Памела Андерсон
Непристојна на изложба
Таа била облечена во кратки панталони и обична маица
Од убавицата Памела Андерсон никој не очекувал да покаже гламур и елеганција, но минатиот викенд успеала да се прикаже во светлина која навистина ги изненадило сите, појавувајќи се сосема непристојно облечена на една угледна изложба во САД.Памела се појавила на изложбата во Музејот за уметноста во Мајами и била облечена во кратки панталони и обична маица.
Но, покрај изгледот, Памела ги запрепастила присутните и со коментарот дека многу би сакала да се почести со некое дело, но дека е без доволно долари на сметка во банка. „Би сакала нешто да купам, но немам пари. Немам ништо посебно во банка“, изјавила Памела.
Откако се поздравила со сите присутни во музејот и откако со задоволство им позирала на фоторепортерите, Памела се упатила кон излезот заедно со модниот режисер и фотограф Давид Лачапели.
Тоа дека наскоро ќе стигнат доларите на сметка, зборува и договорот што го потпишала неодамна со британската дизајнерка Вивиен Вествуд за заштитно лице на кампањата за 2009 година за колекцијата пролет-лето.
|