нашата влада, Миловановиќ одбила да го стори тоа.
Во вториот документ што се појави на „Викиликс“ а кој се однесува на шансите на Македонија да стане членка во НАТО во 2008 година, јасно се гледа дека САД барале од тогашната влада (2006 година) да процесуира пет до шест високопрофилни случаи и да им изрече казни кои ќе имаат ефект на одвраќање од корупција во државата. Од Владата се барало да ги продаде преостанатите акции во „Македонски телекомуникации“, а на ДУИ барале да им се порача дека еднаквата застапеност на Албанците не смее да значи именување неквалификувани кадри во АРМ, како што сакала оваа партија. Во забелешката како констатација стои дека од нашите разузнувачки служби од време навреме протекуваат сензитивни информации до политичките партии. (С.Ј.) |
#
|
Статијата е прочитана 1270 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 10.12.2010 12:03:54 |
|
Skandalozno e sto Bucko gi zataskal haskite slucai. Za sreca sega e na vlast DPMNE pa gi istera do kraj i zlocincite se vece na robija. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 10.12.2010 12:18:54 |
|
Чудно сваќање на правдата кон своите сонародници на експремиерот инаку професор по правни науки а се во стилот,,ќути и веслај,,надевајќи се на странска помош за освојување на власта.Феличита,ајван др.шаховскиот чирак очекувам да ни ја разјаснат ситуацијава за небарање правда за Мавровски работници,за небарање правда за Непроштено,за негонење на батак мајсторот на смоки независната тв. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 10.12.2010 12:37:06 |
|
Naslovna vo Vecer e Megaskandal-Buckovski namesto da javat za megaskandalot so kukaviclukot na Grujo da izleze na izbori da dade otcet za unistuvanjeto na drzavata posle 9 godini vladeenje. So Nadez se obrukaa pa sega novi smejurii. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 10.12.2010 13:35:14 |
|
Среќко,за среќа твојот сопственик ги процесуираше хашките случаи,меѓу нив и со работниците на Маврово.Не ги остави случаите да висат како што тоа го направи Бучковски!
П.С.Сеуште должиш одговор на прашањето:Кого чекаше премиерот на аеродром:а- Газафер, б- Братот, в -Сестрата? |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto |
Датум: 10.12.2010 14:17:26 |
|
Posle sevo ova, se prasuvam (a mislam deka i mnogumina drugi se prasuvat),kako Bucko ke izleze,ke ima li lice,pred javnosta??!!!????!?!?!?!
A....i sam da si odgovoram.
Takov ,bez lice ,bez sovest i nikakov moral ke izleze pred narodot Makedonski i ke zboruva i samo zboruva.A uste pozalno .Ke predava na fakultet na studentite,ke gi naucuva na pravni nauki
SRAMOTA
|
|
|
|
|
|
|
Од: vv |
Датум: 10.12.2010 14:39:14 |
|
E moj hari pa shto treba grujo da pravi a?da mu dokazuva demek hrabrost na BC koga na ovoj ke nedostasuva vlasta kako na malo dete igracka.Za mene grujo ke bide kukavica ako ne go smesti BC tamu kade shto mu emestoto.Tranzicionen kriminalec i manipulant. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vodno |
Датум: 10.12.2010 18:19:20 |
|
E moj W, tvojot Grujo ako ima Boga treba da vednas otide vo istorijata, so edna cel.spas za Makedonija! Ako covekot sto ja gradese drzavata i vo cie vreme drzavata imase ugled, bese tranzicionen kriminale bez nieden fakt, togas sto e studentot od Pripep koj vo eden den na majka mu i kupi 4 stana, i koj ja zakopa Makedonija so OKTA , platezna karticka, Telekom, Swedmil., |
|
|
|
|
|
|
Од: od jas |
Датум: 10.12.2010 19:39:17 |
|
Bucko i Branko go ispeaa svoeto no kako go peete vie vaseto ne se poglednuvate li malku pozadi se gledate livo ogledalo dali ste slicni so niv ili ste polosi.Taa masa luge sto dojdoda da strajkuvaat protiv denesnata vlada ne dojdoa od Srbija ili od Bugarija tie se tvoi komsii sogragani ILI!!! kako gi narekuvas ti -nesto ne e vred !!! Kakao vladatel ti krois ti delis ti si vlast ti si see zosto se sega krivi site DRUGI !!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Тошо |
Датум: 10.12.2010 22:51:39 |
|
Значи Бучко бил ВО ПРАВО! Ако останеа Хашките случаи во Хаг барем ќе имаше судење за насилниците кои се изживуваа врз мавровските работници. А сега, кога истите случаи се овде се гледа дека се прави дил меѓу ВМРО и ДУИ. А за праведно судење .... никој не размислува. Ете затоа сметам дека Бучко СО ПРАВО СЕ ЗАЛАГАЛ тие злосторства да се судат во Хаг. |
|
|
|
|
|
|
|
|