Се отвора канцеларија во Брисел
Градот Скопје заедно со ЗЕЛС на 1 ноември ќе отвори своја канцеларија во Брисел. Со неа Градот ќе се промовира пред европските институции каде што ќе лобира за финансирање на проектите што ги подготвува градската администрација. Канцеларијата ќе обезбеди полесна и побрза промоција на Скопје и привлекување инвеститори.
Во Брисел канцеларии имаат 230 града и региони, тоа за Трајаноски значи дека Скопје е на вистинскиот пат да се изедначи со европските метрополи. Опозицијата ја поддржа одлуката за отворање канцеларија, но посочи дека вработените што ќе го претставуваат Скопје во Брисел не треба да бидат избрани од партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ, туку да бидат високообразовани личности со познавање на повеќе светски јазици. (С.Н.)
|