Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
Психијатриски шок или Нобел?

Д-р Живко Богоевски, Прилеп

На А1 телевизија  еден мини дуел. Од едната страна, г-динот Божиновски, познат архитект, творец на „импозантното“ архитектонско дело „Куќата на Мајка Тереза“ и голем бранител на проектот „Скопје 2014“, а од другата, г-динот Гелевски, новинар и чест пишувач на колумни и новинарски текстови. Темата позната, „споменичарењето“ и оваа кампања на „сеење“ низ Македонија, а посебно на плоштадот во Скопје, на безброј споменици во  време на тешка безработица, криза и сиромаштија. Слушам и не им верувам на своите уши!? Една од тезите што ја разви г-динот Божиновски беше дека со градење споменици сме се запознавале со нашето минато и идентитет, а тоа подоцна позитивно се одразувало врз менталното здравје, односно морбидитетот од душевни заболувања драстично се намалувал. Значи, за превенција од душевни заболувања, потребно било градење споменици!? Ама, каква психијатрија!? На тој начин Македонија ќе им каже збогум на шизофренијата, депресивните заболувања, неврозите, па, веројатно, и на психопатските и социопатските нарушувања. Тезата е мошне интересна од  научен аспект, бидејќи ако се покаже за точна, ќе има многу позитивни ефекти и ќе биде вистински хит во светската психијатрија. Би се направиле секаде споменици и трипати дневно на гладно би стоеле по 10 минути пред нив и збогум на душевните заболувања. Г-дине Божиновски, жити мајка, каде ги прочитавте овие сознанија или, пак, тие се резултат на Вашата научна анализа? Ако е во прашање ова второво, Нобеловата награда не Ви бега. За нашиве психијатри тоа ќе биде вистински шок. Со време нека се преквалификуваат во согласност со програмата на Владава во некоја друга  покурентна професија, бидејќи ќе останат без „репроматеријали“, затоа што  за Македонија душевните болести ќе бидат минато. Ашколсун! Навистина се докажува дека глупоста е немерлива категорија.

#
Статијата е прочитана 803 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 05.05.2010 00:21:15
Lupase Bozinovski na A1 kako Maksim po divizija, n o trebe da go razbeeme??? So parite sto gi zede od \grujo za onaa nakaza od kuca na Majka Tereza ce tropa gluposti se do togas dodeka mu dozvoluva zavedeniot narod. Veruvam deka i on se srami samiot za kinenjeto zeleni za pari.Toa se vikase prostitucija???
Од: makedon
Датум: 05.05.2010 01:43:56
e zivko zivko ti ova da go razberes sto bozinoski go kazuva treba da samiot pojdes na konsultacija kaj psihijatar pred se vangel kazuva za nasata sredina vo makedonia a ne za drugi svetski stredini zatoa sto nasata sredina bese zapostavena vo odnosot na nacionalno kulturno ziveejne vo vremeto na dosegasnoto osvestuvajne na nekoi intelektualci kako gospodinot bozinovski za da ti go kaze pravilniot pat na covestvoto sto e sozdadeno od duhovno nacionalna emocija. Aza takvi i tie kako tebe sto rabotat protiv makedonskoto kulturno nasledstvo i nese makedonci tuku se gordeat so predavnistvoto sto go cinat i den denesen . Napomos 7518god. po vistinskiot Makedonski kalendar Napravi dobro ako sakas da bides MAKEDONEC
Од: мене
Датум: 05.05.2010 07:16:24
До Македон, Божиновски и неговата какафонија во проектот Куќа на мајка Тереза го покажа неговиот дострел,се додека луѓе неписмени како тебе за архитектурата го величаат Божиновски ќе ни се случуваат Скопје 2014 и слични глупости.Излезете малку надвор од „рајот“ наречен Македонија па ќе видите како изгледаме однадвор,вака ќе мислиме дека сме најдобри...
