Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Шар Планина - национален парк

На Шар Планина има 1.500 видови растенија, од кои најголема вредност на флората е над 150 ендемски растенија

ТЕТОВО - Од вчера официјално започнува постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк. Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање подготвува закон, што треба да биде донесен до крајот на годинава. Истовремено, се врши идентификација на границите, зашто Шар Планина од делот кај Маврово веќе е прогласена за национален парк, а од косовска страна има обврски во однос на заштитата. На вчерашниот собир на Попова Шапка, на кој беше означен почетокот на оваа значајна акција, министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, рече дека сите подготовки се интензивирани и оти наскоро ќе бидат одржани средби со локалното население и со експерти, а забелешките и мислењата ќе значат придонес кон реализацијата на програмата.

Појдовна основа Шар Планина да биде прогласена за национален парк се заложбите на Европа за заштита на природното наследство, кои биле разработени во паневропската стратегија за биолошка и пејзажна разновидност. Севкупната флора на оваа планина е претставена со околу 1.500 видови растенија, од кои најголема флористичка вредност се над 150 ендемски растенија.

Професорот на Природно-математичкиот факултет и претседател на Друштвото на еколози на Македонија, Љупчо Неловски, смета дека прогласувањето на Шар Планина ќе значи нејзино спасување од неконтролираното градење на објекти, непланското зафаќање води и севкупна заштита на едно големо природно богатство. „Треба да се искористи подготвеноста на меѓународната иницијатива за заштита на Шар Планина, а тоа ќе значи заштита на повеќе од 100.000 хектари“, рече Неловски. Според него, веќе била подготвена и с��удија во која биле анкетирани околу 500 жители, при што локалното население изразило подготвеност да учествува во финансирање со 12 евра, што би значело околу 2,5 милиони евра за развој на планината. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар

Од: evropa
Датум: 06.07.2009 11:33:27
nacionalen park? a iljadnici vikendici,vili gradat i toa na divo.

Најди! во Утрински
Македонија
Новаци бара помош за деминирање на Мариово
Охридско Езеро на шесто место за седум светски чуда