Дознајте што и' треба на вашата кожа
Несоодветен крем, колку и да е скап, е непријател на лицето, вели Вероника Чадловска, козметичарка
Погрешно одбран крем, млеко или тоник, сеедно колку чинат, доколку не се соодветно одбрани, се претвораат во непријатели на вашата кожа, е заклучок на Вероника Чадловска, козметичарка со најдолго искуство во Скопје. За да ги откриете тајните на лицето и што сака вашата кожа, Чадловска го направи овој тест
Со што ја отстранувате шминката?
А) млеко
Б) лосион
В) специјализирани отстранувачи на шминка
Г) масло за бебиња
Што прво забележувате на своето лице?
А) митесери
Б) мрсна Т-зона и брчки околу очите
В) лупење на кожата и длабоки брчки
Г) затегнување, пецкање и црвенило
Наутро од ноќниот крем очекувате:
А) да не ви е подуено лицето
Б) да немате набрчкана кожа
В) да не ви е затегната кожата
Г) да немате алергиски реакции
Што и' треба на вашата кожа?
А) редовно чистење
Б) заштита како превентива
В) хидратација и нежност
Г) нешто за да ја смири
Од козметичките третмани не пропуштате?
А) чистење на лицето
Б) масажа за цврста контура на лицето
В) богати маски и лифтинг на лицето
Г) третмани за подмладување
Најмногу одговори под А
Хидратација
Уште од раната младост имате ист проблем - неконтролирано сјаење и митесери. Вашата кожа е отпорна на годините, но не е имуна на преагресивни средства што ја сушат. Мојот совет е секојдневно чистење и хидратација и крем соодветен на возраста.
Најмногу одговори под Б
Блеснете
Иако кожата не ви е проблематична, овој есенски период е почувствителна. Ве загрижуваат Т-зоната и можноста да станат посуви и другите делови на лицето. За вас се идеални лесни, хидратантни кремови, посебни за секој дел од лицето. Користете млеко и тоник што даваат свежина.
Најмногу одговори под В
Имате чувство дека вашата кожа бара многу, се лупи, ве пецка, сува е и чувствителна, а не е ретка ниту појавата на нови брчки. Чувството ви е реално, зашто на вашата кожа и' треба хидратација, ама и врвна заштита. Ако сте помлади, користете кремови за сува кожа, а ако кожата е зрела, секогаш внимателно читајте ги упатствата.
Најмногу одговори под Г
Кожата ви е убава и нежна, ама и многу чувствителна на промени на температурата. Значи, на вашето речиси порцеланско лице му е потребна посебна нега за да го засили тонусот.
|