Од: Мислев дека Гелевски е некој стручњак
Датум: 05.05.2010 08:20:07
Од тоа што јас го видов, токму на соговорникот од другата страна му требаше психијатар - беше невообичаено нервозен, злобен, безобразен, збеснет, плукаше на сите страни, фрлаше само навреди и т.н. Сега читам дека бил новинар и колумнист - и се ми стана многу појасно. А јас се чудев како може некој архитект или уметник да тресе такви зелени и толку да се траќа пред цела јавност.
Од: Hari
Датум: 05.05.2010 08:34:46
Spored zborovite na nasite dedovci i babi koi ziveele vo periodot pred 1945 god fakt e deka zborot Makedonija i Makedonec ne bilo poznato na ovie prostori, naselenieto bilo ili Bugari, Srbi, Vrgare ili Aromani i Arnauti. Makedonskata nacija e sozdadena 1945 godina i vie vmrovcinja moze da se treskate od zemja no toa e istoriskjata nauka. Cekl svet ni se smee, cuknete ja glavata!!!!
Од: nekoj od EU
Датум: 05.05.2010 08:54:17
´makedon´se zamisluva sebe si golem makedonec i patriot, a ne go ni poznava makedonskiot jazik! Prvo vrati se makedon vo osnovno da te naucat pravopis, a poto slobodno ostavaj mislenja. Do togas ke mora da gi slusas vistinskite intelektualci, a treba i da znaes deka patriotizmot se gradi so ljubov kon narodot i zivite, a ne mrtvite !!! Pobogu kakvi nepismeni ima luge vo Makedonija.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 05.05.2010 09:01:03
Do: Makedon Mladicu, procitaj go tekstot....ne mi se veruva deka Bozinovski tresel takvi gluposti na TV. Uste potragicno e sto ima likovi kako Makedon koj veruvaat vo toa. So preku 50% polupismeno naselenie, izgleda deka gluposta i primitivizmot uste dolgo kje vladeat vo ovaa zemja.
Од: srebre
Датум: 05.05.2010 09:17:00
ova vo sk e politicka igra kako da opstane na vlast edna partija sto nema nikakva vizija za ekonomijata,bolinie,hendikepirani,nevraboteni.....vo moskva na crven plostad nema eden sponenik ima samo va vlezot marsal zukov i na lenin pred noviot trgovski centar......
Од: seuste normalen
Датум: 05.05.2010 09:28:50
Makedon, aj gitla! Dosta! Ne se izdrzuva terorov od onie koi ni se braka po krv! Sakaat da ne pobudalat so silnive gluposti! Odete si ...
Од: no name
Датум: 05.05.2010 09:39:07
До македон Ај, те молам, не треси зелени.... Колку и да те плаќаат за да браниш сепак треба да имаш барем малку достоинство .....
Од: "patriota so vgraden cip"
Датум: 05.05.2010 09:46:37
Do Makedon: Ona terapija na Bozinovski za prevecija i lecenje na psihijatriskite bolesti so stoenje pred spomenici tri pati na den i toa na gladno ,verojatno e efikasna samo kaj lica so posebno vgradeni cipovi na patriotizam,za koi vremenskiot kalendar zapocnal pred 7518 godini,a noce gi macat kosmari od bitkite kaj Is i Gavgamela ,otkrivaat piramidi kaj Rosoman i mu se voodusevuvaat na arhitektionskiot "kic" posveten na Majka Tereza. Znaci tebe Makedon sigurno terapijata ce ti se pogodi. A i dobro e malku da go naucis literaturniot makednoski jazik,koj et bil star 7518 godini. Pa neli si" patriot so vgraden cip", a ispran mozok.
