|
|
|
|
|
|
Писмото на Милошоски не ја убеди Атина
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Писмото на Антонио Милошоски до својот грчки колега Димитрис Друцас за Грција не е некој доволно силен мотив за промена на ставовите во однос на поддршката за влез во ЕУ и проблемот со името.
Имено, како што истакна портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, најпрво за содржината на писмото во кое Милошоски бара поддршка од Грција и конструктивен став за добивање датум за преговори, а не блокирање на декемврискиот самит на ЕУ, се информирале преку медиумите, бидејќи самото писмо стигнало неколку дена подоцна.
„Го цениме овој допис, но на начинот на кој е напишано покажува дека има комуникациски карактер, а не суштина“, истакна Делавекурас. Портпаролот на грчкото МНР истакна дека дополнително ќе го проценат дописот и, според тоа, ќе одлучат дали е потребен одговор.
Писмото до грчкото МНР беше испратено пред една недела, а во исто време македонскиот министер за надворешни работи писма со слична содржина испрати и до останатите држави-членки на ЕУ.
Грчкиот весник „Етнос“, кој држи порадикални ставови за спорот со името, коментира дека на самитот на ЕУ речиси и нема шанси за позитивна одлука за датум за преговори, што според нив и не е толку застрашувачки за Владата на македонскиот премиер Никола Груевски. Писмото на Милошоски во кое се бара зелено светло од Грција според „Етнос“ во Атина не било сфатено како сериозен обид од македонска страна. Иако изостана стандардниот коментар од грчкото МНР дека Грција ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и ќе биде нејзин најголем сојузник за прием во европското семејство откако ќе се реши проблемот со името, Атина продолжува со активностите за Западен Балкан. |
#
|
Статијата е прочитана 752 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 10.12.2010 12:05:37 |
|
Dali nekoj seuste se secava na pismata koi sto Gruevski gi pracase do svetskite mocnici? Vazno e deka ovaa vlada nesto raboti. Strize li strize. Ide zima ama volna ce ima. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 10.12.2010 12:13:05 |
|
А зар имаше некој будала да верува дека некого нешто ке убеди. И самиот автор сигурно не верувал. Писмото беше наменето за нивните поданици, да им каже, демек, ево ние работиме. Во Атина, сигурно, гледале со потсмев. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 10.12.2010 12:20:46 |
|
Nepotrebna blamaza, vidliva od avion a pustiot nosi ocila. Ama ako ne proba, sto ke kaze G. |
|
|
|
|
|
|
Од: Hari |
Датум: 10.12.2010 12:35:08 |
|
Pa Grckata Vlada, svetot i narodot ne pie nafta da veruva na lagi od decata od ulica. Na ova pismo moze da veruva samo Mile od Ohrid koj seuste e ubeden deka naseto ime e vekovno , a ne kako sto realnosta zboruva od 1945god blagodarenie na Tito. Milososki go ubedi cel svet deka nemame pravo da go koristime toa ime pa site zemji koi ne porizna pod Ustavno ime sega ni velat dogovoretese so Grcija. |
|
|
|
|
|
|
Од: RND |
Датум: 10.12.2010 12:53:42 |
|
Освен дружината ДПМНЕ-овци, никој друг не е убеден во писмата на господинот Шчо. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 10.12.2010 14:17:21 |
|
На детево диоптерот,под итно треба да му се мења.Ама од инает не признава.Ама неговата работа не е и за гледање.Тој мора само да слуша(ако му е добар слухот) шчо ке му каже претпоставениот.А не мора и да слуша доволно е да знае само да чита.Барем и весници да чита сто пати ке биде покорисен. |
|
|
|
|
|
|
Од: sovremenik |
Датум: 10.12.2010 20:49:22 |
|
do Hari! A štp ke kažete za 1943. god ( Vtori AVNOJ)., 1924.god. ( Majski manifest), Misirkov, i mnogu drugi? Malku ročitajte gi turskite dokumenti-defderi i ke znaete od koe vreme našiot narod se vika Makedonci i narekuva so Makedonski identitet. Ste čuli za : Sgudatite, Vlaho-Rinhitite, Ezerani, Brsjaci, Strumjani, Mariovci? Zatoa e imeto na nas, Makedonci od zaedničkoto slovensko poteklo vekovno i obedinuvačko kade i da sme, sega i vodijasporata. Vtoro, site narodi vo Evropa se dojdenci od Azija, vo najgolem del od prostorot na Indija i Pakistan. Grcite se dojdeni od Radjastan, edna od indijskite provincii. ( vidi studii na Dr. n ada Proeva). Ako sakate da komentirate nešto, prvo prašajte i naujčite od izvorite. |
|
|
|
|
|
|
Од: srebre |
Датум: 10.12.2010 22:28:19 |
|
micoto e inteligenten sekoja castama sto mislite da imase svoe mislenje dali ce ostanese na ministerskto mesto??? |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 10.12.2010 22:54:03 |
|
A,zosto pod ovoj tekst nema komentar na g-dinot,"prosvetlen" Felix.
Verojatno se plasel deka spomnatiot minister nema da go razbere jazikot na koj ,komentatorot so "porcelanska kicma".obicno pisuva.Plus upotrebuva prava,a ne"iscasena" azbuka!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!s |
|
|
|
|
|
|
Од: do Hari |
Датум: 10.12.2010 23:59:41 |
|
Abe Hari.Kakov be Tito, kako dal ime nekomu.Dolgo,dolgo vreme pred toj Tito da se rodi,Makedoncite si bile Makedonci,a imeto Makedonija tokmu so vekovi se koristi za drzavata na Makedoncite od antikata pa do segasnosta.Ne e tocno deka drzavite sto ne priznale so ustavnoto ime baraat promena na imeto.Naprotiv,tie i ponatamu ne priznavaat so toa ime,a samo SAD bara da smenime ime od tie drzavi sto ne priznaa so ustavnoto ime. |
|
|
|
|
|
|
|
|