Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Новаци бара помош за деминирање на Мариово

БИТОЛА - И по еден век од завршувањето на Првата светска војна, битолскиот дел на Мариово и планината Кајмакчалан, која граничи со соседна Грција лежат на неексплодирани експлозивни тела. Во пресрет на сезоната на пожари, кога опасноста од активирање на експлозивните направи е голема, локалната самоуправа на Новаци бара помош за деминирање на Мариово.

Градоначалникот Лазар Котевски вели дека за чистење на теренот се потребни големи средства кои Општината не може да ги обезбеди. Од вкупната површина на општината, односно од 760 квадратни километри, две третини се ризичен терен на кој е неопходно деминирање. „Теренот мора да се деминира. Постои голем страв за безбедноста на граѓаните. Само за пример, лани, при копање ров за поставување канализација во почетокот на селото, беа откопани 300 бомби и гранати. Се претпоставува дека таму имало подземен магацин, што значи стравувањата се оправдани“, изјави градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски. Тој предупредува дека крајно небезбеден е теренот на планината Кајмакчалан.

„Тука постојано има пожари и постојано експлодираат бомби како да се војува. Што е ушто полошо, ниту од воздух не може да се гасне пожарот“, напоменува Котевски. Деминирањето на Мариово ќе биде и во функција на развојот на алтернативниот туризам.

Иницијативата за деминирање на Мариово минатата година ја поведе невладината „Стоп нус“ од Битола, но се' уште се чека одговор од странските фондови. (А.Б.)


Статијата е прочитана 458 пати.

��спрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Охридско Езеро на шесто место за седум светски чуда
Шар Планина - национален парк