Од: nadica
Датум: 05.05.2010 09:49:00
Mislev deka gluposta ke ostane nezabelezana?! No imalo pametni lugje. Bravo za doktorot! Do koga ke se atakuva i ke se navreduva nasata inteligencija? Vakvite kako Vangela (tuka e i Makedon) izgleda imaat psiholoski problemi i potreben im e lekar (psihijatar), zasto kutrite ne svatile deka vo periodot od 1945 pa navamu (dodeka ne dojdoa "frustriranite patrioti"!) nie sme makedonci bez frustracii, pa ottuka ne cudi ludata idejja pred bilo kogo (so spomenici ) da se dokazuvame!
Од: Психијатар
Датум: 05.05.2010 10:40:41
Трагедијата на Македонија е што 51 % од населението е со осмо одделение и помалку.Само во таква држава можат да поминат идиотштините на Вангел Божиновски и слични створенија.Милион споменици на коњи не можат да го излечат кутриот Македон и нему слични (Кимов,Национал-идиот итн.).Не може да му помогне ни виножитниот Среќко,а и кравата дигнала раце од таквите!
Од: teknuvalo
Датум: 05.05.2010 10:41:17
Тиии... бре ,будала народ ,ништо да не се разбирало! А бре ова е инвестиција во здравството на Македонија ,а лента ќе сечи министерот Бујар Османи!! П.С. Мора да го пиши негде ова во програмата!!!
Од: Dolno Vodno
Датум: 05.05.2010 11:13:05
Kako izgleda citajki komentari po ovaa teme ili po debatata na A1,inie ne sme za poubavo i podobro od ovoa. Eve veke ke pocneme da se falime i so ploshtadot kakov sto ke bide i kejot na leviot breg so site onie muzeii i ministerstva sto gi predviduvaat, so "djoknati " dzmija i crkva na ploshtadot. Davajte brgu sretstva za smiruvanje, ke ni trebeat . Onoa sto Arhitektt so negoviot monotonen glas vo smisol, "bash mi e gajle sto mislite", go razbiram, on si speceli pa onoa sto nie "laeme" ic pet pari ne dava. Go razbiram i Galevski, koj bi mozel da se vozdrzi , mirno da zboruva za edna volku jasna slika na nevkus, izgradena vo vreme- nevreme?!Sproti onoa"bas mi e gajle" zboruvanje na Avtorot na domot " Majka Tereza" na koje tolku e gord, duri na mesto Goce i Dame, se videl sebe tamu. A toa sto misli narodt, muva ne go lazi.Onie sto se odushevuvaat od idniot Nobelovec i na koi im se preporacuva da mrdnat nadvor od nasiot raj,pa tie i tamu ke se odusevuvaat na nekoj kic!.(gradonacalni
Од: Луда Мара
Датум: 05.05.2010 13:14:16
А...БеееЕееее.... Кај ми киднаа ова Колегиве? Ми остана празно Бардовци! Клик! АхххХх...! Почнале и на телевизија да ги даваат! Тукууу...! Ш`о ќе вложуеме у психијатриски болници, па они си ја Прошириле Болницава низ градов! А и овде им даваа по еден споменик за смирување и билдање на националната гордост, па глеј колкави пораснале! Их! Раснат к`о Квасец! Све надуени! Башка и лековити! Уште малку ќе ги сменат и генеричните имиња на лековите! Весело ќе може да си голтате, на пример: Еден Аце-против главоболка, пола Гоце-против реума, еден Дамјан-против чир на желудник...четврт Мајка Тереза-против уплав...Каде и да е,ќе почнат да не убедуваат дека и тие самите ни се лековити! Замислете само: Еден Шериф McLaboud-за налудничави мисли и подобруење на рејтингот, или два Минорни Хорхеовци-за несоница и паѓање на рејтингот... Една Франкенштајнагра-за вангелосуење, стомачно празнење и подигање на гордоста... Со Три Коцки,одма` ќе мислите дека сте у Париз... Их, кај ќе ни биде крајот!

Најди! во Утрински
Писма
Млади лавови
Плоштад „Маршал Тито“