Четири години овој народ живее во последната фаза од комунизмот каде што паролата од типот „Да живее работничката класа“ во заменска форма гласи: „Пијте (млеко), јадете (на кредит) и гласајте“, додека, пак, „Да живее Другарот Тито“ се преформулира во „Да живее Никола Груевски“. Нема дилема дека начинот на владеење на оваа власт соодветствува со распучиновски демагошки принципи и градење на Потемкинови села, кои во свеста на народот се доживеаја како Едипов комплекс кон сопствената држава и нација, па со сета силина нурнавме во национализмот, создавајќи перцепција за себе дека сме фалангата на Александар. Несомнено дека тоа можеме да го направиме, несомнено дека така можеме да се чувствуваме, но што се случи со „преродбата во сто чекори“ и економскиот рај што беше ветен во 2006 година, а заменет со сонот за големиот освојувач Александар. Ако некој ја прочитал истата таа програма, која и не беше донесена за да се спроведе, туку популистички да влијае врз свеста на народот, ќе има можност да ја сфати народната поговорка - хартијата трпи се'. Фуриозниот старт на оваа власт во 2006 година кај многумина создаде слика на млади лавови, кои тргнаа во освојување на светот, поточно Македонија (античка). Се сеќавам на многу политички анализи во кои нивната младост беше глорифицирана до тој степен што сите над 35-38 години можеа слободно да заминат од сите сфери на живот во доброволна или во принудна пензија (божем државата е маркет во кој се вработуваат само млади и убави). Младите лавови, по се' изгледа, поради сопствените години ниту можеа ниту имаа време да го осознаат животот од сите страни, добија можност да плукаат по се' и сешто, нормално, без последици. Додека во нормалниот свет постои граница за сите оние што сакаат да се занимаваат со политика, кај нас тоа стана евтина приказна за безмилосно продуцирање на млади кадри, кои во текот на својот политички ангажман ќе ги наполнат сметките и ќе згаснат како метеори без можност да остават каква било трага од своето постоење на македонската политичка сцена.
Marince, sega na site ni e jasno, ama e kasno.....Kakov narod takvo rakovodstvo, podobro i ne zasluzuvame.....
Од: Seuste normalen
Датум: 05.05.2010 08:56:27
Taka e druze! Navistina tazno, medjutoa istinito! Ke ja iscicaat drzavata i ke isceznat, za potoa pak da se pojavat povtorno da izmolzat. Nesto ko slavniot ni Pece Naumovski! Sram i aram da mu e!
Од: Samoil
Датум: 05.05.2010 10:16:45
Za toa Narode treba da se borime za Makedoncite za svojot narod za toa sto narodot ja pravi drzavata,nacijata,vladata nie se borime za imeto a ke ostaneme bez narod ili toa dobro se prikriva
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.05.2010 10:26:55
Посебно ми се допадна она на крајот на написот кога велите,,да во нормалниот свет постои граница за сите оние кој се занимаваат со политика,,.Е сега во контекст на напишаното која е долната граница на егземпларите од виножитниот кампус да престанат да се занимаваат со политика. Четири изборни порази во нормалниопт свет значи,,adioss,,на политиката на постоечката номенклатура и инсталирање нова без дамки во кариерата.И на крај ви се допаднало или не тимот кој победува не се менува.Публиката барем досега навива за победникот.
Уште тогаш знаев дека „младите лавови“, се Првоаприлски маски на Старите Баби! Проблемот е што нивната Првоаприлска Шега, секојдневно нè Убива од смеење! „Најубава“ Бесплатна Првоаприлска Баба! Уште малку и ќе влеземе во филмот ког�� вљубени во нив,ќе ги гласаме со цели 99,99%! Пссстт...!!! Само да не си правиме Бајрам... на паметот!